дома блог страница 1261

Мицкоски: Влада со ДУИ е непосакувано сценарио, ќе си одговараат

Можам да ја кажам мојата политичка проценка дека во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио да има влада со ДУИ и со ова нивно раководство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека за криминалните афери ќе има одговорност.

– Ќе се работи со отчетност и не смее да има во влада министри кои не одговараат пред премиерот, туку пред партискиот лидер. Се знае кој е мандатар и кој е премиер. Кажувам дека такви луѓе ако јас бидам мандатар нема да бидат дел од мојот кабинет, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во влада ќе одлучат две работи, првата е граѓаните на избори, втората е програмата за која ќе се сложат да се работи во иднина.

– Во политиката не треба да сме во сон туку со отворени очи, кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во влада ќе знаеме следниот ден откако ќе завршат изборите, а дотогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот и не само со македонскиот, туку и со албанскиот, турскиот, српскиот, Ромите, Бошњаците, сите, нагласи Мицкоски.

Во однос на одговорноста, тој посочи дека не може да се премолчи криминалите како за надзорот со коридорите 8 и 10д каде во тендерот се менувани условите додека траел истиот и дека потребна е одговорност.

Ехх жална Македонијо: На покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата, сведочи таткото на Јана која почина во битолската болница

Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почина во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари.

Стојче вели дека немало ни температура, само била омалаксана бидејќи дома повратила.

Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но, исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта ѝ се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на болница. При првиот преглед на крвта шеќерот ѝ беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија, но не успеаја чупето почна да се губи, сведочи таткото Стојче Христовски.

По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат.

Повеќе тука

Мицкоски оствари средба со Бербок: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, овој парламентарен состав нема мандат за тоа!

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Анелена Бербок во просториите на германската резиденција во Македонија.

Од страна на Мицкоски беше посочено дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес.

Мицкоски беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво.

-Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба како што прави власта, посочи Мицкоски.

Клубот “Ванчо Михајлов” избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда, пренесува Пресс24.

Клубот имаше рок да се преименува, во согласност со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Од тука образложија дека името на бугарскиот клуб претставува провокација за националните чувства на македонскиот со оглед на тоа што се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Бугарскиот клуб веќе најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Прилеп на второ место во Македонија по бројот на пријавени гласачи за бугарските избopи

Според списоците на пријавени објавени на веб страницата на бугарското Министерство за надворешни работи, од вкупно предвидените седум градови, во Македонија ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово, додека во Охрид гласање нема да има, бидејќи не се пријавил никој.

Најмногу гласачи има во Кавадарци – 42, Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 22, Скопје 15, Битола 9.

На пописот спроведен во Македонија во 2021 година, како Бугари се изјасниле 3504 лица.

На петтите по ред парламентарни извори во Бугарија во последните две години, во странство ќе гласаат 47 389 лица, од кои најголем дел во Турција – 28 286.

Tpaгедиja! 6-годишно девojче починало во битолската болница додека примало инфузиja

Голема трагедија ја потресе Битола, откако шестгодишно девојче вчера починало на Детското одделение во битолската клиничка болница, пренесе „Независен.мк“.

Девојчето со симптоми на настинка, зголемена температура и дијареа било однесено од родителите во болница, кои велат дека тоа починало во текот на примањето на инфузија.

Сите останати џабе седевме дома со месеци: Пендаровски потпиша амнестија за 280 лица кои шетаа за време на карантинот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.

По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.

Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.

-Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.

Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.

Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Од 69 yaпceни дилери во првите два месеци, 22 биле од Прилеп, дури 40 од Битола

Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола во врска со недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории(8 во Битола и 5 во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола.

Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични пријави (Битола-14, Прилеп 9, Крушево1) за сторени 29 кривични дела против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3) при што пронајдени и одземени се марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метаамфетамин, таблети МДМА…

Kасами: Тетово е главниот град на Албанците во Северна Македонија

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами на својот официјален фејсбук профил напиша, „Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“

Неговата објава предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.

Прилеп: 30-годишна девојка уaпceна за paзбojништво, а 50-годишник за посpeдyвање во вршење пpocтитуциja

Денеска (22.03 2023), полициски службеници од ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, со судска наредба, ја привеле М.Д.(30) од Скопје. Таа била барана за издржување мерка притвор за извршено разбојништво по член 237 од Кривичниот законик.

Со неа бил приведен и И.Б.(50) од с.Десово, прилепско, под сомнение за сторено кривично дело по чл.191 од Кривичниот законик.

М.Д. ќе биде спроведена во надлежната казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.