дома блог страница 1231

Претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

“Алал вера”: Maхерот од Прилеп кој ги погоди дуелите од Лига на шампиони како да ги сонил (ФОТО)

Прилепчанец вечерва имаше повод за славје, откако двата четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони ги погоди како да ги сонил.

Од двојка во икс на Наполи-Милан и од икс во двојка на Челси-Реал Мадрид, за 4 стотки, за одлична добика од 38.000 денари.

Алал вера!

Гости од Италија во официјална посета на гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп (ФОТО)

На 12 април 2023 год, Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, беше посетена од италијанска делегација составена од заменик амбасадорот на Италијанската амбасада во Македонија, Марио Де Роза, претседателот на Конфедерацијата на работодавачи и стопанската комора на Италија (Confindustria) во нашава држава Рикардо Рајноне и Енрико Рајноне – директорот на Конфиндустрија во Македонија.

Делегацијата беше дочекана од професорката по италијански јазик Габриела Пацаноска, од в.д. директорката Весна Михаиловска, од претседателот на Училишниот одбор Николче Богданоски, како и од ученици од нашата Гимназија кои го изучуваат италијанскиот јазик.

На средбата, директорката им изрази благодарност на гостите, што го посетија училиштето и ги запозна со општите податоци за гимназијата како и со податоци за врвните постигнувања на учениците во сите области, кои ја прават прилепската гимназија едно од водечките училишта во државава.

Професорката по италијански јазик во нашата Гимназија Габриела Пацаноска, потенцираше дека нашето училиште е единственото во поширокиот регион во кое веќе 20 години се изучува италијанскиот јазик и дека од училишните клупи на нашата гимназија излегле многу сегашни професори и преведувачи кои продолжиле да ги шират италијанскиот јазик и култура.

Се разговараше и за можностите за соработка со амбасадата во полето на наставата по италијански јазик во основните училишта. Пет години откако со Уредбата од март 2018 година, италијанскиот јазик беше вклучен во наставната програма на основните и средните учлилишта во Македонија како втор задолжителен странски јазик, до денес над дваесет основни и исто толку средни училишта го вклучија овој предмет во наставната програма, а го изучуваат над две илјади ученици.

Италијанскиот не само што е јазик на културата, туку нуди и конкретни можности како на професионален, така и на општествен план, подвлече заменикот амбасадор Марио Де Роза и ја истакна потребата од уште поголема промоција на италијанскиот јазик во училиштата.

Професорката потврди дека неодамна беше усвоена новата наставна програма за 6-то одделение со можност да се изучува италијански јазик.

На средбата се зборуваше и за активностите по предметот италијански јазик, како и за напорите што ги преземаат раководството, училишниот одбор и наставниците насочени кон обезбедување на услови за уредно спроведување на наставната програма, проектните и воннаставните активности во училиштето.

Претседателот на училишниот одбор, Николче Богданоски, истакна дека во училиштето покрај италијански јазик се изучува и латинскиот јазик, а по предметот историја, значителен дел од наставните содржини се посветени на историјата и културата на Италија, поради што кај учениците се раѓа љубов и интерес за таа земја. Тоа придонесува учениците често да ја избираат Италија како релација за неколкудневната завршна екскурзија за трета година. Богданоски посочи дека потребно е да има поголема соработка помеѓу нашето училиште, италијанската амбасада во Македонија и бизнис заедницата на Италија, а тоа го потврдија и гостите.

“Плусинфо” објави снимка од полицajците кои се тепaa во Кривогаштани: Едниот пцуе, другиот пocигнува по пиштолот

Плусинфо дојде до снимка од тепачката меѓу полицајци која се случи на првиот ден на Велигден пред угостителски објект во Кривогаштани, прилепско. На видеото се гледаат двајца полицајци кои се тепаат, а трет пробува да ги раздели. Едниот од полицајците вриснува и се фаќа за пиштолот. Другиот пцуе, а потоа си заминува. Потоа едниот од полицајците влегува во сив „голф“.

Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, соопшти СВР-Битола.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Спасеновски: Бројките се немилосрдни, власта нема двотретинско мнозинство за уставни измени, работната група ја губи смислата без учество на ВМРО-ДПМНЕ

Бројките се немилосрдни и укажуваат дека власта во овој момент нема потребно двотретинско мнозинство, имајќи предвид дека нема поддршка за уставните измени од страна на главната најголема опозициска партија. Власта нема потребно двотретинско мнозинство да ја опточне и успешно да ја реализира иницијативата за уставни измени, изјави професорот по уставно право на Правен факултет, Александар Спасеновски за „Тема на денот“ во вестите на Сител.

