дома блог страница 1178

Уапсен 76-годишен жител од долненско Забрчани: Полицијата му пронајде ловечка пушка и пиштол “Црвена застава”

На 06.06.2023 во с.Забрчани, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.Т.(76) од с.Забрчани затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол „Црвена Застава“, рамка за пиштол, ремен за пушка и куршуми.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Во понеделник почнува Петровденскиот пост- еве колку време трае и што не треба да се јаде

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар во понеделник почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Прилепски инаетчија на векот: До знак за строго забрането фрлање отпад, ги послал сите непотребни работи од дома (ФОТО)

Која храброст ја имал нашиот сограѓанин, па преку ноќ на место каде стои табла со ,, забрането одлагање на отпад”, ја исфрлил целата покуќнина. И ова не е на периферијзта на градот, не е на некоја дива депонија, ова е скоро во центарот на градот, на 10 сетина метри од оградата на ОУ,, Кире Гаврилоски-Јане – пишуваат од ЈКП Комуналец Прилеп.

-И само што помислувате дека по поплавата која со себе го донесе и сиот отпад, совеста ќе ни проработи, наш сограѓанин преку ноќ го испразнил домот со непотребни стари кревети, теписи, пердиња, облека и обувки и ги исфрлил до мостот кој води во тиската населба.

Порака до ,, господинот”. Драг наш сограѓанину! За да бидеш господин во животот, само да си се јавел на 048 /428 992 и да пријавиш каков отпад треба да се подигне од твојот двор со бесплатната дополнителна линија од ,, Комуналец”, која секој четврток доаѓа на пријавената адреса и собира габаритен отпад и други ствари.
Драг ,, господине”, господин човек е оној кој ќе си ја организира работата, а други ќе му ја завршат.
Драг,, господине”, во 21 век, дозволувате Вашето дете утрово кога оди на училиште да ја види оваа грда слика во својот град и да има лоша перцепција во своето главче за својот роден град.
И за крај, Драг,, господине”, кога ќе бидете прав ГОСПОДИН?!

Комуналните работници веќе го исчистија местото, а случајот од страна на ,, Комуналеџ”, е пријавен во Инспекторатот при Локалната самоуправа – стои во објавата на јавното комунално претпријатие од Прилеп.

Ескобар го предупреди косовскиот премиер Курти: Имате рок од два дена да ги исполните барањата на САД, во спротивно…

Заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, кој заедно со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак вчера и денеска престојуваше во Приштина, му даде на косовскиот премиер Албин Курти рок од два дена да ги исполни барањата на САД и ЕУ за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат протестите на локалните Срби.

Обраќајќи им се на новинарите на крајот од посетата на Приштина, Ескобар рече дека Курти треба да одговори на барањата што ми ги пренесоа тој и Лајчак, затоа што в петок, 9 јуни, тие двајца треба да поднесат извештај пред нивните претпоставени за успехот на нивната последна посредничка мисија.

Забележувајќи дека има „одредени предизвици“ во односите со Курти, кај кого, според него, „нема инстинкт за соработка“, американскиот емисар рече дека доколку косовската влада не ги преземе бараните дејствија, ќе има одредени последици, но нагласи дека тоа нема да влијае на долгорочните односи меѓу САД и Косово.

-Сакам јасно да дадам на знаење дека ние ова не го гледаме како нешто што ќе има последици по нашите долгорочни односи, но нашите дејствија, кои ќе ги преземеме или нема да ги преземеме, ќе влијаат на дел од нашите односи. Не би зборувал повеќе за тоа, рече Ескобар.

Тој ги повтори барањата што заедно со посредникот на ЕУ, Лајчак, му ги изнел на Курти на синоќешната средба, додавајќи дека истото ќе го сторат и на средбите во Белград, каде што заминуваат по посетата на Приштина.

-Прво е деескалацијата, второ сакаме да видиме нови избори (во општините во северно Косово) со учество на Србите и трето – треба веднаш да се оствари напредок во спроведувањето на договорот од Охрид (меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ). Тоа подразбира дека треба да видиме реални напори на Косово во залагањето за Заедницата (на српски општини), а исто така дека треба да видиме чекори и од страна на Србија, изјави Ескобар.

Јовчески: Прилеп е домаќинска општина и враќаме долгови, а паралелно ги реализираме проектите за граѓаните

Борче Јовчески, градоначалник на град Прилеп на вчерашната трибина на тема земјоделие, а во рамки на активностите на „Ова е Македонија за сите” рече дека Прилеп е град на можности во кој има активности.

