дома блог страница 1226

Светле Маркоска од Прилеп го освои првото место на најновото издание на “Вешта жена” (ФОТО/ВИДЕО)

Светле Маркоска со масата на тема “Индија” го освои првото место на најновото издание на “Вешта жена”, кое се одржа во ресторанот “Центар” во Прилеп. Ова беше прво учество на Маркоска која ги фасцинираше сите со својата креативно подготвена маса.

Награди освоија и Сузана Мицаноска со темата “Нов живот”, како и Соња Шијакоска со темата “Љубов”.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата и доделувањето на наградите:

Невepojaтно видео: Крокодил се проби низ метална ограда

Метеорологот од Флорида, Мет Девит, сподели видео на кое може да се види како огромен крокодил без скоро никаков напор минува низ металната ограда.

– Погледнете го ова големо момче како свиткува алуминиумски шипки и минува низ метална ограда во Плацида. Само во Флорида – напиша Девит на Фејсбук.

Кој ни ги вози децата: 30 казни за возачи на автобуси за училишен превоз – 12 немале дозволи

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

При контролата приведено е едно малолетно лице од Скопје по Закон за оружје член 80 став 3, кај кого при преглед бил пронајден електро шок.
При контролата санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Мајмуни порачаа: “Треба играње, а не сликање – Втора лига е нашиот пат, го правите слеп најфудбалскиот град” (Фото)

После поразот во неделата кој Победа го претрпе на домашен терен од Силекс, кај навивачката група “Мајмуни” кулминираше незадоволството.

На црвено-белите и на управата преку парола им порачаа: “Треба играње, а не сликање – Втора лига е нашиот пат, го правите слеп најфудбалскиот град”.

Победа во моментов е на претпоследното место на прволигашката табела само поради подобрата гол разлика од Скопје. Во наредното коло прилепчани гостуваат кај Академија Пандев.

Играјте со стил, играјте одговорно! Конечно во Прилеп пристигна најдоброто казино во Македонија

Koнечно и во Прилеп, пристигна најдоброто казино кај нас, “VEGAS CASINO”.

Наспроти Домот на културата, од неодамна прилепчани имаат можност да си ја пробаат среќата во пријатен и отмен амбиент.

VEGAS CASINO е единственото место каде љубителите на слот игри имаат можност да се забавуваат, а истовремено да освојат некој од вредните џек потови, кои само таму растат со неверојатна брзина.

VEGAS CASINO нуди еден куп изненадувања, особено во викендите, кога играчите можат да освојат некој од вредните бонуси кои се паѓаат на секој час.

Верувајте и испробајте ја и вие вашата среќа! Играјте со стил, играјте одговорно!

Во четврток сите патишта во Прилеп водат кон овој локал: Уште една хуманитарна забава во организација на “Дрим Тим Од Деца За Деца”

Хуманитарната организација од Прилеп, Дрим Тим Од Деца За Деца, која активно, од месец јули 2021 година, се труди, организира и зазема учество во многу досегашни хуманитарни акции за луѓе и деца кои им е потребна помош. Тимот се брои од млади активисти кои сакаат да ја разбудат свеста и совеста на граѓаните во својот град и пошироко.

Овој пат, тимот на Дрим Тим Од Деца За Деца и јазичниоот едукативен центар Дрим Тим, организираат хуманитарен музички настан на ден 09.03.2023 година, местото каде ќе се одржува овој настан е во Monarca Gastrobar, ќе поминувате квалитетно време исполнето со забава знаејќи дека правите хумано дело. Настанот започнува од 19:00 часот каде нашиот Јети ќе ги забавува и ќе се дружи со нашите најмили малечки.

Подоцна од 20:30 часот се спрема добра забава во која секој ќе ужива заедно со Dj Љубиша и нашите млади таленти Lock Down. Паричните средства кои ќе бидат собрани, помошта која ќе ја добијаме од Вас како хуманитарци, од сите кои ќе земат учество во организацијата на овој настан, ќе бидат донирани во добротворни цели.

До сега Дрим Тим Од Деца За Деца има доста успешни настани заедно во соработка со овој јазичен едукативен центар Дрим тим, а многубројни настани којшто ги организира самостојно, како што последно организиран беше и музичкиот настан за нашата мала Дина на кој имаше доста заинтересирана публика-хуманитарци и голема помош и поддршка од разни компании и поединци кои беа дел од организацијата или им излегоа во пресрет на овие млади активисти со некои мали гестови, секој колку што бил во можност.

Младите активнисти на хуманитарната организација Дрим Тим Од Деца За Деца и јазичниот едукативен центар Дрим тим за овој настан ги повикуваат сите коишто се во можност да помогнат, да донираат, да бидат хумани со пораката „Јас сум хуман биди и ти!“.

За повеќе информации, резервации и доколку некој сака да пружи помош на оваа хуманитарна организација можете да се обратите на следниве контакти:

070/338-490 – Ивана (јазичен едукативен центар Дрим тим);
078/907-140 – Михаил (член на хуманитарната организација Дрим Тим Од Деца За Деца);
048/480-007 – Монарка Гастробар.

Еве колку ќе чини литар зејтин во Македонија со намалување на цените: Ова се новите цени и на тестенините!

Владата до крајот на неделата ќе донесе одлука за намалување на цената на тестенините за 10 отсто.

