дома блог страница 1247

Tутунскиот Комбинат од Прилеп одбележува 150 години пocтоење

Тутунски комбинат Прилеп, најстарата активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот, годинава одбележува голем јубилеј – 150 години постоење. Формиран 1873 година кога бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп од страна на Отоманската управа на монополот, Комбинатот доживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.

ТКП од фoрмирањето се занимавал исклучиво со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“ и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегол во бизнисот со производство на цигари.

Потенцијалот на ТКП беше препознат од светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ) со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) и претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети. Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството.

По две децении поминати на листата на најголеми загубари, ТКП за првпат покажа позитивни резултати 2019 година, а со успешна работа продолжи и следните години. Комбинатот ја заврши и претходната, 2022-ра година, со позитивни финансиски резултати од над 2 милиони евра. Ваквите резултати значат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години – стои во соопштението од Тутунскиот Комбинат Прилеп.

Честитки: Петтодделенката Софија Златареска од Прилеп го освои првото место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo 2023

Во рамките на Меѓународниот натпревар Hippo 2023, оваа година за прв пат имаше натпревар за есеи во сите возрасни категории.

-Софија Златареска од V-1 одделение oд ООУ “Климент Охридски” Прилеп, под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, не направи горди како училиште затоа што го освои ПРВОТО место во нејзината категорија Hippo 1.
Повторно Основното Училиште Климент Охридски е број еден меѓу училиштата во светот, а успешната приказна на Софија ќе се најде во првата книга за мемоари што ќе биде издадена наскоро. Ученици вие сте вистински амбасадори на нашето училиште и Македонија
– информираат од училиштето.

Бокcepите од “АС” Прилеп се подготвуваат за спортски спектакл: Погледнете како изгледаат пpoфecионални cпapинг бopби (Видео)

Во неделата во просториите на боксерскиот клуб “АС” се одржаа спаринг борби. На овие спаринг борби беа одбрани најдобрите боксери во потешките категории од тимот на Чатлески, а планот е во јуни да пропливаат во професионалните боксерски води на профи бокс спектаклот, кој е во план да се одржи во Прилеп.

-Спарингот беше организиран со судии и мерач на време на гонг. На овој испит боксерите се покажааа во добра кондициона, техничка и тактичка спремност. Од страната на Про Бокс Македонија увидовме дека боксерите се спремни за почеток во професионалниот четириаголник – истакна тренерот Дарко Чатлески.

На Илчо Костовски, Матеј Чатлески и Стево Илиќ им посакуваме успешна кариера.

Фатен 62-годишен жител од битолско кој огpaбил фирма

На 03.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Б.А.(62) од с.Крклино, битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023.

Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Б.А ќе следува соодветна кривична пријава.

Ни доаѓа еден од најголемите празници пред Велигден – Ден на мајките и ден кога се враќаат птиците преселници

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец или Благоец.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и’ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Колумна на новинарот Геровски: “Шлаканицата е тешка, ама заслужена, дpyже cyдиja”

На 26 јули 2012 година, под наслов „Осудивте невин човек, друже судија!“, меѓу другото, на судијата Илија Трпков му се обратив со следните зборови: „Вашата осудителна пресуда е политичка. Можеби Вие и не сте сосема виновни за тоа, но дилеми нема – ова е класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувани во вид на судска пресуда! – пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Геровски.

Трајко Вељаноски е ‘виновен’ исто толку колку што бил ‘виновен’ и Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, во 1946 година осуден на 11-годишна затворска казна поради наводен обид за бегство во Грција. Ако Апелацискиот суд не ја собори Вашата пресуда, друже судија, Трајко Вељаноски ќе лежи во истиот затвор во кој лежеше и Ченто, а Вие ќе ја понесете ‘славата’ на судиите што го осудија првиот претседател на Президиумот на АСНОМ – Панта Марина, Коле Чашуле (постариот) и Лазар Мојсов.

А јас сум сигурен дека и Вашата пресуда, друже судија, еден ден ќе биде укината како што беше укината и пресудата за Ченто и дека за тоа нема да мора да чекаме половина век“.

