Колумна на новинарот Геровски: “Шлаканицата е тешка, ама заслужена, дpyже cyдиja”

На 26 јули 2012 година, под наслов „Осудивте невин човек, друже судија!“, меѓу другото, на судијата Илија Трпков му се обратив со следните зборови: „Вашата осудителна пресуда е политичка. Можеби Вие и не сте сосема виновни за тоа, но дилеми нема – ова е класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувани во вид на судска пресуда! – пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Геровски.

Трајко Вељаноски е ‘виновен’ исто толку колку што бил ‘виновен’ и Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, во 1946 година осуден на 11-годишна затворска казна поради наводен обид за бегство во Грција. Ако Апелацискиот суд не ја собори Вашата пресуда, друже судија, Трајко Вељаноски ќе лежи во истиот затвор во кој лежеше и Ченто, а Вие ќе ја понесете ‘славата’ на судиите што го осудија првиот претседател на Президиумот на АСНОМ – Панта Марина, Коле Чашуле (постариот) и Лазар Мојсов.

А јас сум сигурен дека и Вашата пресуда, друже судија, еден ден ќе биде укината како што беше укината и пресудата за Ченто и дека за тоа нема да мора да чекаме половина век“.

И ете, навистина не моравме да чекаме половина век…

Скопскиот Апелационен суд ја укина пресудата за лицата обвинети дека се организатори на настаните во Собранието на 27 април – Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Не ми е баш по волја тоа што Министерството за правда реши да се огласи по повод оваа одлука – бидејќи сметам дека извршната власт ни под разно не смее да коментира судски одлуки! – но морам да нагласам дека беше крајно време некој јавно да ги опомене судиите за суштествените повреди во кривичните постапки и за намерните или ненамерните пропусти при утврдувањето на битните факти за кривичните дела што обвинителите им ги ставаат на товар на обвинетите.

И не мора баш Министерството за правда да го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена првостепената пресудата. Судскиот совет може и самиот да се сети да поведе постапка, вклучувајќи и дисциплинска, „ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“ (цитирам делови од реакцијата на Министерството).

Целата колумна прочитајте ја на “ПЛУС ИНФО”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.