дома блог страница 1192

Што си е сигурно, си е сигурно: Две години криел од сопругата дека станал милионер

Љубовта се заснова на доверба. Така велат сите што веруваат во љубов. Сепак, се чини дека еден Кинез, кој во локалните медиуми е претставен само под презимето Џоу, не верува во оваа изрека. Цели две години успеал да сокрие од сопругата дека добил на лотарија.

Добитните бројки му ја збогатиле сметката за 1,36 милиони евра или околу 10 милиони јуани.

Откако г-ѓа Џоу дознала за тоа, побарала развод, а судот во Венџоу во источната кинеска провинција Жеџијанг на 1 февруари пресудил дека Џоу мора да и плати отштета од повеќе милиони на својата сопруга, пренесува CdM.

За време на судењето било кажано дека мажот и префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите легнале на неговата сметка, а неколку дена подоцна подигнал 700 илјади јуани за да и помогне на поранешната сопруга да купи стан.

Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и поранешната сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да се избори за 60 отсто од тој дел од добивката.

Ниту една од страните не поднела жалба, а медиумите не наведуваат зошто сопругот решил да крие од својата „драга“ дека се збогатил, објави „Хангжу дејли“.

Oваа земја донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа

Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им се дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе таков закон.

Законот предвидува право на тридневно менструално отсуство со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, проследен со тешки грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање.

Законот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, што вклучува мерка со која граѓаните на возраст од 16 и повеќе години можат да абортираат или да го променат полот во документот за идентификација.

Според новиот закон, владата ќе обезбеди бесплатни хигиенски производи за жените во одредени јавни институции.

Еве колку ќе ве чинат документите за да станете “северни”

Не е само промената на регистарските таблички со кратенката МК во НМК, до февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, на сите македонски документи ќе треба да стои Ребпублика Ceверна Македонија – лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи…

Граѓаните, ни криви ни должни, од свој џеб ќе треба речиси 4.000 денари за да го променат докуметите за на нив да пишува Cеверна, анализира „Алфа“.

Цена за менување на лични документи:

Лична карта – 190 денари Пасош – 1700 денари

Возачка дозвола – 390 денари Регистарски таблици – 1250 денари

Сообраќајна дозвола -250 денари Вкупно – 3780 денари

Што значи дека едно просечно македонско семејство од својот буџет ќе треба да издвои дури 7.560 денари за промена на документите, а доколку двајцата сопружници поседуваат автомобил цената ќе биде повисока за 1.500 денари, односно ќе треба да плата вкупно 9.060 денари, доколку досега не ги смениле дел од документите. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18.000 денари, тоа значи дека половина од платата на еден член од семејството ќе треба да ја дадат оти владата на Заев потпиша договор за промена на името.

Доколку возачите не ги исполнат обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, сообраќајната полиција ќе може да ги казни до 100 евра тие кои што не ги замениле регистерските таблички.

Ваков xaoc не е виден: Синдикатите најавуваат генерален штpajк во здpaвството

Лекарите на протест пред Фондот ја бараат јануарската плата која доцни поради хакираниот напад… Надлежните уверуваат дека проблемот ќе се реши за скоро.

Подолу од ова не може! Со ваква порака и барања за плати и почит за белите мантили од Независниот медицински синдикат од Тетово протестираа пред зградата на Фондот за здравствено осигурување. По најавите од Синдикатот на Клинички дека ако нема плата до понеделник нема да се работи, на генерален штрајк повикуваат и здравствените работници од Тетово.

Во меѓувреме, првиот човек на Владата Димитар Ковачевски бара трпение од лекарите и вработените, од бремените жени што чекаат исплати, но и од пациентите, помеѓу кои има и такви со мозочни удари што на шалтерите на ФЗО речиси секој ден одат за да си ги побараат парите од ланските боледувања. Тој тврди дека се работи на решавање на хакерскиот напад на Фондот и уверува дека проблемот за кој има и помош од експерти од Германија, скоро ќе ќе бил решен. Ковачевски појаснува дека за граѓаните и лекарите да не чекаат предолго, се размислува за опцијата парите за исплати да се земат од главната каса на Министерството за финансии, па потоа да се порамнуваат сметките со Фондот.

„Свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат и свои обврски, како кредитни и дебитни картички, разговаравме за можноста да се направи исплата преку централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот на Фондот за здравство. Така што, сега и Министерсвото за финансии е вклучено. Се работи за комплексна операција и упатувам апел до сите вработени во здравството и сите корисници на услугите на фондот за здравствено осигурување да имаат трпение.“

Директорката на Фондот Магдалена Филиповска Грашкоска, пак, веќе десетина дена одбива јавно да проговори за проблемите и лично да даде образложение за состојбите на системот што инаку раководи со парите за здравственото осигурување на граѓаните. Алатката која ја користат се писмени соопштенија , преку кои посочуваат дека работат со болниците за да ја добијат потребната документација за исплата на плати.

