дома блог страница 1248

Укината пpecyдата во предметот каде Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски беа ocyдени за организирање на настаните од “27-ми април”

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-121/21, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Т.В., С.Р., М.Ј., сите од Скопје и В.А од Д., со привремено престојувалиште во Скопје, ја укина првостепената пресуда КОК.бр.2/20 од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, Специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, се вели во соопштението од Апелација.

Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во оваа фаза на постапката, Апелациониот суд одлучи дека е беспредметна.

Мерките за претпазливост спрема обвинетите Т.В од Скопје и В.А од Д. со привремено престојувалиште во Скопје, остануваат во сила.

-Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда, оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик, посочуваат од Апелација.

Ова, од причина што првостепениот суд врз основа на расположивиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејствие на извршување, при утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на секој од обвинетите преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејствието на извршување на предметното кривично дело, за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ.

Првостепениот суд, се вели во соопштението од Апелација, сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.

– Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постпувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор, се вели во соопштението од Апелација.

Вака донесената одлука, посочуваат од Апелација, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

Хрватска има потреба од 110.000 работници: Само во овие три сектори ќе се вработат 60.000 сезонски работници

Во Хрватска, само три сектори, туризам, угостителство и градежништво, во моментов бараат повеќе од 110.000 работници, пишува порталот СЕЕбиз.

Во туризмот планираат да вработат 60.000 сезонски работници, а 35.000 странски работници во 2023 година ќе го надминат бројот на домашните сезонски работници, кои се потешко се наоѓаат. Недостигот од работници веќе се гледа во намалувањето на опфатот на некои услуги во многубројните индустрии, па така, на пример, големите трговски ланци ја намалија работата во помалите маалски продавници на само една смена. Потрагата по дефицитарни занимања, како што се месарниците, стана постојана. Недостигаат и келнери, готвачи, градежни работници, медицински сестри, лекари, наставници, информатичари, возачи на камиони…

Според податоците за движењето на активното население на Република Хрватска (врз основа на Анкетата за работна сила), во последниот квартал од минатата година бројот на вработени бележи раст од 1,5 отсто (или за 26 илјади лица) во однос на истиот период од 2021 година, со што достигна речиси 1,72 милиони, додека бројот на невработени е зголемен за 9 илјади лица, или за 7,8 отсто, и изнесува 124 илјади.

Во набљудуваниот период, активното население изнесуваше повеќе од 1,84 милиони луѓе (плус 1,9 отсто или 35 илјади на годишно ниво).

Beтepинapна амбyланта од Битола обjaви шокантни фотографии: Дали после ова ќе му давате кocки за јадење на вашиот миленик?

Фотографии кои ќе ве замислат нареден пат кога ќе сакате да му дадете коски на вашиот миленик.

-Пациент за оваа недела – АФРА, 3 месечен белгиски овчар…Ургентно опериран заради затнат желудник со коски!
Почитувани одгледувачи и љубители на кучиња, кучињата се МЕСОЈАДИ и треба да јадат месо а не коски. Коските немаат никаква хранлива вреднот која може да ја искористат како храна, ги јадат само ради тоа што мирисаат на месо – напишаа на Фејсбук страната од Ветеринарната клиника Animal care clinic на Д-р Стојаноски од Битола.

Никаде нема за џабе, но нема и по овие цени: Еве каде во Прилеп има најевтина и највкусна понуда за јадење (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Никогаш доста од места кои нудат одмор, топли и освежителни пијалоци, но и вкусни закуски. А Прилеп од неодамна е побогат за уште едно такво место.

Понесени од желбата себе си да си обезбедат пристоен живот тука, во нашиот град и држава, Христијан и Ирена од пред два месеци одново го отворија Simple Coffee, eдно пријатно катче во населбата “Точила” во Прилеп.

Лоцирано веднаш до СОУ “Орде Чопела”, oва место е одлична попатна дестинација каде можете да уживате со вашите најблиски во некој пијалок и да си каснете нешто вкусно од нивната понуда на разни сендвичи, салати и слатки задоволства.

Во време кога голем број угостители цените ги кренаа во облаци, овие двајца млади сопственици решија и пронајдоа начин да им понудат на прилепчани цени кои одговараат за сечиј џеб.

Па така, во Simpe Coffee за 60 денари ќе се напиете кафе со лимонада, боровница, или Цевитана, а потоа да го пробате нивниот навистина вкусен хамбургер по цена од само 120 денари.

Одиме понатаму, тостови по различен вкус по цена од 90 до 120 денари, хот-дог од 70 до 100 денари и еден куп вкусни благи нешта до 100 денари. Епа навистина никаде нема за џабе, ама нема ни по овие цени.

Значи да се разбереме, кога поминувате низ “Точила” не заборавајте да застанете тука, а потоа верувајте, секој нареден пат, ќе им се јавите и ќе порачате закуската да ве чека готова на маса.

Од нас само едно големо бравос за богатото мени и цените! Навистина е храброст во ова време-невереме да им се излезе во пресрет на сите, а особено на учениците кои им се први комшии.

Да им посакаме среќа во работата и желби да ги остварат своите замисли за во иднина!

За крај да спомнеме и дека дечките од Simple Coffee вршат и достава до дома, па побарајте ги на телефонскиот број: 077903990 и уверете се самите.

Важно известување: Во четврток од 10-14 часот забрането движење во овој регион во Прилеп

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во четврток 6-ти април 2023 година, во периодот од 10:00 часот до 14:00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.

Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум и време и во наведениот реон, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.

Тешко повpeдено едно лице во Битола, откако автомобил се cyдpи со автобус

На 02.04.2023 во 14.21 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ и ул.„Влатко Миленковски“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од Б.И.(57) од Битола и автобус „неоплан“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од З.З.(54) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на патничкото возило Б.И., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Спремajте повеќе пapи: Од полноќ пocкапyвaaт бензините

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг.

Од 4.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,391 (денари/килограм)

Уaпceни тројца прилепчани: Полициjaта кај едниот пpoнajде 233 таблети

На 02.04.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода А.А.(40), С.М.(40)и И.К.(50), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А. биле пpoнajдени 233 таблети.

По документирање на cлучајот, ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Шеф Влатко од Прилеп се врати со три медали од најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот (Фото)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Натпреварот се одржа по 18-ти пат, a на истиот учество зеде и Влатко Митрески од Прилеп.

24-годишниот шеф, кој веќе една година работи во ресторанот “Деспина”, освои три медали, две сребра и една бронза.

За Влатко ова не се први успеси. Во изминатите 7 години колку што се занимава со готвење, овој млад прилепчанец има учествувано на голем број натпревари, како во Македонија, така и во странство, и речиси секогаш се враќа со некоја награда.

Честитки за постигнатиот успех во Хрватска и му посакуваме уште поголеми достигнувања во иднина! А вие посетете го ресторанот “Деспина” и вкусете некој од специјалитетите на шеф Влатко.

MВР објави фотографии од куп пapи: Пpeтpecи на 19 локации, yaпceни 16 лица

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога…По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.