Фатен 35-годишен битолчанец и спроведен во прилепскиот затвор: Извршил повеќе кражби и се барал со потерница

Денеска 26.05.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола на улица „Стерјо Ѓоргиев“ во Битола, по потерница од Основен суд Битола, приведен е З.Д.(35) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела кражби и тешки кражби во времетраење од две години, по што е спроведен во казнено поправна установа -Затвор Прилеп за издржување на казната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.