дома блог страница 1225

Повторно најдобри: БК “7-ми Мај – Златна рака” pacтури на турнирот кој викендов се одржа во Студеничани

Боречкиот клуб “7 Мај – Златна рака”, викендов убедливо го освои првото место во женска конкуренција за кадетки, на турнирот кој се одржа во скопско Студеничани.

Први места освоија: Ангела Трајкоска во категорија до 43кг, Елена Деjкоска во категорија до 49кг. и Деспина Богеска во категорија до 53кг.

Второпласирани беа: Марија Велјаноска во категорија до 43кг, Кристина Цветаноска во категорија до 46кг и Тамара Цветкоска во категорија до 57кг.

Исто така Михаил Илиоски го освои третото место во категорија до 51кг.

Претпладне сонце, попладне дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.

Платете и до 20.000 ден. помалку! Објавен огласот за субвенции за ПВЦ дограма – Во Прилеп се знае каде треба да се обратете!

Mинистерството за економија го објави ОГЛАСОТ за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година.

Вкупно предвидени се 25.000.000 денaри и ќе се опфатат околу 1.200 домаќинства. Министерството за економија, на лицата кои ќе купат и вградат ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови, ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2023 година, под услов купувачите досега да не користеле средства за оваа мерка. Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година. Условите може да се видат ТУКА

Ова е одлична шанса за сите оние кои сакаат старите прозори да ги заменат со нови ПВЦ прозори, а најдобриот избор во Прилеп за тоа е никој друг туку “ЕУРО ГЛАС”.

“Еуро глас” ја има најдобрата понуда за ПВЦ дограма. Таму ќе најдете врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK, а изборот на модели ќе ве остави вчудоневидени и навистина тешко ќе се одлучите.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од “ЕУРО ГЛАС” обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

За цените не треба да разговараме. Само во “ЕУРО ГЛАС” ќе најдете најквалитетни производи по најпристапни цени, a тоа ќе ви го потврди секој нивни муштерија.

Затоа побрзајте! Искористете ја оваа можност затоа што принципот на огласот е ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН!

Побарајте ги професионалците од ‘ЕУРО ГЛАС’ на 078 363 775 и закажете состанок.

И тоа се случува: Две жени се степале во селското казино

Две жени, соселанки, се степале вчера во казино во кочанското село Зрновци, соопшти полицијата.

„Вчера Г.Т. (39) пријавила дека во казино во село Зрновци, кочанско, била физички нападната од Т.Ј. од истото село“, се вели во кусото полициско соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се виеше оро, се пееше македонска песна – Жителите на прилепско Беровци традиционално го одбележаа празникот Томина недела (ВИДЕО)

Со Божествена литургија која се одржа во црквата Христово Воскресение во прилепското село Беровци денеска беше одбележана неделата на Св. Апостол Тома или кај народот позната како Томина недела. Инаку денешниот ден е слава на црквата каде присуствуваа голем број на жители, како од Беровци така и од другите населени места.

Се пееја македонски песни и се виеше оро. Убавото време помогна за масовна посетеност и дополнително им го разубави празникот на жителите од ова убаво прилепско село.

Инаку според преданието на православната црква апостол Тома е еден од 12-те апостоли кој не бил тука кога Господ Исус Христос им се појавува на другите апостоли веднаш после неговото Воскресение. Кога тие му кажале што се случило тој неможел да поверува и кажал „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. Но кога после 8 дена од Воскресението пред него се појавил Христос и му рекол „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои, дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои и не биди неверлив, но верлив“, апостол Тома се покајал и поверувал во Христовото Воскресение.

Прилепчанец нападнат со тврд предмет, а жител од Боротино нападнат од две лице во казино

-На 22.04.2023 во 00.20 часот М.С.(38) од Прилеп пријавил дека на 21.04.2023 околу 22.00 часот бил физички нападнат со тврд предмет од Џ.Н.

-На 22.04.2023 во 06.00 часот М.У.(37) од с.Боротино пријавил дека околу 05.00 часот во казино во Прилеп бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од ОВР Прилеп.

Продолжува агонијата на Победа – попладнево прилепчани го доживеаја десеттиот последователен пораз

Со голот на Кире Маркоски во 30-та минута, Работнички попладнево славеше над Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп и им го нанесе на прилепчани десеттиот последователен пораз.

Црвено-белите остануваат заковани на дното на табелата со само 13 освоени бода од 26 одиграни кола не постои никаква надеж дека би се избориле за десеттото место кое води во плеј-аут.

Фудбалските вљубеници во Прилеп и денеска останаа разочарани, затоа што нивните миленици заборавија како се освојуваат бодови.

Победа има гол разлика од срамни 17:61, па преселбата во понизок ранг на натпреварување нема да биде никакво изненадување.

Од друга страна ФК Скопје и денеска освои бод на домашен терен против Академија Пандев и се оддалечи од Победа на 6 бода разлика.

Засилена акциска контрола во Прилеп и околината: 127 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Денеска (23.04.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 127 возачи.

Од нив, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Ги направија “салата”: Прилепчани победија со 70 разлика

Кошаркарите од прилепски Мега баскет синоќа против Младинец од Скопје го започнаа плеј-оф разигрувањето за влез во Втората кошаркарска лига, и буквално го растурија противникот.

Во преполната спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, вљубениците во кошарката беа сведоци на победа од 70 поени разлика – 109:39.

Со оваа убедлива победа, прилепчани уште еднаш најавија дека се главни играчи за пласман во повисок ранг на натпреварување, а сега ќе треба да триумфираат и во Скопје, за да ја поминат првата пречка на тој пат.

Кај прилепчани најразиграни беа: Стевананџија со 19 поени, Митрески со 20, Здравевски со 16 и Јаневски со 13 поени.

Вториот натпревар со Младинец се игра за 3 дена.

Денеска е Томина Недела или кај народот познат како Мал Велигден

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома:

„Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“

На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.