Оваа вест вчера ја соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, кој очекува трговците самоиницијативно да ја намалат цената дополнително.

Како што изјави Бектеши, тестенините од 51 денар ќе се продаваат за 44 денари, додека тестенините од 60 денари нема да бидат поскапи од 52 денари.

Тој порачува на трговците да се охрабрат и да ги симнат цените и под долната граница која ќе ја одреди Владата.

Како што рече, Владата разговара со трите производители на масло за јадење во земјава, за намалување на цената на овој производ и постигнат е договор.

„Три големи производители најавија дека ќе имаат цени пониски од 100 денари за литар масло за јадење. Продолжуваме со другите производи“, рече Бектеши.

Тој додаде дека при крај е анализата за млечните производи и дали ќе има замрзнување на цените во овој дел. Бектеши им порача на млекарите самоиницијативно да ги спуштат цените пред владата да донесе таква одлука.

Не е се’ во профитот: Старите прилепски мајстори со екстра понуда за своите муштерии

Пекатара “Џулијано” која е лоцирана од спротива на градската болница во Прилеп, од 08.03. до 10.03. своите производи ќе ги продава по половина цена.

Уживајте три дена во вкусните бели пецива и бурек подготвени од рацете на врвните прилепски мајстори по багателни цени.

Само деца знаат да пренесат ваква полна со љубов порака: Инспиративен документарен филм на тројца ученици од Прилеп што ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)

Животот е чудо, но секој од нас го доживува на поинаков начин. Не постои универзално упатство како треба да живееме, како да се однесуваме, но сепак сите имаме сопствено животно искуство. Реално не се сеќаваме на деновите, но се сеќаваме на моментите.

Основците Влатко, Викторија и Атанасиј од ООУ “Рампо Левката” – Прилеп се погрижија да ни испратат јасна порака, за тоа дека животот не е проблем кој треба да се реши, туку стварност која треба да се доживее.

Во неколку минути убаво “дотеран” краток филм со наслов “Ти можеш” – (You Can), ќе погледнете приказна која допира, минути посветени на животните предизвици.

Улогите се на Влатко Димески, Викторија Стојаноска и Атанасиј Најдоски, снимањето го реализираше PhotoBedzo продукција, а дел од кадрите беа снимени во основното училиште “Рампо Левката” – Прилеп.

Tројцата ученици се дел од деветто А одделение, а филмот е изработеен под менторство на наставничката по македонски јазик Билјана Ацеска.

Одлична идеја со уште повпечатлива реализација. Приказна која ќе ве остави без зборови! Погледнете:

Французите излегуваат на мacoвен штpajк пpoтив одлуката во пензија да одат на 64 години

Франција се подготвува за уште еден масовен штрајк утре против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, откако синдикатите едногласно објавија дека ќе ја „парализираат“ земјата со штрајкови и разни други демонстрации.

– Ги повикувам сите вработени во државата, граѓаните, пензионерите, масовно да одговорат на повикот за протести во вторник. Претседателот на Републиката не може да остане глув, изјави генералниот секретар на реформистичкиот синдикат ЦФДТ, Лоран Бергер.

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија.

Огромното мнозинство Французи се „непријателски“ расположени кон оваа реформа бидејќи ја сметаат за „неправедна“, особено кон работниците на тешки работни места.

Владата тврди дека промените се неопходни за францускиот пензиски систем да излезе од дефицит до 2030 година.

Веќе со недели синдикатите вршат притисок и ги предупредуваат Французите да се подготват да живеат 24 часа на ден во земја во која сè ќе „запре“.

Наставниците, машиновозачите, работниците во енергетскиот сектор, индустриските работници и многу други се очекува да се приклучат на утрешниот штрајк.

Исто така, за разлика од претходните штрајкови, главните конфедерации на француските синдикати, вклучувајќи ги CFD и CGT, најавија „продолжени штрајкови“, што значи дека по завршувањето на секој штрајк, работниците ќе гласаат дали да продолжат индустриските активности.

Без одреден датум кога би можеле да завршат штрајковите, синдикатите веруваат дека нивната акција има потенцијал да го наруши секојдневниот живот и да ја загрози економијата толку многу што владата нема да има друг избор освен да попушти.

Синдикатите веруваат дека повеќе луѓе ќе протестираат утре отколку на 31 јануари, кога според полицијата на улица излегле 1,27 милиони луѓе, а според синдикатите 2,5 милиони.

Железничките и метро услугите во Париз утре ќе бидат прекинати бидејќи работниците на француските железници (SNCF) и париското метро (RATP) се приклучуваат на штрајкот.

Владата ги повика вработените да се префрлат на работа од дома.

Според Владата, реформата на пензискиот систем би донела дополнителни 17,7 милијарди евра пензиски придонеси годишно, а синдикатите одговараат дека има и други начини за зголемување на приходите, како што е оданочувањето на супербогатите.

Жестоката расправа во Парламентот за предлог-законот заврши на крајот на февруари без расправа за контроверзниот член 7 за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот сега се разгледува во Сенатот.

Во меѓувреме, Макрон повикува на „здрав разум“. Тој признава дека „никој не сака да работи подолго, но имајќи предвид дека живееме подолго, мора да работиме подолго ако сакаме да го зачуваме системот на меѓугенерациска солидарност“.