дома блог страница 1228

Втора тура продолжен викенд во Грција: Километарски колони за излез од Македонија

Гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој продолжен викенд. За разлика од сите гранични премини, овде се чека и до еден час, за да се помине границата.

Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Србија.

Прилепчанка на терен ги убедуваше тетовчани да гласаат за СДСМ (ФОТО)

СДСМ вчера беше на теренски активности во општините и регионот околу Тетово и Гостивар, а на терен беше и прилепчанката Ивона Кузмановиќ, советник во Советот на општина Прилеп и член на Извршниот Комитет на СДСМ.

Таа заедно со министерот Благој Бочварски ги убедуваа граѓаните на Тетово дека Владата правела се’ за да им се подобри животот.

Сепак она што е забележително е малата посетеност на овие собири, од по десетина луѓе.

Просечната плата во Македонија пак пораснала – сега била 33.720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ззголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).

Намалување, пак, на просечната нето-платапо вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Транспорт и складирање (9.7 %), Рударство и вадење на камен (9.2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1 %).

Македонија втора во светот по бројот на невакцинирани деца, објавија од УНИЦЕФ

Македонија го зазема второто место во светот по бројот на деца кои не примиле никаква вакцина од раѓање. Ова го покажува глобалниот извештај на УНИЦЕФ во кој се анализирани податоци за 55 земји во светот, од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија. Извештајот наведува дека довербата во вакцините е значително намалена, особено по минувањето на пандемијата. Босна и Херцеговина, Киргистан и Македонија се на исто место со Македонија, а полошо стои само Молдавија.

„Загрижувачки е фактот дека по пандемијата, довербата во детските вакцини значително падна. Имунизацијата е една од најголемите успешни приказни на човештвото. Тоа доведе до искоренување на болести како што е сипаницата и спаси животи на милиони луѓе од опасни болести, вклучително и мали сипаници и детска парализа. Не смееме да дозволиме бранот и стравот од дезинформации, кои беа многу зголемени од пандемијата, да донесат опасност по животите на децата“, вели Патрисија Ди Ховани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија.

Извештајот покажа дека за разлика од светските трендови каде невакцинираните деца се главно во најнеразвиените и најсиромашните земји, во Македонија бројот на деца со „нула дози“ е во градовите и тоа во најбогатите и најразвиените делови од државава. УНИЦЕФ дава препораки до институциите како да се намали процентот на невакцинирани деца.

„Да се продолжи со идентификација на сите невакцинирани деца и истите да се имунизираат. Да се ​​зајакне довербата во вакцините во соработка со локалните единици. Дајте приоритет и финансирање на услугите за имунизација и примарна здравствена заштита. Да изградиме здравствени системи преку инвестирање во медицински тимови“, наведуваат од УНИЦЕФ.

Според извештајот на УНИЦЕФ, пандемијата ја уништила вакцинацијата на децата речиси насекаде во светот, како резултат на големиот притисок врз здравствениот систем за канализирањето на ресурсите за имунизација со вакцината против Ковид, потоа поради недостигот на здравствени работници и мерките за карантин. Како резултат на тоа, 67 милиони деца во светот не примиле редовни вакцини во периодот 2019-2021 година, по што опфатот со вакцинација опаднал во дури 112 земји.

Ламбе: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

За првпат по палењето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, пејачот Ламбе Алабаковски се огласи на темата. Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

За потсетување, пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Голем реон од Прилеп вечерва без cтpyja поcле cилна екcплозиja (ВИДЕО)

Вечерва околу 21:30ч. на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, настанала екcплозија во трафостаница на ЕВН, при што голем дел од градот во тој реон е во моментов без електрична енергија.

Засега не се познати причините за настанатиот пожap во трафостаницата, ниту до кога граѓаните од овој дел на градот ќе немаат струја.

Од страна на пожapникapите при ТППЕ Прилеп е интервенирано на лице место и пожapoт е ставен под контрола.

Според првичните информации се работи за поголемо оштетување на трафостаницата, за што неофицијално ќе се чека интервенција на екипа од Скопје.

Граѓаните се загрижени и стравуваат дали ЕВН за брзо време ќе го санира проблемот, со оглед на тоа дека утре е празник и неработен ден во Македонија.

МВР ги едуциpaше учениците од индустриското училиште во Прилеп на тема “Вpcничко нacилcтво”

Денеска (20.04) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, беше одржана едукативна работилница со ученици од првата година од средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.

