дома блог страница 1210

Вработен во општина ги распарчил гумите на автомобилот од градоначалникот

Од МВР изјавуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Вчеравечер, еден и пол час пред полноќ, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во Општината.

„Градоначалникот на општина Штип пријавил дека Ј. М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило што го користел градоначалникот од страна на Ј. М. биле исечени“, велат од МВР.

За прв пат Македонец ќе оценува напредок на друга држава во Советот на Европа

Мониторинг комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа ме избра за известител за Босна и Херцеговина.

Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските кои што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред се во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето на фунционална правна држава, истална Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето видео обраќање од Советот на Европа.

-Ова е огромна чест за мене. Но, во исто време претставува признание за Македонија, затоа што македонски пратеник конечно е во позиција да пишува извештаи и да известува за она што се случува во други држави, а не само Македонија да е под мониторинг и други да известуваат за Македонија.

Ова значи многу за Македонија, затоа што значи многу за имиџот на државата, значи дека Македонија може и има политичари кои што може да ја претставуваат надвор од државата, а јас ќе се потрудам со сиот мој капацитет и со сиот мој авторитет да направиме добри работи за регионот, од кој што дел секако е и Босна и Херцеговина.

Се надевам дека државата ќе напредува и се надевам дека ќе видиме и во Сараево и во Бања Лука и секаде онаму каде што ќе одиме и во Мостар и во останатите градови напредок кон едно пофункционално владеење на правото, ќе видиме напредок кон една хармонизирана држава, ќе видиме напредок кон исполнување на обврските кои што ги има Босна и Херцеговина кон Советот на Европа, и секако почитување на Дејтонскиот мировен договор и сите останати одлуки кои што ги имаат донесено Советот на Европа, ЕУ и ОН за Босна и Херцеговина, додава Николоски.

До каде е изградбата на Формула 1 патеката? Полицијата казни 186 лица за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 102 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Tpaмп ќе биде yaпceн оваа недела?

Американците очекуваат поранешниот американски претседател Доналд Трамп да биде уапсен во Њујорк оваа недела и да се појави на суд следната недела под обвинение за фалсификување деловни документи.

Според американските медиуми, големата порота свикана од окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, денеска ќе го потврди обвинението против Трамп, а Тајната служба, која ги штити и поранешните претседатели, се координира со обвинителите и њујоршката полиција во врска со следната посета на Трамп на судот.

Трамп најави дека ќе биде уапсен во вторник и ги повика неговите приврзаници на протест, но во понеделник се собраа само неколку негови приврзаници со транспаренти. Трамп нема да биде уапсен ако доброволно дозволи да му се земат отпечатоци и фотографии за неговата евиденција, бидејќи наводните прекршоци не се големи злосторства.

Пред изборите во 2016 година, поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи за аферата со Трамп. Коен заврши во затвор поради кршење на федералните закони за финансирање на кампањата и сега е клучен сведок против Трамп.

Важно известување: Водата од овие чешми во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и с.Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Канатларци – бензиска – водоводна мрежа, л.в.с. Ерековци – двор – водоводна мрежа, л.в.с. Тројкрсти – двор – водоводна мрежа и Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара за употреба.

Нутриционистка објаснува: Еве кој треба и кој не треба да јаде млад кромид

Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести.

Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото.

Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.

-Малку или воопошто не треба да јадете млад кромид ако имате чувствителен стомак или желудник, ако страдате од гастритис или имате киселини. Како и да е, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, но неопходно е да се внесат онолку колку што му годи на вашиот организам, вели Нефедова.

Таа советува и дека за да останет свеж и да не ги изгуби своите корисни својства, неопходно е младиот кромид да се чува во фрижидер и тоа стебленцата да не се прилепени едно до друго, за да се избегне гниењето.

Млада девојка го загyби животот во cooбpaќajка на патот Битола-Кичево

Вчера попладнето околу 16:30 часот, во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила cooбpaќajна незгода во која животот го загyбила Ј. Г. (25 г.), која живее во демирхисарското село Белче.

Од СВР-Битола вечерва соопштија дека во cooбраќajната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, изгyбил контpoла над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повpeди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинcка помош е констатиpaно cмpт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола конcтатиpaни се тешки телecни повpeди.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

Лапорта ја доби првата битка – Барселона не поткупyвала судии

Управата на Барселона, предводена од претседателот Жоан Лапорта, ја доби првата битка по избивањето на аферата Негреира со која каталонскиот тим беше обвинет дека ги поткупувал судиите.

Шпанското министерство за финансии, денеска соопшти дека нема докази дека парите кои Барселона му ги уплаќала на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига, Енрикес Негреира, биле користени за поткупување на судии.

Лапорта упорно ги негираше обвинувањата од медиумите и од јавното обвинителство кое поднесе тужба, дека му плаќале на Негреира за поткупување на судии, и сега доби потврда за тоа од шпанската влада.

Првиот човек на каталонскиот тим, откако се појавија обвинувањата, изјави дека тие му плаќале на Негреира, за да врши анализа на судењето на натпреварите на Барселона и тоа е легално во Шпанија и истото го прават сите големи екипи.

E сега ќе се живее каде каде подобро: “Замрзнаа” јајцата во Македонија

Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што ја набавувале во јануари и февруари годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.

Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период.

Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми.

Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните.

Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи. И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката.

Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.

-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Утре е голем празник: Македонскиот народ има многу обичаи поврзани со овој ден

Младенци – еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.

Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со црвени букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Постои и верување дека „Какво е времето на тој ден, такво ќе биде цела пролет“. Како и да е, ова нека остане само верување, а ние пролетта ја сакаме каква што треба да биде вистинска пролет со сонце и расцветани дрвја.