дома блог страница 1177

Не го фрлајте: Едноставен рецепт за вкусен појадок со бајат леб (ВИДЕО)

Состојки:

150 гр сирење
парчиња бајат леб
2 јајца
200 мл јогурт
неколку готови кори
масло
малку прашок за пециво

Скршете го сирењето, додадете јајце, млеко, прашок за пециво и 20 мл масло. Изедначете сè.

На масата раширете ја кората, подмачкајте ја и премачкајте ја со филот. Потопете парче леб од двете страни во подготвениот фил и ставете го на средината на корите.

Преклопете ги корите околу лебот и додадете уште малку фил со сирење и преклопете ја кората околу лебот. Се реди во плех за печење. Премачкајте ја уште малку и печете во рерна на 200 степени C 30 минути.

Уапceн малолетен разбојник во Кавадарци: Нападнал жена во парк и и’ одзел паричник

На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник.

Тој, исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е.

Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На прилепчанец му се запалил станот во Охрид

На 06.06.2023 во СВР Охрид е пријавено дека во стан на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид, сопственост на М.С.(42) од Прилеп, настанал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид – информираат од МВР.

Прилепскиот стратег стави потпис на 2-годишна соработка со Бутел: Екипата ветува рамноправна борба со ракометните сили идната сезона

Еден од најдобрите ракометари кои Прилеп ги има дадено, Горан Кузманоски-Таста, потпиша 2-годишен договор со екипата на РК Бутел.

Кузманоски ќе ја предводи скопската екипа која со нов стручен штаб и доста подмладена, ветува борба на само за плеј-оф разигрувањето, туку и за едно од местата кои водат во европските купови.

Маркукуле дознава дека Бутел во моментов е во преговори со неколку играчи, па во наредниот период новиот стручен тим ќе работи на комплетирање на екипата.

Да му посакаме среќа на прилепскиот стратег и веруваме дека ќе води рамо до рамо борба со ракометните сили: Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Познато е кога ќе се одржи јубилејното 20-то издание на “ПИВО ФЕСТ” во Прилеп

Потврдено, дваесеттото јубилејно издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, ќе се одржи од 13-16 јули.

Засега нема информации кои изведувачи можеме да ги очекуваме на фестивалската сцена во Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција и ја повика да се согласи на одложена примена на уставните измените

По лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, Мицкоски изјави дека прифаќа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ, која ќе ги усвои уставните измени, но тие да важат откако ќе се добијат гаранции од ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од најголемата опозициска партија откако портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека прифаќаат да не бидат во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени.

„Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените сè до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале или не сакале, следната година ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

По лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, Мицкоски изјави дека прифаќа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ, која ќе ги усвои уставните измени, но тие да важат откако ќе се добијат гаранции од ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, рече Мицкоски.

По искусниот Велески и голманот Ангелески, соработката со РК Прилеп ја продолжи и Христи Бикоски

РК Прилеп продолжува со градење на екипата за идната сезона во ракометната Супер лига.

По продолжувањето на соработката со искусниот дефанзивец Филип Велески, клубот го доведе и првото засилување – пикерот Томче Трајчевски, кој пристигна од екипата на Радовиш. Соработката со клубот ја продолжи и столбот на одбраната, голманот Иван Ангелески.

Денеска пристигна потврда дека во клубот останува и еден од најдобрите поединци минатата сезона, Христи Бикоски.

За Бикоски сезоната која претстои ќе биде петта по ред во жолто-црниот дрес и со тоа тој е еден од најискусните ракометари кои ќе го носат дресот на Прилеп и идната година.

За крајот на школската година “Палачинкијада” во Прилеп

Во петок на 09.06.2023 година со почеток од 18:00 часот, на камената бина на плоштадот „Александрија“, крајот на учебната година во Прилеп, ќе се одбележи со традиционалната манифестацијата „Палачинкијада“.

-Ќе се дружиме со „Биби“, ќе се забавуваме и ќе јадиме палачинки. На најдобрите ученици од основните и средните училишта од општина Прилеп ќе им бидат доделени пофалници – информираат од општина Прилеп.

Изгледа само прилепчани и битолчани плаќаат струја

Околу 200 жители на кумановското село Слупчане денеска насилно ги спречија екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото. Толпата го блокирала влезот на селото и не им дозволила на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот – објави “Плус Инфо”

Надлежните од ЕВН за ситуацијата го информирале Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции. Велат дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото и за да во иднина да не се соочуваат со дефекти.

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа” – информираат од ЕВН.

Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20% фактурирана енергија.

Уапсен 76-годишен жител од долненско Забрчани: Полицијата му пронајде ловечка пушка и пиштол “Црвена застава”

На 06.06.2023 во с.Забрчани, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.Т.(76) од с.Забрчани затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол „Црвена Застава“, рамка за пиштол, ремен за пушка и куршуми.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.