дома блог страница 1260

Чудотворната моќ на каменот во манастирот Св. Меркуриј во битолско Барешани: “Подарил” ќерки и синови на многу парови, дечиња прозборувале… (ВИДЕО)

Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.

Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има повеќе видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на манастирот Св. Меркуриј во битолското село Барешани.

Соговорник на Анастасија е дедо Драги, кој ќе ви раскаже за сонот како е изграденo oва свето место и зошто баш тука.

Приказната е насловена како “Силата на каменот”, a e поврзана со чудотворната моќ на камен каде е изграден и самиот манастир.

-Овој Камен и ова место има големо значење и било од голема помош. Самото место било лекувалиште за психичко-болни луѓе. Исто така овој камен има моќ за уште неколку видови лекувања:брачни парови што немаат дечиња, дечиња што слушаат, а не зборуваат до 5 години, дечиња што се мократ во гаќи, брачни парови што имаат мака со мажење-женење. Сличен сон имал и самиот дедо Драги. Сон за едно семејство од друга вера кое повеќе од дваесет години немало деца и со СИЛАТА НА КАМЕНОТ се родил нивниот син Мохамед, напиша Анастасија во описот под видеото.

Погледнете ја целата репортажа во продолжение:

Жална слика: Целосно иcчезнyва Мавровското езеро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Состојбата со езерата во Македонија веќе извесен период е алармантна. Лошото управување со езерата е очигледно, а никој засега не презема ниту одговорност, ниту мерки за нивно спасување.

Овие фотографии се од Мавровското Езеро се денешни, а на нив може да се забележи драстично намалување на нивото на езетото. Потопената црква „Свети Никола“, која некогаш била целосно под вода, сега е на суво тло.

Мавровското езеро е само едно од езерата во Македонија кое се наоѓа во ваква состојба. Ништо подбра не е ситуацијата и со Тиквешкото езеро, а веќе неколку години алармантна е состојбата и со второто по големина природно езеро-Преспанското.

(ФОТО) Моторциклист заврши во болница: Cooбpaќajка на улица “Прилепски бранители”

На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел“, yпpaвyвано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“, yпpaвyван од А.К.(37) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Во прилепско Канатларци пронајдени 50 рачни бомби

На 23.03.2023 во 13.40 во СВР Битола, Б.И.(30) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор во с.Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство кои потекнувале од Првата светска војна.

Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбите биле подигнати бомбите.

Внимавајте! Водата од овие чешми во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во л.в.с Плетвар (водоводна мрежа), л.в.с Беловодица (водоводна мрежа) и Плетвар крајната чешма Че, не смее да се користи за пиење, не одговара за употреба.

Kрајно време е да престанете со пyшење: Овие цигapи пocкапyвaaт за цели 10 денари

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза.

Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока.

Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично.

Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак.

Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.

Агелер откpива: Под иcтpaга се политичapи, лyѓе од пpaвocyдcтвото и бизниcмени

Соединетите Американски Држави се уште не ги објавуваат имињата на оние кои се под истрага за корупција и кои можеби се дел од нивната црна листа, но, велат дека нема ограничувања за тоа кого може да вклучи оваа листа.

Во интервју за „Патот кон“ на Алсат, американската амбасадорка Ангела Агелер, вели дека институциите во Вашингтон се многу внимателни во темелните истраги за имињата што ги разгледале, пред да ги објават. Во истрагите се вклучени политичари, луѓе од правосудниот сектор и бизнисмени. Агелер рече дека зависи од институциите на земјата во Скопје, за тоа што ќе прават со овие лица.

-САД може да санкционираат поединци, но ние не ги апсиме, не доаѓаме овде да ги апсиме, само им кажуваме дека им наметнуваме одредени финансиски санкции или дека повеќе нема да можат да патуваат кон САД, или каква било форма на санкции што ќе ги добијат. Значи, САД може да кажат, еве имате две имиња на луѓе кои ќе ги санкционираме, и како што видовме со случаите што ги наведовте, санкциите остануваат и покрај судските одлуки што се донесени за тие лица, но не поттикнуваат никакви судски процеси овде. Ова и припаѓа на Владата на Северна Македонија, на функционерите избрани од народот на оваа земја. Тие треба да кажат: бараме од нашите избраници да преземат одговорност за корупцијата што ја гледаме секој ден, истакнува Агелер.

Прашана за последниот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, американската амбасадорка рече дека институциите треба да ги истражат евентуалните сомнежи за локалната компанија која ги надгледува работите. Таа додаде дека американската компанија „Бехтел“, која го гради проектот воопшто не е поврзана со овие сомнежи.

-Мислам дека мислите на сомнежите за советниците за финансиски трансакции. Ова е засебно прашање од договорот со „Бехтел-Енка“, кој беше потпишан пред 10-ина дена, и за тој договор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа држава сме исклучително горди. Она што постојано го кажуваме е дека ако има наводи за корупција, истражете ги. Истражете ги сомнежите и ако се вистинити, покренете кривично гонење! Но, многу сме сигурни дека не се за „Бехтел“, вели Агелер во интервјуто за Алсат

„Мој ДДВ“ прилагодена на повисокиот лимит, еве што треба да направите

Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.

-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај, соопштуваат од УЈП.

Во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

Навали народе: Од идната недела поевтино брашно

Од следната недела ќе следува дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители. Оваа информација штотуку ја обелодени министерот Крешник Бектеши на социјалната мрежа ФБ.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително НАМАЛУВАЊЕ на цената на БРАШНО, од нашите производители!

Нашата држава има општествено одговорни компании“; стои во објавата на министерот Бектеши.

53-годишна наставничка нападнала ученик во училиште за време на час

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата “.

На 06.03.2023 во основно училиште во Гостивар, пријавената – наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик.