дома блог страница 1232

Измерени -50 степени во најстудениот град во светот

Температурите во најстудениот град во светот паднале на -50 степени Целзиусови, јавува Си-Ен-Ен.

Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживува невообичаен долг удар на студ.

Јануари е најстуден месец и иако се навикнати на ниски температури, жителите превземаат дополнителни мерки за да останат стоплени.

-Не можете да се борите против тоа, изјавил за Ројтерс еден од жителите кој на себе имал два шала, повеќе пара ракавици, капа и качулка.

-Или ќе се прилагодиш и облечеш во согласност со времето или ќе страдат. Само треба топло да се облечеш, слоевито, како зелка, изјавил друг жител.

Во Јакутск живеат помалку од милион жители, а зимите во него може да бидат екстремно студени. Во 2018 година било толку многу студено што некои жители изјавиле дека им смрзнале трепките.

Не еден, не два, не три, туку четири нови автопати Ковачевски вети

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека во тек е реализација на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, која чини 12,18 милиони евра. Тој на прес-конференцијата посветена на реализацијата на капитални инвестиции кажа дека досега се реализирани 79%, а фазата 2 е во завршна фаза на проектирање.

-Вкупната должина на фаза 1 и фаза 2 е 12 км. Се подготвуваат автопати за изградба Коридор 10-Д и Коридор 8 и тоа изградба на автопат Гостивар – Кичево, изградба на автопат Тетово – Гостивар, изградба на автопат Требениште – Струга-Ќафасан и изградба на автопат Прилеп – Битола. Во текот на мандатот на оваа Влада рекордно се изградени и рехабилитирани патиштата во државата. Ако за 11 години на претходната власт беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта, сега за 5 години имаме 1300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која како држава инвестиравме над 1 милијарда евра, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека што се однесува во делот на изградба и реконструкција на железничката инфраструктура е забрзан процесот на железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8.

-Започнуваме со изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија, со вкупна инвестиција повеќе од 600 милиони евра, која ќе се гради во 3 фази. Ова е историска, најголема инвестиција досега. Овозможуваме алтернативна пруга за домашните компании за поевтин и побрз транспорт и поврзуваме пристаништата во Бургас и Драч, заклучи Ковачевски.

И оваа година главното осветување на водите за Водици во Прилеп во дворот на Стара црква

Храмот Св. Благовештение (Стара црква) ги информира верниците, дека и оваа година чинот на положување на светиот крст ќе се одржи во базенот во црковниот двор.

Положувањето на светиот крст ќе се одржи со почеток во 09:30 часот, а сите верници и добронамерници се поканети да присуствуваат на светите литургии и самиот чин на осветување на водите.

РАСПОРЕД ЗА БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ:

18ТИ (СРЕДА) – ВОДОКРСТ (СТРОГ ПОСТ) – ЦАРСКИ ЧАСОВИ, СВЕТА ВАСИЛИЕВА ЛИТУРГИЈА СО ВЕЧЕРНА – ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

19ТИ (ЧЕТВРТОК)-БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)-УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО СВЕТА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА-ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

20ТИ (ПЕТОК) – СОБОР НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ – УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО СВЕТА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА – ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

Вечерните богослужби почнуваат во 16.00 часот. Во среда Вечерната Богослужба се служи утрото во склоп на литургијата.

Ковачевски: Не сум задоволен од Спасовски, ќе биде разрешен

Премиерот Димитар Ковачевски најави промена на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.

„Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на управата за извршување на санкции“, кажа Ковачевски.

Следната седница на Владата е закажана за утре. Но точката за разрешување на директорот Спасовски нема да биде ставена на дневен ред се додека не се најде нов кадар.

„Утре нема да се најде на владина седница, ќе се најде на една од наредните седници бидејќи процесот на селекција е отпочнат. Во Идризово има нов директор од пред неколку месеци и промената беше направена на претходниот врз основа на консултации што ги имав со меѓународни институции во делот на управувањето на затворски систем и на финансиски интитуции кои финансираат унапредување на затворскиот систем на државата. Врз основа на тие консултации направивме промена на директорот на затворот во Идризово. Сега врз основа на неколкуте пропусти кои што се направени ќе имаме нов директор на Управата на извршување на санкции“, додаде Ковачевски.

