дома блог страница 1230

19-годишна девojка поминала низ cтpaшна голгота: Ја држел со месеци заклyчена и ја тепал, вчера ycпеала да избега

Основното јавно обвинителство – Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди.

-Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.

Четвртокот после Велигден се смета за најсреќниот ден во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а меѓу народот се верува и дека доколку се помолите сите желби ќе ви се исполнат.

Кај нас и без законски измени доброволно се работи и по 50 часа неделно, вели Ковачевски

И без законски измени, кај нас може да се работи над 40 часа неделно, изјави денеска премиерот, Димитар Ковачевски за предлог-измени на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ ќе треба да работат 60 часа неделно.

-Ние имаме закони кои што важат и сега кај нас може да се работи повеќе од 40 часа. Според договорот 51% од работите треба да ги изведат македонски подизведувачи, а другото од странство, рече Ковачевски.

Според него има голем број на работници кои работат и по 50 часа, по свој избор и со своја согласност. Тој порача дека овие коридори ќе почнат да се градат и ќе се изградат.

Eвроамбасадорот Гир: Чекорот на реформите во владеење на правото и борбата против корупцијата е разочарувачки

Борбата против корупцијата заедно со другите елементи на јакнење на владеењето на правото е во сржта на процесот на проширување на ЕУ и бара посветеност од земјата во целост. Владата, Парламентот, правосудството се главните протагонисти во таа борба и мора да служат како пример. Иако забележуваме одреден напредок, чекорот на реформите во областите на владеење на правото и борбата против корупцијата останува разочарувачки.

Ова го истакна шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир на денешниот состанок на кој заедно со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, беше разгледан напредокот во исполнувањето на препораките на Европската комисија во борбата против корупцијата.

Гир нагласи дека Извештајот за земјава од минатиот октомври обезбедува јасни насоки што треба да се направи и кои се приоритетите, но досега, поред него, малку е постигнато на тој план.

– ДКСК и Државниот завод за ревизија вршат важна работа, но на препораките од овие тела во конкретни случаи често не се постапува. Исто така, и нивото на имплементација на Националната стратегија за борба против корупција останува незадоволителна и претставува само 10 проценти според минатогодишниот извештај на ДКСК. Во оваа Стратегија има јасни и прецизни задачи за секоја институција присутна на состанокот. Трансформирањето на добрите намери во дела бара напорна и заедничка работа и соработка. Можете да сметате на нашата поддршка. Заедно со силната политичка посветеност почнувајќи од највисокото ниво преку институциите, потребни се засилени напори на Владата, на министерствата, на општините и државните институции за постапување согласно тие препораки. Но, Парламентот исто така има своја улога. Фактот дека се уште не е разгледан Извештајот за имплементација на Националната стратегија за борба против корупција на ДКСК за 2021 година е обесхрабрувачки, рече Гир.

Според него, потребен е напредок во јакнење на антикорупциската законска рамка и пред се во нејзината имплементација. Во таа насока Владата, опозицијата и Парламентот, мора да работат заедно.

– Темелно спроведување на антикорупциската рамка е исто така важна. Консолидацијата на досието за проактивно истражување, гонење и конечни пресуди во борбата против корупцијата на сите нивоа и против сериозниот и организиран криминал мора да биде клучна цел на земјата на нејзиниот европски пат, особено сега кога некои важни судски предмети се соочуваат со застарување, рече евроамбасадорот Гир.

Тој нагласи дека судството има клучна улога во борбата против корупцијата и затоа треба да биде независно и професионално, а судиите и обвинителите да делуваат со интегритет ослободени од политички влијанија или финансиски стимулации.

– Тоа е судство што ќе ја поврати довербата на јавноста, порача шефот на Делегацијата на ЕУ.

Во Извештајот одреден напредок е нотиран и во однос на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со јакнување на неговите ресурси и ангажирање финансиски експерти, што, според Гир, е нужно за да се зголеми бројот на конечни пресуди во случаите на висока корупција и заплена на незаконски стекнат имот.

Евроамбасадорот ја потенцира и клучната улога на граѓанското општество, невладините организации и медиумите во напорите да се повикуваат на одговорност јавните институции и функционери.

– ЕУ и нејзините земји членки инвестираа многу за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата во земјава. Навистина, сега е време Северна Македонија и нејзините институции да испорачаат понатамошни конкретни опипливи резултати, пред се заради граѓаните, но и заради напредок на патот кон ЕУ, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Руските пратеници поддpжaa воведyвање доживотна kaзна затвop за велепpeдавcтво

Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, го поддржа нацрт-законот со кој се предвидува доживотен затвор за велепредавство, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Во моментов максималната казна за велепредавство во Русија е 20 години затвор, а за споменатото кривично дело можат да бидат обвинети само руски државјани или оние со двојно државјанство.

Во нацрт-законот се наведува дека руските државјани, вклучително и оние со двојно државјанство, може да бидат осудени за споделување државни тајни со странски држави, организации или нивни претставници, шпионажа и давање финансиска, логистичка, советодавна или друга помош во активности против безбедноста на Руската Федерација.

Нацртот беше предложен на 7 април, пред критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, да биде осуден на 25 години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за предавство, дискредитација на војската и учество во активности на непожелни организации. Кара-Мурза, кој има руско и британско државјанство, јавно ја осуди руската војна против Украина.

Законот сè уште треба да го одобри Советот на Федерацијата како Горен дом на рускиот парламент. Тогаш рускиот претседател Владимир Путин ќе може да го потпише законот. Амандманите, исто така, ги заоструваат казните за обвиненијата за тероризам. Така, на пример, според членот, за терористички напади максималната казна ќе се зголеми од 15 на 20 години.

Kaтица Јанева работела како библиотекapка во “Идризово”

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и годинава користела продолжен празничен викенд исто како и минатата година.

Новиот директор на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, за „Макфакс“ вели дека Јанева уредно се вратила во затворот и веќе ги извршува редовните затворски обврски.

„Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната“, вели директорот Јовановски.

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” од Прилеп

Репертоар на тетарот „Војдан Чернодрински“

Во сабота (22.04.2023) со почеток од 20.00ч. ќе се одигра претставата „ДУПЛО ДНО“

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378

Прилепско училиште добива изглед на американски колеџ (ВИДЕО)

Продолжува целосната обнова на ООУ “Климент Охридски” во Прилеп. Секое ќоше и секој простор во училиштето добива нов современ изглед. На ваквиот начин на работа и пристап ќе позавидат сите останати училишта во Македонија.

Обележани кабинети, уредени ѕидови, подови, ходници… дури и хаус мајсторот има простор како што доликува. Со еден збор СОВРШЕНО!

Уaпceн paзбojник од Битола: Огpaбyвал аптеки и обложувалници

Криминалистичката полиција при СВР Битола на 18.04.2023 го лиши од слобода Н.Д.(43)од Битола поради сомнение за извршени разбојништва на подрачјето на Битола.

Имено, на 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.
На 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18.04.2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.

Објавен оглас за работници за новите автопати, плати и до 70 илјади денари

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување на работници до 2028 година за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д.

Според огласот, ЈПДП ќе ангажира работници според нивниот правилник, а тоа значи работна недела од 40 часа неделно, а не како што било договорено со „Бехтел и Енка“ за 60 часовна работна недела.

Рокот за пријавување е 25 април.

Јавното претпријатие бара помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер за основна плата од 70.052 денари; координатор на единицата за подготовка на проектот со завршен фалкултет од општествените зането-плата од 60.005 денари; координатор на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер за 65.029 денари…