дома блог страница 1227

Maнифестација која вреди да се посети: Во битолско “Јенимаале” и оваа година на Голем петок се одбележа вековната традиција “Градски – Селски Велигден” (Фото галерија)

На верскиот празник „Источен петок – Балаклија“, традиционално во Јенимаале во Битола, продолжи вековната традиција на одбележување на „Градски – Селски Велигден“.

Многу радост, песна и игра го исполнија сретселото на ова битолско маало, каде се одржа и централната манифестација на новиот Детски фолклорен фестивал „Весел Петок“, организиран од КУД „Илинден“.

Во рамките на овој фестивал беа одржани голем број манифестации во кои учество зедоа детски фолклорни ансамбли од Македонија и странство, а денешната програма започна со Дефиле на фолклорните групи низ Јени маало и продолжи со настап на детските групи на КУД „Илинден“ Битола, КУД „Дримкол“ од Вевчани, Фолклорниот ансамбал „Китка“ од Истивања и училиштето за фолклор „Теблаб“ од Будимпешта, Република Унгарија.

На овој начин, културно уметничкото друштво „Илинден“, формирано во 1955 година во Јенимаале продолжува, заедно со младите генерации да ја негува и презентира народната традиција на локалното население.

На годинешното одбележување, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој на сите присутни им го честита празникот, посакувајќи им искрени желби за здравје и успех и уште многу години, со радост и среќа да се одбележува овој ден.

Градоначалникот Коњановски, претходно, во својот кабинет, заедно со раководството на КУД „Илинден“, оствари средба со Тибор Мокаи, заменик градоначалникот на 18 Дистрикт, општина во Будимпешта, кој во Битола, присуствува заедно со училиштето за фолклор „Теблаб“ од Будимпешта, со кое КУД „Илинден“ соработува 23 години, а годинава е дел и од програмата на фестивалот „Весел петок“. Мокаи, во интерес на продлабочување на соработката, предложи да се разгледаат можностите за идно збратимување на двете општини.

Време е за ПЛЕЈ-ОФ: Вечерва потребна е голема поддршка за прилепската кошаркарска екипа! Сите во сала!

По освоеното прво место во Б-групата, четвртфиналето го стартуваме со четвртопласираната екипа од А-групата, а тоа е тимот на Младинец од Скопје.

Се игра на два добиени натпревари, а првиот е денеска (22.04.2023) со почеток во 19:00 часот во салата на ООУ “Добре Јованоски.

Од клубот бараат поддршка од сите спортски вљубеници со цел да ја оставарат првата победа во плеј-офот, со предност да заминат на гостувањето во Скопје.

-Само влез во финале не сели во повисок ранг – велат од Мега баскет.

“Некст Тајм” приредија спектакл помеѓу нашинците во Сиднеј: Во еден глас грми цела сала! (ВИДЕО)

“Некст Тајм” и Влатко Лозаноски деновиве се на турнеја кај нашинците во Австралија, каде интересот за нивните концерти е огромен. Најпознатите близнаци во Македонија ни доловија дел од синоќешната атмосфера од концертот во Сиднеј.

Во краткото видео може да се види огромна емоција и енергија, а веќе вечерва “Некст Тајм” ќе одржат уште еден концерт на истото место.

Превртено возило на брза помош: Четири лица се повредени во тешка сообраќајка која се случила синоќа

На 21.04.2023 во 23.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

20-годишник со моторцикл излетал од коловозот на патот Градско-Прилеп

На 21.04.2023 во 14.35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Прилеп кај превој Плетвар моторцикл “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(20) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Прекрасен празничен ден во манастирот Св. Богородица Пречиста кај Кичево: Стотици верници беа дел од литијата на Голем петок (Фото/Видео)

Голем број верници од сите краишта на Македонија денеска го посетија манастирот Св. Богородица Пречиста кај Кичево и присуствуваа на светата литургија, а потоа и на литијата за денешниот празник Источен или Голем петок.

Со литургијата чиноначалствуваше епископот Партениј, а присутни беа и монашките заедници од Бигорската, Рајчичката и Кнежинската обител.

Еден прекрасен празничен настан на кој беше благодет да се биде дел.

Еве што остана од трафостаницата на ЕВН во Прилеп, која синоќа екcполодиpa и без струја остави голем број семејства (ФОТО)

Пожарот кој синоќа околу 22 часот избувна во трафостаница на ЕВН на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, остави без електрична енергија голем број семејства во овој дел од градот.

Граѓаните синоќа беа загрижени и прашуваа колку време ќе трае санацијата на трафостаницата и до кога ќе бидат без струја.

Според информациите, за десетина дена ќе биде донесена нова опрема, а екипи на ЕВН денеска поставија привремени трансформатори.

Не е познато што го предизвикало пожарот во трафостаницата, на кој му претходеле две експлозии.

20 пожарникари со 10 возила се’ уште го гаснат пожарот во текстилната фабрика во Прилеп (ФОТО)

Со повеќе од 20 пожарникари и 10-тина противпожарни возила, ТППЕ Прилеп сеуште работи на локализирање на пожарот кој денес изби во фабриката за текстил “Тила” во населбата Бончејца.

Ги известуваме граѓаните дека околните објекти околу опожарениот не се во опасност и целосно се заштитени – напишаа од општина Прилеп на ФБ.

Свој придонес во оваа интервенција дадоа ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп за поефикасно решавање на оваа ситуација.
На лице место на настанот увид изврши и градоначалникот Борче Јовчески, информираат од општина Прилеп.

Попладнево пожap во текстилна фабрика во Прилеп (ФОТО)

Денеска околу 13 часот пожар избувна на кровната конструкција од текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп

Во пламен се покривот од фабриката и сончевите колектори. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп се обидуваат да го локализираат пожapoт и да го стават под контрола.

За среќа, според првичните информации, во фабриката немало никој за време на избувнувањето на пожарот, а причините за истиот засега не се познати.

РЕКА ОД НАРОД: Прилепчани како никогаш досега на Голем петок масовно го посетија вековното светилиште (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил широко ги отворија портите и ги пречекаа своите сограѓани и гости од другите градови.

Вистинска река народ уште од утринските часови се слеа кон едно од најубавите светилишта во околината на Прилеп.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!