Говорејќи на темата – “Врсничко насилство и превенција од девијантни појави кај учениците“ полициските службеници во текот на работилницата презентираа низа информации и практични искуства од проблематиката на врсничкото насилство, видовите и облиците на манифестирање, како и околу казнивоста и последиците од ова девијантно поведение.

Особено внимание во рамки на видео презентација пред околу деведесетина ученици од ова средно училиште беше посветено на начините како да се препознаат облиците на врсничко насилство и како и на кој начин тие треба благовремено да се превенираат во соработка и комуникација со родителите, наставниците и полицијата, а со цел навремена заштита и безбедност на учениците. Исто така, на учениците им беа поделени и печатени едукативни материјали.

Гимназијалецот Петар Мирчевски oд Прилеп ќе ја претставува Македонија на две светски олимпијади по хемија

После напорниот но успешен циклус на натпревари по предметот хемија(oпштински, регионален и државен натпревар) и освоена прва награда на државниот натпревар, ученикот Петар Мирчевски од II година на СОУ Гимназија “Мирче Ацев”- Прилеп, под менторство на проф.Блаже Димески се здоби со шанса да учествува на подготовки за светската олимпијада по хемија.

„Ова е неверојатно достигнување на Петар или уште подобро кажано вистински подвиг, затоа што за отприлика шест месеци го совлада редовниот материјал од II,III и IV година и на 26 јануари 2023 година, во првиот селекционен натпревар се пласира меѓу десетте најдобри ученици.Со тоа се стекна со правото да продолжи со подготовки на Природно-математичкиот факултет при Институтот на хемија, кои се состоеа од предавања и практични експерименти прилагодени на материјалот предвиден за олимпијадите. Мора да се каже дека материјалот што треба да се совлада за влез во Олимпискиот тим е скоро цела теориска и применета хемија а се изучува од литератури од светски најпознатите автори, истите оние кои се учат и на најреномираните универзитети“-вели менторот Димески.

На Вториот Селекционен натпревар, одржан на 8 и 9 април,Петар Мирчевски го освои второто место и стана дел од тимот кој што ќе ја претставува нашата држава на Интернационалната Менделеева Хемиска Олимпијада (IMChO 2023) во Астана, Казахстан од 30ти април до 6ти мај.
По враќањето на македонскиот тим од споменатата олимпијада, со организаторот на тимот професор Д-р Миха Буклески, следат повторно кратки подготовки за Интернационалната Хемиска Олимпијада (IChO 2023) која ќе се одржи на лето во Цирих, Швајцарија.

Најдобро е што тој ќе има шанса и следните години да се натпреварува за олимпискиот тим и да биде се подобар и подобар.Исто така, со самото учество на овие натпревари понатаму ќе му бидат ширум отворени вратите на сите светски универзитети.

Да му посакаме се најдобро и многу успех и да ни ја претстави гимназијата, градот и државата во најдобро светло!

Прилепско парче кое ќе го преслушувате безброј пати: Слушнете ја “Биди млад” од Игор Јагуриноски

Игор Јагуриноски од дуото IGI BOK има нова песна и видео спот. Се работи за едно одлично рок парче насловено како “Биди млад” – песна која влегува веднаш во глава и ќе ја преслушувате безброј пати.

Текстот, музиката и аранжманот се токму негово дело, а во спотот на гитара се појавува и неговиот син Јагуриноски Михаил. Во миксањето помогна и Борче Шабаноски, кој настапува во дует низ локалите заедно со Игор.

Слушнете во продолжение и уживајте:

На Швајцарец му се потребни 15 години за да заработи милион евpa, а еве што вели математиката за Македонец

Колку години треба да работи обичен човек за да заработи 1 милион евра? На ова прашање одговара една студија на порталот Picodi.com. Рангирањето вклучува 102 земји од сите континенти.

Студијата, која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива огромни разлики меѓу земјите ширум светот.

Резултатите се поразувачки за нас. На просечниот Македонец му се потребни два века да ја заработи ова сума. Да, добро прочитавте, поточно 201 година и шест месеци. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, нешто пред нас се Хрватите, Бугарите, Србите, Црногорците и Романците.

За споредба, на просечниот Швајцарец ќе му бидат потребни само 15 години да заработи „милионче“, од Сингапур 18 a oд САД 21 година за да стане милионер.

Извор: “Република.мк”