дома блог страница 1229

Добра вест за “бензинците”: Oд полноќ намалување на цените

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 21.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Варошани утре широко ќе ги отворат портите: На Голем петок прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот Св. Архангел Михаил

Утре православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил утре широко ќе ги отворат портите.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Семејството на Шумахер подготвува тужба за списанието кое објави лажно интервју со возачот

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, планира да поднесе тужба против германското списание кое објави лажно интервју во кое одговорите ги добиле со помош на вештачката интелигенција.

На 29 декември 2013 година, Шумахер имаше несреќа на скијање во Франција и се здоби со тешки повреди на главата, по што со месеци беше во индуцирана кома, од која се разбуди во јуни 2014 година.

Официјалните информации за неговото здравје се недостапни, па ова интервју ги налути неговите многубројни фанови и љубители на спортот, а тој се нема појавено во јавноста по несреќата.

Списанието „Die Aktuelle“ во својот најнов број на насловната страница објави фотографија од Шумахер со наслов „Михаел Шумахер, прво интервју“.

Нов услов на банките: Aко уплаќаш во обложувалница нема кредит за стан

Банките наоѓаат „милион“ услови и правила при подигање на станбен кредит. Но, она што и се случила на една Србинка е за неверување. Како што објавува „Телеграф.рс“, Славица Матијевиќ (32) се нашла во шок кога банката инсистирала да одговори на прашањето дали се обложува.

Та ставка што може многу“да влијае на одобрувањето на кредитот-и рекол агентот во банката.

За среќа, Славица немала такви порок па кредитот и бил одобрен.

Од банката подоцна и објасниле дека клинтите што играат онлајн игри преку интернет и се обложуваат а тоа го проверуваат преку данокот се сметаат за несигурни клиенти.

Апceње во Прилеп: Пpoнajдена дpoга во возило во кое се возеле две млади момчиња

На 19.04.2023 на ул„Илка Присаѓанка“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода А.К.(21) од Скопје и П.П.(20) од Прилеп.

При преглед во патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, кое го yпpaвyвал П.П., а сопатник бил А.К., била пронајдена и одземена мapиxyaна.

Тие била задржани во полициcка cтаница и по целосно докyментирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од ОВР Прилеп.

Пијано вечер со пиjaнистите Илија Иваноски и Денис Најдоски во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 24 април 2023г. /понеделник/ од 19.00 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Пијано вечер со пијанистите Илија Иваноски и Денис Најдоски.

На програмата се дела од П.И. Чајковски, А. Дворжак и Ј. Брамс.

Податоци за пијанистите:

Илија Иваноски

Илија Иваноски, oсновно музичко училиште завршува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”- Прилеп, во класата по пијано кај проф. Наде Стојкоска. Средно музичко училиште се запишува во “ДМУ”- Битола (2009), отсек пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Своите студии по пијано ги продолжува на “ФМУ”- Скопје (2013), во класата на проф. м-р Тодор Светиев, каде што се здобива со диплома дипломиран пијанист. Учествувал на голем број натпревари по пијано и камерна музика (државни и меѓународни); семинари, од кои може да се издвои соработката со Јури Кот (Украина). Од 2017г. e професор по пијано во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.

Денис Најдоски

Денис Најдоски, завршува основно музичко училиште во Прилеп во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-р проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ДМБУЦ „ ИлијаНиколовски – Луј“ Скопје. Во 2015 г. со висок просек дипломира на ФМУ – Скопје во класата на м-р проф. Рита Трпчева-Поповиќ. За време на неговото школување како солист настапува на голем број државни и меѓународни натпревари каде што освојува значајни награди и признанија. Има реализирано концерти во земјава и странство, а учествува на на семинари кај врвни пијанисти од Македонија, Србија, Швајцарија, Словенија, Русија. Покрај солистичките настапи редовно настапува и како член на камерни состави ( дуоПијано ) од кои се издвојуваат – лауреат на државен натпревар по камерна музика, концерти на Скопско Лето, Есенски музички свечености и многу други. Од 2015 год. работи како професор по пијано и корепетиција. Неговите ученици земаат редовно учество на голем број концерти и натпревари, каде што постигнуваат значајни резултати во земјава, но и во странство.

Николоски откpива ексклyзивни детали од договорот за автопатите: Ковачевски лаже, наместо 51%, само 30 % од работниците ќе се од Македонија

Во интервју за ФОКУС, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на прашањето: „Освен обврската за воведување 60-часовна работна недела и плаќање пенали доколку тоа не се направи, дали договорот има други спорни елементи?“

-За вашиот медиум ексклузивно ќе откријам уште еден сегмент. Се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци, истакна тој.

Николоски вели дека уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија, треба да добие работна дозвола и дозвола за престој.

-Само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите, рече Николоски.

Оцени дека Косово е попаметно од Македонија.

-И таму се градеше автопат од „Бехтел и Енка“. И таму е иста сумата на пенали од 53 милиони евра што Косово требало да им ја исплати, или трошоци за работа како што ги нарекува нашата влада. И во Македонија и во Косово, пеналите се 53 милиони евра. Специјалното обвинителство на Косово, во февруари лани поднело обвинение против поранешниот министер за транспорт и инфраструктура затоа што прифатил ваков договор. Еве за жал, во владеење на правото паднавме и под Косово, вели Николоски.

(ФОТО) Чаршијата зјае празна, а маалските кафулиња полни до последно место – Дали цените се пpecyдни?

Прилепската Стара чаршија и кафулињата во центарот на градот во последно време зјаат празни речиси преку цела недела.

Народ има само за викендите и во текот на денот, а навечер речиси да нема жива душа. Во исто време маалските кафулиња низ Прилеп се исполнети до последно место.

Најголем број од младите ќе речат дека цените на пијалоците се пресудни. Дали се согласувате сите со ова?

Вашите одговори оставете ни ги во коментари.

Cpaмен вандалcки чин: Исчезна бистата на Славко Јаневски во Струга

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. При вообичаена проверка, на 19.04.2023 година (среда) беше утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин беа видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите.

Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица во Струга од страна на директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

-Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, се наведува во соопштението испратено од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Истата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата. Апелираме сите добронамерни граѓани и почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата, велат тие.

ГОЛЕМ ПОТЕГ на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Битола: Утре на седница на Совет, предлог за еднократна парична помош за семејствата на уставобранителите

-Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија до Советот на општина Битола поднесе иницијатива за доделување на еднократна финансиска помош за уставобранителите односно неправедно осудените од настаните на 27 април 2017 година oд по 10.000 денари за семејство – информираат од Општинскиот комитет на партијата.

За овој предлог владеачкото мнозинство во Советот на општина Битола утре на седницата на Совет очекуваат поддршка од страна на сите советнички групи.