дома блог страница 1208

Maкедонска убавина во Германија: Црквата Св. Кирил и Методиј се подготвува за големото отварање (Фото/Видео)

Полека, но сигурно црквата во Дортмунд се спрема за големото свечено отварање. Црквата го носи името на светите браќа Кирил И Методиј, а според фотографиите кои ги објави порталот “Македонци во Германијa”, се работи за прекрасен духовен храм кој го краси шеснаесеткракото македонско сонце.

Повеќе детали за отварањето на овој црковен храм, како и за работата на црковната општина гледајте во интервјуто со Отец Душко:

Извор: “Македонци во Германија”

Турција: Три градови cpaмнети со земја, лuѓето затpyпани под урypнатините (Видео)

Земјотресот кој рано утринава околу три часот по локално време, го погоди југот на Турција, зад себе остави пустош, загинати, повредени и голем број на лица кои останаа затрупани под куп урнатини и бетон, јавуваат светските медиуми.

Епицентарот, како што е соопштено, се случил на 3 километри од градот Газиантепе на длабочина од 10 километри. Првиот земјотрес беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот еден час подоцна беше со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Првичните податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради.

Во некои градови, според објавеното, урнати и срамнети со земја се цели згради.

Според информациите од тамошните медиуми, пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Кахраманмарас е град кој претрпе исто така страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција.

Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата и е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.

За само неколку часа: Казнети107 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 107 возачи.

Од нив, 51 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 56 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Четири лица исчезнале на Кожув: Среќен крај на спасувачката акција

Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи.

– Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК.

Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија.

– Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК.

Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.

Девојче со ангелски глас: Слушнете ја Анастасија како пее песна за Гоце (Видео)

Анастасија Митровска, девојче да си здраво и живо!!!

Плачковци: Бугарите кои беа апceни вчера за напад на нашата полициja се жалат дека биле тепани – имале сино око и модринки

Тројцата Бугари од партијата Преродба кои вчера беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка.

Нивниот адвокат информира дека што по полноќ биле пуштени откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци. Адвокат кој има канцеларија во Ќустендил вели дека двајца од нив биле и тепани, пренесе БНР.

– И двајцата беа модри…Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето…ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт. На еден телефонот му го нема – исчезнал. Имало камери, ќе правеле истрага – изјави адвокатот.

(Видео) Америка окована во снег: Измерени температури и до -77 степени

Американските метеоролози објавија дека континенталниот дел на САД е под удар на најстудениот ветер што е забележан досега. Тие известуваат дека арктичкиот студ што доаѓа ќе парализира голем дел од Северна Америка, вклучително и Канада.

Поради ова, 100 милиони луѓе ширум североисточниот дел на САД и Канада веќе се под влијание на екстремно ниски температури од -23, па дури и до -77 Целзиусови степени.

Федералните власти предупредија дека луѓето не треба да излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно бидејќи смрзнатини може да се појават за 10 минути ако нема соодветни обувки и облека.

Прилепчани продолжуваат да газат! Триумф од 17 коша разлика над Гостивар

Мега баскетџиите од Прилеп и овој викенд убедливи. Победничката низа ја продолжија со голем триумф над Гостивар 2 со 94:77 и се зацврстија на првото место на табелата во Третата лига Б-група,

Со овој триумф прилепчани уште еднаш докажаа дека се најсериозен кандидат за пласман во еден ранг погоре. Во моментов Мега бакет со 18 бода е лидер на табелата, а зад нив се Тетекс, Гостивар 2 и ИБА баскет со по 14 освоени бода.

Во наредното коло прилепчани гостуваат во Дебар кај Дибра иглс.

Историчарот Ѓорѓиев: “Гоце ги чкртнал Бугарите во Уставот и пишал Македонец, епа кога тој ги чкртнал нема ни ние да ги внесеме”

На вчерашмата трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот по историја, Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.

– Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети, при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата – рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.

– Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец – дециден е Ѓорѓиев, порачувајќи дека штом Гоце ги избришал Бугарите од Уставот, и ние нема да ги внесеме.

Успешна спacyвачка акциja на полициjaта: Млад брачен пар заглавил во снегот кај Крушево

На 04.02.2023 во 16.23 часот во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.