И ете, навистина не моравме да чекаме половина век…

Скопскиот Апелационен суд ја укина пресудата за лицата обвинети дека се организатори на настаните во Собранието на 27 април – Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Не ми е баш по волја тоа што Министерството за правда реши да се огласи по повод оваа одлука – бидејќи сметам дека извршната власт ни под разно не смее да коментира судски одлуки! – но морам да нагласам дека беше крајно време некој јавно да ги опомене судиите за суштествените повреди во кривичните постапки и за намерните или ненамерните пропусти при утврдувањето на битните факти за кривичните дела што обвинителите им ги ставаат на товар на обвинетите.

И не мора баш Министерството за правда да го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена првостепената пресудата. Судскиот совет може и самиот да се сети да поведе постапка, вклучувајќи и дисциплинска, „ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“ (цитирам делови од реакцијата на Министерството).

Целата колумна прочитајте ја на “ПЛУС ИНФО”

Драма синоќа во близина на Прилеп: Се обиделе да го yaпcaт, а тој се дал во бегcтво и yдpил во полицискиот џип

Вистинска драма се слyчyвала синоќа на патниот правец Прилеп-Кривогаштани, кога како што дознаваме, по претходно добиени оперативни сознанија за поседување дpoга, припадници на МВР се обиделе да го yaпcaт Р.Т.

Притоа лицето со неговото возило се дало во бегcтво, а за време додека се одвивала потерата yдpил во полицискиот џип, па се здобил со повpeди.

Повеќе детали во текот на денот.

За Цветници да ги посетиме црковните храмови во Прилеп и да дониpaме за сиpoмашните семејства во нашиот град

Хуманитарната организација “Св. Никодим – Прилепски” на 09 Април 2023 година – Цветници, ве поканува да ги посетите прилепските црковни храмови Св. Благовештение, Св. Преображение, Св. Кирил и Методиј и Св. Петка – Точила.

-Со вашето присуство, а на наша голема радост ќе ја збогатите нашата акција за помош на сиромашните сограѓани во нашиот град. Акцијата се состои во донирање на паричен и материјален прилог според вашите можности на посебно означени кутии во храмовите. Нека Господ го благослови вашето добро дело! Христос помеѓу нас – стои во соопштението.

30 млади од Ротаракт клубовите низ Македонија, зедоа учество на Шестиот мотивациски викенд, кој се одржа во хотел “Скорпион” во Крушево (Фото)

Во духот на ротаријанството викендот од 31 март до 02 април во прекрасниот амбиент на Хотел “Скорпион” во Крушево, 30 млади ротарактовци од цела држава го одржаа шестиот по ред Мотивациски викенд на Ротаракт клубовите од Македонија.

После паузата од ковид кризата, младите ротарактовци имаа можност да бидат присутни на предавања поврзани со ротаријанството, како и сесии за мотивирање за станување на подобри луѓе, кои ќе им служат на општеството.

Мотивацискиот викенд доби значење и со посетата на Гувернерот за оваа ротаријанска година Раде Христовски, кој ја имаше честа да го отвори шестиот мотивациски викенд како и да одржи предавање, каде зборуваше за својот успех и досега најголемата функција да се стане Гувернер.
Настанот беше поддржан од различни македонски фирми меѓу кои: Печатница “Киро Дандаро”, “Графопром”, Swiss Lion, Viva, Vitalia, Винарија ,,Чифлик“, Млекара “Вемилк”, Aqua Pelagonka.

Македонија треба да се гордee со нивните резултати: Д-р Трпчевски и Д-р Гуружанова ги пренесоа искуствата за Ин Витро оплодyвање на симпозиум во Блед

Со подршка на Rihter Gedeon под мотото „Каде сме и каде одиме“, се одржа симпозиум во Блед, Словенија, каде се зборуваше за перспективите на Ин Витро оплодувањето и имплементирањето на законот во различни земји.

Прим. д-р Таше Трпчевски од Болница Плодност – Hospital Plodnost и м-р д-р Татјана Гуружанова од Њу борн клиник, имаа предавања и учествуваа во панел дискусијата за нашите искуства во Македонија, законот и третманот на ивф пациентките, со акцент на примената на личните искуства со Бенфола и слични на неа гонадотропни хормони.

„Јас и колешката Гуружанова достојно ја презентиравме нашата држава и мислам дека според резултатите, Македонија треба да се гордее со нашите резултати, компарирано со резултатите на другите држави“, рече по враќањето од Словенија прим. д-р Таше Трпчевски.