дома блог страница 1193

Ваков xaoc не е виден: Синдикатите најавуваат генерален штpajк во здpaвството

Лекарите на протест пред Фондот ја бараат јануарската плата која доцни поради хакираниот напад… Надлежните уверуваат дека проблемот ќе се реши за скоро.

Подолу од ова не може! Со ваква порака и барања за плати и почит за белите мантили од Независниот медицински синдикат од Тетово протестираа пред зградата на Фондот за здравствено осигурување. По најавите од Синдикатот на Клинички дека ако нема плата до понеделник нема да се работи, на генерален штрајк повикуваат и здравствените работници од Тетово.

Во меѓувреме, првиот човек на Владата Димитар Ковачевски бара трпение од лекарите и вработените, од бремените жени што чекаат исплати, но и од пациентите, помеѓу кои има и такви со мозочни удари што на шалтерите на ФЗО речиси секој ден одат за да си ги побараат парите од ланските боледувања. Тој тврди дека се работи на решавање на хакерскиот напад на Фондот и уверува дека проблемот за кој има и помош од експерти од Германија, скоро ќе ќе бил решен. Ковачевски појаснува дека за граѓаните и лекарите да не чекаат предолго, се размислува за опцијата парите за исплати да се земат од главната каса на Министерството за финансии, па потоа да се порамнуваат сметките со Фондот.

„Свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат и свои обврски, како кредитни и дебитни картички, разговаравме за можноста да се направи исплата преку централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот на Фондот за здравство. Така што, сега и Министерсвото за финансии е вклучено. Се работи за комплексна операција и упатувам апел до сите вработени во здравството и сите корисници на услугите на фондот за здравствено осигурување да имаат трпение.“

Директорката на Фондот Магдалена Филиповска Грашкоска, пак, веќе десетина дена одбива јавно да проговори за проблемите и лично да даде образложение за состојбите на системот што инаку раководи со парите за здравственото осигурување на граѓаните. Алатката која ја користат се писмени соопштенија , преку кои посочуваат дека работат со болниците за да ја добијат потребната документација за исплата на плати.

Во меѓувреме, токму од Фондот се земат пари и за лекот „Трикафта“ за најтешко болните од цистична фиброза, ама надлежните тврдат дека финансиите претходно биле обезбедени. Сега, добавувачот дал број на количини на пакувања, ама не се знае кога тие точно ќе дојдат до пациентите, бидејќи, според надлежните, се произведувале по нарачка и нема на залиха. Инаку, иако најавувани две недели по ред, предлог законските измени кои ќе овозможат дирекни преговори за пониски цени помеѓу државата и производителот се уште не се доставени во Собрание.

Maли сте ако сте од Прилеп, а овие фотографии денеска ви изгледаат како научна фантастика

Старата фонтана кај сегашното спомен обележје на Итар Пејо, фонтаната кај поштата и старите реклами…добар дел од новите генерации веројатно ги немаат видено ниту на фотографија.

Мало потсетување кое буди спомени и носталгија за едно не толку далечно време.

Фонтаната кај градската пошта која беше срушена поради изградба на кружен тек

Старата фонтана во центарот на градот

Како изгледаа познатите “Реклами”

Чувајте се, веќе никој не е cигypeн: Paзбojник нападнал жена во згpaда, камерите помогнале брзо да биде фатен (ФОТО)

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери. Жената имала повреди на окото, вратот и раката, јавно сведочи Анета Малова.

„Видеото нема да го објавам затоа што ми се превртува желудник секојпат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника. За среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но за жал, од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сите останати, внимавајте, Скопје одамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. Комшии, кога ќе слушнете повик за помош, не игнорирајте“, пишува во јавната објава на скопјанката.

Од МВР посочуваат дека за разбојништво извршено врз жена на дрзок начин е уапсен 39-годишен скопјанец. Во однос на кражбите, се обидуваат да ги расчистат и да ги фатат сторителите.

„Согласно статистичките податоци, периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби во куќи и 4 (четири) тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување. Во однос на делот од прашањето за наводни напади на 11 жени на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби на дрзок начин и 1 (едно) кривично дело Обид за разбојништво. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство“, посочуваат од МВР.