„Нашата одлука беше да ги слушнеме граѓаните и ги реализираме нивните идеи. Делуваме транспарентно и ни останува уште малку да реализираме од она што е предвидено за до крај на годинава. Наследивме голем долг и затоа побаравме општинска обврзница за да се реализираат предвидените проекти“, рече Јовчески.

Според градоначалникот граѓаните се задоволни затоа што се слуша нивниот глас и оти се работи транспарентно.

„Вративме 120 милиони денари долг и покажавме дека работиме домаќински. Прилеп е град меѓу првите десет општини кој е пример за домаќинско работење. Значи работиме и проекти, а враќаме и долгови“, рече градоначалникот.

Јовчески информираше и за тековните проекти.

„Почнавме градежна офанзива и со свои средства ќе се асфалтираме повеќе од 60 улици. Не постои училиште кое не е реновирано како внатрешните простории, така и спортските терени на отворено. Се одвојува многу и за културата и спортот, ни следи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински“, информираше Јовчески.

Голем раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ: Според анкетата на американскиот НДИ за партијата би гласале 21.5%, а за СДСМ 13,9%

Според најновата теренска анкета на НДИ доколку утре има избори во Македонија за ВМРО-ДППМНЕ би гласале 21,5%, додека за СДСМ само 13,9%.

Според анкетата 18,3 проценти од испитаниците не знаеле за кого ќе гласале на следните избори, додека одбиле да одговорат 8,5% од испитаните граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ 21,5%

СДСМ 13,9%

ДУИ 6,2%

Алијанса 3,4%

Беса 3,6%

Левица 2,9%

Максим 1,7%

Не знам 18,3%

Одбивам одговор 8,5%

На прашањето каде се движи државата дури 56% од испитаниците одговориле дека таа е во погрешна насока, додека само 11 проценти дека Македонија се движи во правилна насока.

56% во погрешна насока

11% правилна насока

Теренската анкета е направена од страна на НДИ на 1003 испитаници во месец април.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на Левичарскиот американски институт НДИ има раст од 4% додека СДСМ и ДУИ пад од речиси два проценти во споредба со анкетата направена во месец февруари и март, а објавена минатиот месец.

На прашањето тогаш „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“ повеќе од половина од испитаниците одговорија дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка доби Движењето Беса.

Оваа теренска анкета била спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

По оставката на Локвенец, Владата експресно назначи нов директор на Железници

Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје.

Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини. Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.

– Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Претрес во домот на 53-годишна дилерка од Битола – Полицијата имала што да види (ФОТО)

-На 06.06.2023 криминалистичката полиција при СВР Битола ја лиши од слобода З.М.(53)од Битола. Имено, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи З.М.(53)од Битола пронајдени се 96 паковки со марихуана, една паковка амфетамин, дигитална вага и други предмети. По документирање на настанот против З.М. ќе следува соодветна пријава по чл.215од КЗ – информираат од СВР Битола.

И едиствениот прилепски директор од СДСМ се симна од возот што заглави

Директорот на Јавното претпријатие „Железници на РСМ – инфраструктура“, Хари Локвенец, денеска поднесе оставка од функцијата.

Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.

Локвенец беше на функцијата директор од ноември 2020 година.

Американците свртија друга страна: Заедница на српски општини ќе биде формирана иако Курти тоа не го сака, порача Ескобар

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за виенскиот весник „Преса“ изјави дека Заедницата на српските општини во Косово мора да се формира.

Ескобар нагласи дека „Косово сега мора итно да се движи“ и посочи дека формирањето на ЗСО е меѓународна, законска, преземена обврска.

Формирањето на ЗСО не зависи од Албин Курти, истакна тој.

Тој посочи дека единствено прашање е дали Косово сака да чека евроатланска интеграција додека премиерот не ги исполни своите обврски.

Како што вели, ако Косово не сака нова Република Српска како во Босна и Херцеговина, тогаш мора да го претстави својот предлог што сака.

„Ни кажаа што не сакаат. Сега треба да ни кажат што сакаат, тоа го чекаме“, рече Ескобар.

Неподготвеноста на Приштина да се движи по ова прашање, според него, покажува „неподготвеност да се помири во сопствената земја“.

„Нашата порака до Косово и Србија е – додека двете страни не ги спроведат важните договори од договорот за нормализација, не е време за „бизнис како и обично“, подвлече Ескобар.

Тој рече и дека Србија треба да испрати јасна порака дека не толерира насилство, како врз мировните сили на КФОР, така и врз косовската полиција.