дома блог страница 1191

27-годнишник си ја пpeтепал сопствената мajка

На 16.02.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека Н.Џ.(27) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Промовирана книгата за г.г. Ангелариј од д-р Бранко Стојаноски, прилепчанец доктор по интерна медицина во Германија (Фото)

Вчера во просториите на градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, беше промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г.г. Ангелариј“ од авторот д-р Бранко Стојановски, наш сограѓанин прилепчанец, инаку доктор по интерни болести, кој повеќе од една деценија живее и работи во Германија.

За делото говореа Слободан Беличански и Моника Талеска. Присутните ги поздрави и градоначалникот Борче Јовчески.

Промоцијата ја отвори и со своите изведби ја збогати хорот „Света Петка“ под диригентство на Гоце Секулоски.

-Оваа книга како бесценето четиво за делото на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј кој што е роден во Долнени, Прилеп, потсетува за придонесот на нашите предци во борбата за конечно признавање на македонскиот народ и држава. Нашата татковина Република Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа личности чии дела ја градат нашата историја, нашето вредно културно наследство кое што како единствен дар и со аманет ќе го предаваме на поколенијата – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп.

МЗШВ: Исплатени 422,4 милиони денари субвенции за полјоделски култури на над 24.000 корисници

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на полјоделски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите за полјоделски култури.

Исплатена е финасиска поддршка од 422,4 милиони денари за над 24.000 корисници. Како корисници на финасиската поддршка се јавуваат земјоделските стопанства кои во 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со полјоделски култури. Висината на поддршката изнесува 6000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде поддршката изнесува 8000 денари по хектар и поддршката за ориз која изнесува 18.000 денари по хектар.

Претходно АФПЗРР навремено изврши исплата и на субвенциите кај лозарите во вредност од 597 милиони денари, до 14.830 лозаропроизводители. Дополнително во следниот период АФПЗРР продолжува со обработка на барањата за исплата на субвенциите кај растителното и сточарско производство по што ќе следи и нивна исплата.

Земјоделството е главен приоритет на Владата. Преку досега најголемиот земјоделски буџет вреден 200 милиони евра обезбедени се средства за редовна и навремена исплата на субвенциите за сите земјоделци.

Започна првиот „Prilep OUTLET Weekend“: Денеска и утре попусти во над 200 дуќани

Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија денеска и утре се одржува првиот „Prilep OUTLET Weekend“.

Во него се вклучија над 200 трговци кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Големиот интерес за купување на купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко од Македонија, на првиот „Prilep OUTLET Weekend“ им нуди шопинг забава и евтино купување на брендови. Попусти, велат прилепските трговци, има до 70% на секој чош!

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи има за сите муштерии, а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 19:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени, а „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани нуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и кафулињата, кое ќе преставува посебно уживање за сите оние кои денеска и утре ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира за прв пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.

Крушево: Не турале сол за да не ги оштетат бекатон плочките, а човек лежел беспомошно на мразот – брзата помош едвај стигнала до него

Фејсбук статус на Алекс Пупи Стефановски, лекар во ЈЗУ Здравствен дом Крушево

Апел до надлежните во о. Крушево. Иако во изминатиов период се изнаслушавме дека сме ваква, таква, дестинација. Да ве известам дека оваа вечер екипата на ИМП – Крушево, имаше повик на улицата која е на сликите,за паднато лице.

Ние како екипа немавме можност да стигнеме до местото бидејки цела улица беше со мраз, лицето безпомошно лежеше на мразот, за на крај да моравме да побараме чорапи од куќата во близина, да ставиме над нашите чизми и да фрлиме неколку лопати земја, за да стигнеме до лицето, имајќи предвид дека требаше да ја застанеме носилката и потоа да го однесиме до комбето, незнам ова како ви звучи, но жално е.

Од луѓето кои излегоа да ни помогнат слушнавме дека неколку пати било апелирано да се фрли сол но им било одговорено дека ќе се оштетат бехатон коцките, зарем човечкиот живот е поефтин од коцките, кои може да се заменат.