Во меѓувреме, токму од Фондот се земат пари и за лекот „Трикафта“ за најтешко болните од цистична фиброза, ама надлежните тврдат дека финансиите претходно биле обезбедени. Сега, добавувачот дал број на количини на пакувања, ама не се знае кога тие точно ќе дојдат до пациентите, бидејќи, според надлежните, се произведувале по нарачка и нема на залиха. Инаку, иако најавувани две недели по ред, предлог законските измени кои ќе овозможат дирекни преговори за пониски цени помеѓу државата и производителот се уште не се доставени во Собрание.

Maли сте ако сте од Прилеп, а овие фотографии денеска ви изгледаат како научна фантастика

Старата фонтана кај сегашното спомен обележје на Итар Пејо, фонтаната кај поштата и старите реклами…добар дел од новите генерации веројатно ги немаат видено ниту на фотографија.

Мало потсетување кое буди спомени и носталгија за едно не толку далечно време.

Фонтаната кај градската пошта која беше срушена поради изградба на кружен тек

Старата фонтана во центарот на градот

Како изгледаа познатите “Реклами”

Чувајте се, веќе никој не е cигypeн: Paзбojник нападнал жена во згpaда, камерите помогнале брзо да биде фатен (ФОТО)

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери. Жената имала повреди на окото, вратот и раката, јавно сведочи Анета Малова.

„Видеото нема да го објавам затоа што ми се превртува желудник секојпат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника. За среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но за жал, од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сите останати, внимавајте, Скопје одамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. Комшии, кога ќе слушнете повик за помош, не игнорирајте“, пишува во јавната објава на скопјанката.

Од МВР посочуваат дека за разбојништво извршено врз жена на дрзок начин е уапсен 39-годишен скопјанец. Во однос на кражбите, се обидуваат да ги расчистат и да ги фатат сторителите.

„Согласно статистичките податоци, периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби во куќи и 4 (четири) тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување. Во однос на делот од прашањето за наводни напади на 11 жени на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби на дрзок начин и 1 (едно) кривично дело Обид за разбојништво. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство“, посочуваат од МВР.

Ова не е првпат преку апели, скопјани да се штитат од разбојници и крадци.

Прилепчанка yaпceна на патот Кичево-Осломеј – Полициjaта и’ пронашла мapиxyaна

На 15.02.2023 во 21.30 часот кај месноста „Чука“ на регионалниот пат Кичево – Осломеј, полициски службеници од ОВР Кичево ја привеле Џ.А.(29) од Прилеп, со привремен престој во Кичево, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претрес во домовите на двајца прилепчани, едниот малолетник – пpoнajдена дpoга

На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Известување до верниците од прилепските црковни храмови за престојната Задушница

Во храмовите Света Петка во нас. Точила и Св. Кирил и Методиј (Параклис) во петок (17.02) и сабота (18.02) ќе се пеат помени за покој на душите на починатите во периодот од 7:30 до 9:00 часот и попладне од 16:00 до 17:00 часот.

Во петок (17.02) и сабота (18.02) на Новите градски гробишта помените ќе се пеат со почеток во 12:00 часот, а на Старите градски гробишта со почеток во 13:00 часот.

Во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.00 часот и од 15.00 до 16.30 часот, двата дена.

Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Бог да ги прости починатите и да им дарува Царство Небесно – стои во соопштението од црковните храмови во Прилеп.

Ниту една од неговите згради не се cpyши во земjoтpecoт: Му велеле дека неговите згради се гpди, а сега сакаат да му дадат медал

Бројни сопственици и изведувачи на зградите кои се срушија како кули од карти во Турција се уапсени овие денови по катастрофалниот земјотрес кој одзеде над 41 илјада жртва.

Меѓу нив не е еден човек чие видео денеска турските медиуми го пренесуваат во текот на целиот ден.

Илјадници згради беа срамнети со земја, но не и зградите на овој изведувач и сопственик на градежна фирма.

Зборувајќи пред една негова зграда која го издржала потресот, вели:

„Додека ги градев зградите ми пишуваа стотици казни, бидејќи моите згради не беа „фенси“, сега ми ѕвонат и ми кажуваат: „Ќе ти дадеме медал, се срушија овие „фенси“ зградите“, вели тој.

Потоа додава дека неговите столбови се изградени без штедење и на солиден начин, за разлика од останатите изведувачи и фирми во тој регион.

Инаку најмалку 26 лица се уапсени и се сомничат за недостатоци при градењето на зградите кои се урнаа во земјотресот минатиот понеделник.