дома блог страница 1209

МВР одржа предавање во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп за штетноста на дрогата, алкохолот и цигарите

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, вчера (09.05.) во средното училиште “Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативна работилница на тема – “Превенција од девијантни појави: дрога, алкохол и цигари“.

Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу поимот на зависност, особено од користење на наркотичните дроги, надополнето со фактографијата за тоа какви се последици ваквите појави можат да донесат, а на штета на младите.

За време на предавањето беа појаснети и начините како да се препознаат и како да се превенираат овие појави, а во интерес на благовремена заштита на децата. Дел од предавањето, исто така, беше посветено на појаснувањето за законските санкции и консеквенци по однос на злоупотребите на дроги и алкохол.

Покрај ова, вчера и полициски службеници од Полициското одделение Ропотово, при СВР Битола, спроведоа превентивна активност под мото “МВР за граѓаните“ каде во Ропотово и на неколку околни патни правци на возачите и месното население им беа делени летоци со едукативна содржина од различни превентивни области.

Две лица каснати од кучиња скитници во Прилеп

Институциите се обидуваат да се справат со овој проблем.

Вчера во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник.

Во изминативе 24 часа уште едно лице поднесе пријава до ОВР Прилеп. Д.Ц.(73) од с.Небрегово, прилепско, пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Прилеп била касната од куче скитник.

Филмот “LIFE IS WHAT IT IS” од Зоран Пилоски од Прилеп, ќе ја претставува Македонија на 31-от филмски фестивал во Пожега

Хрватскиот фестивал за едноминутни филмови е меѓународен филмски фестивал кој секоја година се одржува во Пожега.

Фестивалот прв пат се одржа во 1993 година, а 31-то издание ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни.

Единствен филм на ова издание од Македонија е “LIFE IS WHAT IT IS” од фотографот и камерман од Прилеп, Зоран Пилоски.

Фестивалот во Пожега досега има пречекано автори и судии од повеќе од 40 земји ширум светот.

На Пилоски му посакуваме успех и секако да се врати со некоја награда.

Објавен огласот: Аплицирајте за 5.000 евра од државата за отварање на сопствен бизнис доколку сте невработени

Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година. Една од најпривлечните за невработените во изминатите години се покажа мерката Самовработување со грант, преку која има можност да се добие неповратна помош за свој бизнис.

Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите и грант во износ од 307.500 денари по корисник.

Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица поради корона вирус-мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување кои влегуваат во потенцијални повратници во иднина во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп)

Аплицирањето е до 19 мај, а заинтересираните треба да се обратат во Центарот за вработување.

Млади кои студираат осигурување вклучени во програма за практиканти во СН Осигурителен Брокер АД Битола

– Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето.

Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува програма за практиканти преку која настојува да го поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето која ја избрале запишувајќи се на Факултетот за туризам и угостителство.

Истата се реализира како дел од соработката на СН Осигурителен Брокер АД Битола со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“.

„Преку практично запознавањето со сите сегменти на нашето работење, на студентите од соодветните струки им овозможуваме практикантска работа која има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса со тенденција на зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид, на отсекот осигурување во моментов се на практикантска работа во оваа општествено одговорна компанија. Тие велат дека практичната работа им овозможува непосредно да почуствуваат што значи да се работи во секторот на осигурувањето.

„Факултетот за туризам и угостителство нуди одлични услови за нас студентите, а отсекот осигурување најмногу го привлече мојот интерес. Праксата во СН Осигурителен Брокер во Битола верува дека многу позитивно ќе влијае на вкупните резултати од нашето студирање.“-вели Стојановска.

И Ристевски очекува голем бенефит од практичната работа.

„Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање и затоа праксата многу ми значи. Стручниот тим на оваа компанија, вложи голем труд и ни пренесе вредни искуства, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето.“-вели тој.

Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно на пазарот на трудот.

Градежници од Албанија фатени како работат без дозвола во Прилеп

-На 09.05.2023 во 12.20 часот во населбата Точила во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле К.М.(42) и Е.Ч.(36), двајцата од Република Албанија, затоа што, при извршена контрола заедно со Државен инспекторат за труд на градилиште на станбена зграда, биле затекнати при вршење работни задачи без дозвола.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка – информираат од МВР.

Весна Бејби направи “пастрма” од министерот за образование: Додека зборуваше, тој си чепкаше во телефонот (ВИДЕО)

Актерката Весна Бејби Петрушевска го „парталоса“ министерот за образование Јетон Шаќири за гледањето во неговиот мобилен телефон за време на дебатата за насилството во училиштата.

Ќосето има потреба од помош од сите нас: Поради повреда раката му станува нефункционална, потреба е итна операција во приватна клиника (ФОТО)

Горан Ангелов – Ќосето, кој е еден од осудените уставобранители има потреба од помош од секој хуман граѓанин.

Поради скинат мускул, раката почнува да му станува нефункционална, па според неговото пишување на социјалните мрежи, потребна е операција во некоја од приватните клиники. За ова Ангелов бара помош од сите хумани граѓани, а во неговата објава на Фејсбук објави и специјалистички извештај и трансакциска сметка.

Цената на нафтата во слободен пад на светските берзи: Ќе има ли нова корекција кај нас?

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел.

Аналитичарите велат дека зголемувањето на залихите на сурова нафта во Америка за околу 3,6 милиони барели е можен знак за пад на побарувачката, додека залихите на бензин исто така се зголемуваат за 399.000 барели. Претходно, аналитичарите предвидуваа пад на залихите на сурова нафта.

Во текот на денот ќе биде објавен потрошувачкиот индекс во Америка за април.

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Англија-Македонија: Еве како да набавите

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19. јуни, 2023 г. на стадионот Олд Трафорд во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во 10.00 часот наутро на 10. мај, 2023 година.

Билетите, кои ќе бидат со цена од 30 и 40 британски фунти, ќе можат да се купат директно од Англиската Федерација на следниот линк.

Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824

На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.

Важни напомени за посетителите на натпреварот:

-Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
-Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
-Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.