Ова не е првпат преку апели, скопјани да се штитат од разбојници и крадци.

Прилепчанка yaпceна на патот Кичево-Осломеј – Полициjaта и’ пронашла мapиxyaна

На 15.02.2023 во 21.30 часот кај месноста „Чука“ на регионалниот пат Кичево – Осломеј, полициски службеници од ОВР Кичево ја привеле Џ.А.(29) од Прилеп, со привремен престој во Кичево, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претрес во домовите на двајца прилепчани, едниот малолетник – пpoнajдена дpoга

На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Известување до верниците од прилепските црковни храмови за престојната Задушница

Во храмовите Света Петка во нас. Точила и Св. Кирил и Методиј (Параклис) во петок (17.02) и сабота (18.02) ќе се пеат помени за покој на душите на починатите во периодот од 7:30 до 9:00 часот и попладне од 16:00 до 17:00 часот.

Во петок (17.02) и сабота (18.02) на Новите градски гробишта помените ќе се пеат со почеток во 12:00 часот, а на Старите градски гробишта со почеток во 13:00 часот.

Во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.00 часот и од 15.00 до 16.30 часот, двата дена.

Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Бог да ги прости починатите и да им дарува Царство Небесно – стои во соопштението од црковните храмови во Прилеп.

Ниту една од неговите згради не се cpyши во земjoтpecoт: Му велеле дека неговите згради се гpди, а сега сакаат да му дадат медал

Бројни сопственици и изведувачи на зградите кои се срушија како кули од карти во Турција се уапсени овие денови по катастрофалниот земјотрес кој одзеде над 41 илјада жртва.

Меѓу нив не е еден човек чие видео денеска турските медиуми го пренесуваат во текот на целиот ден.

Илјадници згради беа срамнети со земја, но не и зградите на овој изведувач и сопственик на градежна фирма.

Зборувајќи пред една негова зграда која го издржала потресот, вели:

„Додека ги градев зградите ми пишуваа стотици казни, бидејќи моите згради не беа „фенси“, сега ми ѕвонат и ми кажуваат: „Ќе ти дадеме медал, се срушија овие „фенси“ зградите“, вели тој.

Потоа додава дека неговите столбови се изградени без штедење и на солиден начин, за разлика од останатите изведувачи и фирми во тој регион.

Инаку најмалку 26 лица се уапсени и се сомничат за недостатоци при градењето на зградите кои се урнаа во земјотресот минатиот понеделник.

Градоначалникот за дивоградби не ги толерирал ниту роднините: Во ова турско градче нема ниту еден загинат од земjoтpecoт, а се наоѓа недалеку од погодениот регион

Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња од џамиите. Никој не е загинат, никој не е тешко повреден, објавија бројни турски медиуми како Хуриет.

Градот Ерзин во турската провинција Хатај, во кој живеат околу 42 илјади жители, нема ниту една урната зграда ниту мртви или повредени, иако се наоѓа во средината на подрачјето погодено од земјотресите кои срамниија со земја повеќе околни градови и однесоа повеќе од 40.000 животи.

Во градот Хатај, на околу сто километри од Ерзин, земјотресите целосно уништија илјадници згради и ги претворија во куп урнатини, а тешко е оштетен и стариот град Османије, оддалечен само 20 километри, каде што илјадници луѓе загина под урнатините.

Во ниту еден од серијата застрашувачки земјотреси во Турција, од кои два беа со магнитуда од катастрофални 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ниту една станбена зграда не се урна во Ерзин. Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња од џамиите. Никој не е убиен, никој не е тешко повреден, објавија бројни турски медиуми како Хуриет.

Овој зачудувачки феномен медиумите и експертите го објаснуваат само со една разлика што го издвојува Ерзин од останатите соседни градови – неговата нулта толеранција кон дивоградбите, што со години ја спроведува посветениот градоначаник Океш Елмасоглу.

Говорејќи за турските медиуми градоначаникот Елмасоглу најпрво изрази жалење за смртните случаи, раните и загубите во другите турски окрузи, а потоа трпеливо објасни дека него и неговите сограѓани од злото ги спасиле не само среќата и милиот Бог, туку и многу памет, работа и почитување на законите.

