Девојки не пропуштајте! На 4-ти јуни во хотел “Кристал Палас” во Прилеп – Единствена можност да се запознаете со “Coral Nails Tech”

КОРАЛ НАИЛС е професионална линија на производи за изработка на нокти, и тоа не било каква колекција, туку производи кои ги освоија женските срца ширум светот.

Се работи за бренд без конкуренција, во чиј квалитет досега се уверија голем број познати личности кај нас. Дека тоа е така потврдува и познатата естрадна пејачка и сопственик на козметичкиот салон “ЕН Бјути”, прилепчанката Елена Јовческа.

Таа без двоумење реши да го поддржи и да застане зад КОРАЛ НАИЛС, а она што особено инспирира и му дава еден посебен белег на брендот, е приказната која стои зад истиот.

Идејата за креирање на оваа беспрекорна линија производи доаѓа од едно мало италијанско поморско градче кај Сицилија и приказната за брачен пар кој имале 5 деца. Мајката била вљубеник на коралите и нивното совршенство и од таа причина почетните букви на имињата на своите 5 деца ги формира од буквите кој што го содржат зборот КОРАЛ.

Карло
Оливиа
Рикардо
Андреа
Лоренцо

Таткото бил рибар и вљубеник во морските предизвици, секоја прилика кога бил на риболов успевал да се прикраде до некој гребен и да украде еден корал и да и го подари на својата сакана. Тие животот продолжиле да го живеат во малото поморско селце додека сите 5те деца биле преселени да живеат и рабптат во внатрешноста на Италија.

Мајката за својот 80ти роденден на сопругот му ја кажала својата желба за својот роденденски подарок и посакала да и подари повторно некој Корал, кој ке биде поразличен од сите оние кој што ги имала во својата колекција.

Таткото долго време се трудел да најде начин за да стигне до тој Корал кој незнаел ни самиот како изгледа и по некое време се досетил и за 80от роденден ги повикал сите 5 деца (чии почетни имиња го даваат зборот Корал).

На тој начин и подарил „КОРАЛ“ кој е совршен плод на нивната љубов и со сигурност е поразличен од сите корали кој што ги имала во својата колекција.

Во знак на таа приказна и љубовта кон Коралите, денес името на оваа професионална линија која повторно е симбол на убавината го носи името Корал. Сопсвеност на едно од нивните деца.

„Токму поради сите овие причини и прекрасната приказна од која започнува се, решив да застанам зад овој бренд, кој заслужено можам да потврдам дека е да без конкуренција. Сега како дел од тимот Ви претставуваме мастер левел ап семинар работилница која има еден вид на мала турнеа низ МАкедонија каде како мастер едукатор и добитник на прва награда нашиот мастер едукатор Наталија Павлович ке им даде шанса на сите што ќе се пријават да го почувствуваат светот на професионализмот и ќе им го покаже сито свое искуство зад кое стојат безброј едукации. Да не заборавам да ја споменам првата освоена награда на шампионатот во изработка на нокти во организација на Корал нелс Италија што се случи на 3 мај овој месец. Убавка Петков како менаџер и дистрибутер на брендот, голем професионалец и искусен претпиемач го препозна талентот и потенцијалот на ЕН Бјути студио вклучувајќи го целиот тим и заедно започнавме еден сериозен проект кој тек допрва ќе донесе уште поголеми успеси”, вели Елена Јовческа.

Сите оние кои се занимаваат со изработка на нокти, со програмата на КОРАЛ НАИЛС ќе можат да се запознаат на промотивниот настан, кој ќе се одржи на 04.06. во Хотел “Кристал Палас” во Прилеп.

Убавка Петров дистрибутер на Корал Неилс и Наталија Павловиќ бренд амасадор и едукатор

А потоа ќе следува и промотивниот настан во Хотел “Престол” во Охрид, кој ќе се одржи на 11.06.2023.

Целиот концепт на настаните е објаснат на флаерот во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.