дома блог страница 1259

Култното место на прилепчани вечерва ќе блесне во ново светло

Eдно од најкултните места на прилепчани вечерва ќе блесне во ново светло. Стариот добар амбиент во срцето на Старата прилепска чаршија ќе биде надополнет со нов свеж и модерен стил, нешто што прилепчани го бараа и со нетрпение го очекуваа.

Тие кои знаат што е најдобро, сега ќе уживаат во пролетното сонце пиејќи го чаршиското кафе во подновениот ТАBU Ultra lounge, место кое пружа најдобро искуство да го почувствувате Прилеп и прилепската Стара чаршија во вистинско светло.

Вечерва ѕирнете го новиот амбиент, а веќе од утре побрзајте и фатете си маса за неделен семеен ручек и одмор со вашите најблиски.

За вкусот на нивната кујна нема да зборуваме, едноставно кој пробал знае и топло ќе ви препорача да пробате се’ од менито на TABU Ultra Lounge.

Дружете се и уживајте во животот заедно со TABU Ultra Lounge!

Образованието пред штрајк? Повторно се одолговлекува договорот со СОНК

Неофицијално деновиве вработените во образованието ќе стапат во генерален штpajк. Преговорите на Влада со СОНК оделе многу тешко и нема оптимизам за решение.

Ветеното од лани сега Владата не сака да го исполни. Колективниот договор е нешто што мора да го добијат просветарите. Во спротивно образовниот процес ќе биде во мирување.

Како да бидете “најкул” родители досега: Базен кој секој може да го направи сам, децата ќе ви бидат пресреќни (ВИДЕО)

Едноставно, брзо и лесно, направете базен за вашите најмали користејќи едноставни и евтини материјали. Тие ќе ви бидат благодарни, а забавата ќе биде загарантирана во текот на целото лето.

Не заборавајте да ги поместите стрелките еден час понапред: Вечерва почнува летното сметање на времето

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е краток и јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да има!

Нашиот став е јасен и ние го кажавме, нема да учествуваме во постапката за уставни измени затоа што не ги подржуваме уставните измени. Сметаме дека истите не треба да се случат затоа што овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, никој во програмата за изборите не вети дека ќе се случат устави измени, а граѓаните на избори гласаат врз основа на програма. Така што нашиот став е краток и јасен дека нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Аргумент плус“ на ТВ24.

Николоски потенцира дека и кај меѓународните претставници постојано треба да се објаснува за притисокот кој го прави Бугарија и дека тие уцени не треба да се прифатат затоа што ниту се пристојни, ниту добрососедски.

– Сакаат да ги слушнат нашите аргументи затоа што ние аргументирано дебатираме. Тоа се луѓе кои не живеат тука и сакаат да дознаат повеќе информации како сме стигнале тука. Го објаснуваме односот како Бугарија ја уценува Македонија, го објаснуваме тој однос кој е далеку од демократски, добрососедски и далеку од пристоен. Тоа се уцени кои не сме спремни да ги прифатиме, изјави Николоски.

Николоски посочи дека од друга страна од владејачката коалиција од СДСМ и ДУИ прифатија обврски кои не може да ги испорачаат затоа што прифатија промена на Устав што се прави со двотретинско мнозинство, а тие едвај имаат просто мнозинство.

– Гледаме дека владата едвај преживува, а камо ли да има двотретинско мнозинство. Нашиот став е јасен и нема да го промениме, а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за промена на Уставот и не можеме да поддржиме.

Николоски нагласи дека не може Ковачевски за 4-5 месеци од неговиот избор да реши проблем кој постои повеќе од 150 години откако Бугарија постои како држава и чии ставови до денес се непроменети.

– Заради тоа во април месец минатата година претседателот Мицкоски јавно на прес конференција понуди тим заеднички да ги браниме позициите на Македонија, тоа беше одбиено, а нашиот предлог беше суштински. Власта требаше самата да побара да се вклучиме тогаш, а не тие веднаш да одбиваат предлози.

Николоски појасни дека потоа веќе се зборуваше дека власта ќе прифати предлог кој е усогласен меѓу нив и Бугарија, а и тогаш ВМРО-ДПМНЕ даде аргументи кои не сакаа да се прифатат.

– Имавме средба во клубот на пратеници на кој дадовме јасни забелешки каде се проблемите што е проблем во преговарачката рамка и што Бугарија наметнува. Ништо не беше прифатено и власта после тоа прифати промена на Устав иако знаеше дека нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Власта прифати нешто што не може да испорача. Власта целосно изгуби легитимитет и најдобар начин е да се организираат предвремени избори.

Владиката Петар во недела ќе богослужи света литургија во црковниот храм Св. Петка во Прилеп

Соопштение до верниците од црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп

“Почитувани прилепчани, браќа и сестри во Христа!

Со радост ве известуваме дека оваа четврта недела од Великиот пост (26.03.2023), посветена на св. Јован Лествичник, кога го чествуваме споменот на св. Никифор Цариградски, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила, со почеток во 08:15 часот ќе се богослужи света архиерејска Василиева литургија, со која ќе чиноначалствува епархискиот архиереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Ве покануваме возљубени, та сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос да ни испрати благодатни сили да го привршиме и овој пост и достојно да ги дочекаме претстојните празници и најторжествениот, Празникот над празниците – Велигден!

14-годишник yпpaвyвал со автомобил и направил cooбpaќajка: Со него возел уште двајца врсници, сите тројца се повpeдени

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 1:20 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија, скопско, се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, yправувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.

-Притоа, со тешки телecни повpeди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телecни повpeди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираат дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Малото Неготино има огромно cpце: Пример кој треба да го следат сите општини (Фото)

Хуманитарен паркинг во Неготино. Плаќаш за паркинг по нормална цена, а парите одат за хуманитарни цели – објави на својот Фејсбук профил сценаристот и активист Божидар Божиновски.

Потег кој е за пофалба и треба да го следат сите општини во Македонија.

Битно ќе јадеме евтини макарони: Поскапи вадењето пасош, лична карта и возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по заклучок донесен од Владата, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасците за вадење лични документи. Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега, информираат од министерството за „360 степени“.

Со решението, додаваат оттаму, се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во „Службен весник“ и ќе влезе во сила.

Цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и таа и натаму ќе изнесува 1 500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2 000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари.

Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка. Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6 100 денари, што е зголемување за 1 600 денари.

Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1 230 денари, што е зголемување за 390 денари.

Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, кое се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн, информираат од МВР.

До февруари 2024 година граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција и Република Македонија.

A кој рече дека селски тапан е само машки инструмент? Оваа убава Македонка ќе ви покаже дека не е баш така (ВИДЕО)

Естрадниот пејач Благојче Стојановски – Туше, на својот јутјуб канал објави видео од убава македонска свадба, на која на селски тапан тропа уште поубава Македонка.

И после кажете дека тропањето на селски тапан е само машка работа… Ем тапан грми, ем шеснаесеткрако македонско сонце во позадина.