Најава за ремек дело: Група “Милениум” ќе ве врати во 40-тите години од минатиот век во градот на конзулите (Фото/Видео)

Познатата група “Милениум” од Битола која постои веќе 20 години на сцената во Македонија, имаат нова песна која е автентична за Пелагонискиот регион.

Oд “Mилениум” велат дека заедно со екипата автори, аранжери и режисери, потрошиле многу внимание, љубов и енергија за да се создаде крајниот производ насловен како “Ќе те шетам по Широк Сокак”.

Се работи за композиција и видео спот кои се вистински времеплов и ни ги прикажува 40-тите години од минатиот век во градот на конзулите.

Се спомнуваат Чифте фурни, Керим Бег амамот, Чинарот и Широк Сокак. Целосниот спот за песната ќе биде премиерно објавен во среда на јутјуб каналот на група “Милениум”.

Видеото погледнете го ТУКА

Ако го прашаме Таче ќе каже барајте помош од НАТО за кучињата во Прилеп? (ФОТО)

Ниту Прилеп не е имун на проблемот со кучињата скитници. Низ градот можат да се забележат цели чопори, посебно во централното градско подрачје и во населбата “Точила”.

Проблемот не е од сега и се провлекува со години, а решение тешко со наоѓа затоа што кучињата често се носат од селските средини и соседните општини и се пуштаат да скитаат во градот.

Од општината и комуналното претпријатие се надеваат дека со доставувањето на новата опрема и новото возило за заловување, кое Прилеп преку Министерството за локална самоуправа го доби од Бирото за регионален развој, ќе бидат поефикасни во сузбивањето на овој горлив проблем за градот.

Општинските власти во Прилеп со години плаќаат илјадници евра на име оштета за каснување од кучиња скитници, а ништо подобро не врват ниту останатите општини во државата.

Пред неколку дена премиерот кажа дека при наредната посета на Брисел со соодветните сектори ќе се разговара за соработка преку ИПАРД-програмите со цел, како што кажа, да се направи модел на стационар за бездомните кучиња и да им се излезе во пресрет на граѓаните и општините за, како што рече, решавање на овој голем проблем.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел, со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД-програмите и доколку може да се направи некој модел на стационар што ќе биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да им помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на РЕК „Битола“.

Којзнае, наредно можеби помош ќе побараат и од НАТО…

Нашиот став е дека кучињата се невини суштества кои не по своја вина се нашле не улица. Не заслужуваат нехуман третман и убивање, но крајно време е некој сериозно да се позанимава со овој проблем.

Од полноќ зголемување на цената на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 проценти во однос на одлуката од 9.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,918%, кај дизелот за 3,712%, кај екстра лесното масло за 4,303% и кај мазутот за 1,552%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,785%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,176 ден/кг и сега ќе изнесува 39,459 ден/кг.

Од 17.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,459 (денари/килограм).

Полициjaта yaпcи двајца млади битолчани – огpaбиле магацин на РЕК Битола

На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се З.М.(21) и Б.К.(19) од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети.

Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и вратени се на сопственикот. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициjaта апceше малолетници во Прилеп

На 15.01.2023 од полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на ул.„Кеј 1 Мај“, кај катна гаража во Прилеп, лишени од слобода се двајца малолетници и Д.Р.(18), кај кои е пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во присуство на родителите, а по документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

Важна информација за учениците: Школската година ќе се продолжи – еве до кога

Mинистерството за образование утрово испратило допис до училиштата според кој школската година неместо на 9. јуни ќе се продолжи и ќе трае до 14. јуни.

Ова веројатно следува откако министерството го продолжи зимскиот распуст, па учениците наместо на 18. јануари како што беше планирано, во училишните клупи ќе се вратат на 23. јануари.