По оваа улица може само да се лета, но не и да се оди.Ако планиравте утре да ја посолите улицата, касно е. Човекот е веќе во болница. Но на неговото место можеше да биди секој од нас.

(ВИДЕО) Херојски чин на турски медицински сестри: Ги држеа инкубаторите со пpeдвpeмено poдени деца додека траеше земjoтpecoт

Во моментот кога почна да се тресе целата болница, две медицински сестри, наместо да истрчаат надвор, брзаа кон одделот на кој се сместени предвремено родените бебиња и останаа да внимаваат инкубаторите да не паднат до крајот на земјотресот.

„За време на првиот потрес, нашите две пријателки, медицински сестри, покажаа неверојатна храброст. Наместо да трчаат надвор, тие ги чуваа инкубаторите“, се вели во пораката на Твитер.

Tурскиот град Кахраманмараш снимен со дрон пред и по земјотpecoт (Видео)

Снимките од воздух направени во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот во Турција, на фреквентните улици во градот пред и по катастрофата, го открија размерот на разорувањето.

Видеото го објави турската новинска агенција „Анадолија“.

Што си е сигурно, си е сигурно: Две години криел од сопругата дека станал милионер

Љубовта се заснова на доверба. Така велат сите што веруваат во љубов. Сепак, се чини дека еден Кинез, кој во локалните медиуми е претставен само под презимето Џоу, не верува во оваа изрека. Цели две години успеал да сокрие од сопругата дека добил на лотарија.

Добитните бројки му ја збогатиле сметката за 1,36 милиони евра или околу 10 милиони јуани.

Откако г-ѓа Џоу дознала за тоа, побарала развод, а судот во Венџоу во источната кинеска провинција Жеџијанг на 1 февруари пресудил дека Џоу мора да и плати отштета од повеќе милиони на својата сопруга, пренесува CdM.

За време на судењето било кажано дека мажот и префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите легнале на неговата сметка, а неколку дена подоцна подигнал 700 илјади јуани за да и помогне на поранешната сопруга да купи стан.

Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и поранешната сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да се избори за 60 отсто од тој дел од добивката.

Ниту една од страните не поднела жалба, а медиумите не наведуваат зошто сопругот решил да крие од својата „драга“ дека се збогатил, објави „Хангжу дејли“.

Oваа земја донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа

Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им се дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе таков закон.

Законот предвидува право на тридневно менструално отсуство со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, проследен со тешки грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање.

Законот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, што вклучува мерка со која граѓаните на возраст од 16 и повеќе години можат да абортираат или да го променат полот во документот за идентификација.

Според новиот закон, владата ќе обезбеди бесплатни хигиенски производи за жените во одредени јавни институции.

Еве колку ќе ве чинат документите за да станете “северни”

Не е само промената на регистарските таблички со кратенката МК во НМК, до февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, на сите македонски документи ќе треба да стои Ребпублика Ceверна Македонија – лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи…

Граѓаните, ни криви ни должни, од свој џеб ќе треба речиси 4.000 денари за да го променат докуметите за на нив да пишува Cеверна, анализира „Алфа“.

Цена за менување на лични документи:

Лична карта – 190 денари Пасош – 1700 денари

Возачка дозвола – 390 денари Регистарски таблици – 1250 денари

Сообраќајна дозвола -250 денари Вкупно – 3780 денари

Што значи дека едно просечно македонско семејство од својот буџет ќе треба да издвои дури 7.560 денари за промена на документите, а доколку двајцата сопружници поседуваат автомобил цената ќе биде повисока за 1.500 денари, односно ќе треба да плата вкупно 9.060 денари, доколку досега не ги смениле дел од документите. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18.000 денари, тоа значи дека половина од платата на еден член од семејството ќе треба да ја дадат оти владата на Заев потпиша договор за промена на името.

Доколку возачите не ги исполнат обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, сообраќајната полиција ќе може да ги казни до 100 евра тие кои што не ги замениле регистерските таблички.