Утре е голем празник: Македонскиот народ има многу обичаи поврзани со овој ден

Младенци – еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.

Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со црвени букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Постои и верување дека „Какво е времето на тој ден, такво ќе биде цела пролет“. Како и да е, ова нека остане само верување, а ние пролетта ја сакаме каква што треба да биде вистинска пролет со сонце и расцветани дрвја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.