– Внимателно ги следиме состојбите околу уставните измени, одлуката на владата која е предлагач на и водич на процесот е дека се формира работна група од делегирани експерти делегирани од државни институции и од политички партии. Но претставува голема маана фактот дека нема членови од страна на главната опозициска партија што самото по себе имајќи го предвид карактерот на уставните измени, потребното двотретинско мнозинство, тоа упатува на заклучок дека дијалог постои, но во однос на шансите прогнозите се крајно скептични, имајќи го предвид распоредот на бројките во собранието, нагласи Спасеновски.

Според него работната група ја губи својата смисла на постоење бидејќи нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
– Работната група сама по себе овозможува да се создаде подрачје за отворена експертска и политичка дискусија да ги запознаат граѓаните и да се одбере најдоброто решение, но нема претставници на опозицијата и сама по себе може да дискутира и носи одлуки. Но ако не се земат предвид ставовите на целиот дел од општеството и сите политички структури, особено во светло на бројките во Собранието, таа ја губи својата смисла. Таму ќе се расправа, но мала е извесноста без дијалог со најголемата опозициска партија да се постигне решение, изјави Спасеновски.

Тој додаде дека постапката дефинирана во Уставот е сосема јасна, таа се одвива во 5 фази и почнува со потреба за отворање на Уставот и таа одлука е првата која се носи и се носи со двотретинско мнозинство, како и последната се носи со двотретинско мнозинство.

Се отвораат сомнежи околу Методологијата како се реализираат овие уставни измени кои се резултат на францускиот предлог како резултат на барања на Бугарија во однос на Македонија, рече тој.

Полициcки cлyжбеници од прилепско се тепале меѓусебе во Кривогаштани

Фото/илустрација

На 16.04.2023 околу 04.45 часот пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, информираат од СВР Битола.

Навивачите на Наполи ги оставија без сон играчите на Милан: Пред xoтелот синоќа била виcтинска лyдница (ВИДЕО)

Пред вечерашниот (21 ч.) реванш четвртфинален натпревар од фудбалската Лига на шампионите во Неапол, каде лидерот во Серија А, Наполи го дочекува актуелниот калчолигашки шампион Милан, навивачите на домаќинот се обидуваат да му ја олеснат задачата на својот миленик со приредена бучава пред хотелот каде се сместени гостите од Милано. Со сирени од автомобили и врева домашните навивачи ги оставиле без сон фудбалерите на Милан, кој вечерва ќе бранат минимална предност (1:0) од првиот меч.

Неодамнешната калчолигашка пресметка во рамките од 28. коло (2 април) во Серија А, во Неапол убедливо ја доби готинот од Милано (0:4). Токму затоа навивачите на Наполи се одлучија да се вклучат во битката против Милан.

Во истиот термин, вечерва се игра и вториот реванш меч од четвртфиналето Челзи – Реал Мадрид, во кој шпанскиот гигант по првите 90 минути има предност од 2:0.

Поскапување кај горивата: Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 10.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784%, кај дизелот за 0,639%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211% и кај мазутот има зголемување за 1,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг.

Од 19.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Внимавајте! Maлолетник почина пopaди пpeдизвик од “Тик-Ток” со пиење таблети

Тинејџер од Охајо почина по предозирање со Бенадрил за предизвик на „ТикТок“.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако 13-годишното момче проголтало големо количество лек за алергија додека неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Трендот „Бенадрил предизвик“ покажува дека тинејџерите голтаат до 14 таблети за да предизвикаат халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да се гасне, а неговото семејство решило да го симнат од апарати за одржување, шест дена подоцна откако му престанала функцијата на мозокот.

Таткото на тинејџерот, изјавил дека сега е посветен да ги предупредува родителите и тинејџерите за опасностите од социјалните мрежи и објави слика од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата за да ја прошири свеста.

„Тоа беше премногу за неговото тело“, изјави Џастин.

Утре премиера на долгометражниот документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Утре ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески.

Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Премиерата е закажана на 19 април 2023 година (среда), во 20 часот, во градското кино „Милениум“.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.