Градоначалникот на Ерзин е долгогодишен и исклучително успешен непријател на секој облик на дивоградба, непочитување на стандардите за градење и неосновано издавање дозволи за градба. Поради ова многу негови сограѓани во почетокот биле изненадени, го исмејувале, па дури и му се заканувале.

– Кога ми се лутеа како градоначалник, често ми велеа: „Нема ли друг пристоен човек освен тебе во оваа земја? Зошто си единствениот кој упорно се придржува до правилата?“ Не поминаа ни три месеци откако бев избран на функцијата, а роднина дојде кај мене со молба да му помогнам бидејќи е казнет за дивоградба. Кога му кажав дека не можам да му помогнам, ме праша дали само јас сум нашол да се правам чесен во цела Турција – се сеќава градоначалникот на Ерзин.

Иронија – Битолчанка министер го згасна детскиот фестивал “Мал битолски Монмартр” кој се одржува во Битола

Министерката за култура е навредена од реакциите на јавноста за проектите од национален интерес, „Парада на Гордоста“ и „Прво па женско“ ќе се одржат со 395 илјади денари. И покрај коментари на културните работници и бурата од реакции во јавноста, не ја поколебаа министерка Бисера Костадиновска Стојчевска да го ревидира или повлече контроверзниот конкурс за доделување на пари за проекти од национален интерес. Токму, спротивното таа излезе да ги правда членовите на комисиите за нивните одлуки. Реакции има многу, како на пример тоа дека книгата за љубовта на „Гоце Делчев„ е одбиена, но меѓу одобрените проекти од национален интерес се наоѓаат Парада на Гордоста и феминистичкиот фестивал „Прво па Женско“, и двата финансирани со 395.000 денари. Таа не знаеше колку пари од колачот се одобрени за многубројните организации и здруженија чија дејност немаат никаква врска со националниот интерес.

„Не во овој момент навистина не знам колку пари се одобрени“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Во однос на партиските врски и концертот на Цветанка Ласкава таа негира дека имало привилегии при одлучувањето на комисијата. Не е првпат ова име да се поврзува со доделени средства, нејзината снаа демантираше дека зела 330.000 евра кои Фондот за иновации и ги додели за проектот наречен „Декорирај ме“.

„Никакви партиски или било ккави врски ен се земени во предвид при одлучувањето. Мислам дека вчера и ЛАскова имаше изјава по ова прашање“, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Поради кратење на парите од Министерството за култура згаснува скопскиот џез фестивал „ОФФ ФЕСТ“ и уметничката манифестација Мал Битолски Монмартр. Организаторот на скопскиот фестивал е револтиран од одлуката министерството да им го скрати буџетот на половина за разлика од лани, а детското ликовно студио од Битола за првпат после 55 години постоење нема да ја одржи светската детска ликовна колонија. Министерката ги повикува сите огорчени меѓу кои и организатор на ОФФ ФЕСТ да вложат жалба.

„ДОколку некој олучи да ги врати средствата тоа е нивна лична одлука, секој кој не е задоволен со решението може да вложи жалба во рок од 15 дена, жалбата ќе биде разгледана и ќе биде одлучено“, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Оваа година Министерството за култура располага со буџет од 3 милијарди и близу 800 илјади евра за разлика од лани кога изнесувал 3 милијарди е 985 илјади евра, што е видно намален за 20 проценти. Но, за интердисциплинарните проекти оваа година се издвоени 3 милиони денари повеќе за разлика од лани, односно лани биле одвоени близу 19 милиони денари, а оваа година се одвоени 22 милиони денари.

Алфа телевизија

Прилепчанец пyкал co пиштол и се заканyвал на свој сограѓанин, па го совладале

На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcката станица Прилеп го лишиле од cлобода Р.М.(63) од Прилеп.

Околу 18.10 часот, по претходна pacпpaвиja со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испyкал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели.

Според пpиjaвеното, А.М. и Л.П. ycпеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибap 9 мм. Увид бил извpшен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка.

Во полициска станица биле задржани А.М., Б.М. и Л.П. и бил извpшен cлyжбен paзговор со нив.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.