дома блог страница 1175

Мајка го криела синот во соба цели 59 години: Кој би рекол дека oва се случува на нашите простори

Драго Ј., иако е роден во 1948 година, повторно почна да постои дури во 2007 година. Имено, до март истата година, мајката на Драго, Вероника, го криела од светот. Заклучен во соба, со решетки на прозорецот, Драго живеел повеќе од половина век. За апсурдот да биде уште поголем, куќата на ужасот била на само неколку стотини метри од центарот за социјална работа на Бел Манастир, пишува Вечерњи лист.

Приказната за Драга, кој животот го помина во домашен притвор, без никаков контакт со надворешниот свет, пред 16 години ја потресе Барања и цела Хрватска.

„Невидливиот човек“ поминал 59 години од животот во куќата кој се наоѓа на улица Владан Десница 26 во Бел Манастир. Одвреме-навреме, мештаните, ноќе, на светлото гледаа силуета на маж во куќата, но не знаеја дека тоа е синот што мајката од раното детство го заклучувала во куќата, внимателно криејќи го од светот, пишува Вечерњи.

Соседите, со кои новинарите разговараа во 2007 година, тврдеа дека никогаш не го виделе Драго. Колку добро го криела мајка му говори и неверојатниот податок дека дури ни сопругата на неговиот брат не го видела, иако првите години од бракот живееле на иста адреса и делеле двор.

Накратко, речиси шест децении несреќниот човек всушност не постоел, бидејќи никој, освен неколку членови од неговото семејство, не знаел за него. Не си играл со врсниците, не славел родендени, не одел на училиште… Драго никогаш не запознал други луѓе, дури ни неговите први соседи. Не излегувал од дома да ужива во топлината на сонцето, да го почувствува ветерот на лицето, дише свеж воздух. Тој бил затворен 24/7 во четирите ѕида од неговата мала соба.

Единствениот прозорец, во таа соба на тагата, гледа кон дворот и е како затвор, обезбеден со решетки, кои се поставени на сите прозорци на куќата на ужасот, изградена на почетокот на минатиот век.

СН Осигурителен Брокер ја оправда довербата на инвеститорите, ја исплати првата годишна камата за корпоративната обврзница

СН Осигурителен Брокер АД Битола им исплати камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – емисија на обврзници со ИСИН код MKSNOB200014 и шифра на тргување SNBTO.

Каматата беше исплатена во текот на вчерашниот ден, при што право на камата имаат лицата регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – емисија на издавачот СН Осигурителен Брокер АД Битола во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 28.02.2023 година.

За илустрација, секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер, вчера остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата. Ова е највисоката камата не само од корпоративна обврзница, туку споредено и со други финансиски инструменти, бидејќи истиот износ на пари вложен во класичен банкарски депозит или орочен штеден влог во денари или евра, носи помал принос.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е и првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.

Предмет на јавната понуда беше првата емисија на 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност, односно корпоративни обврзници. Номиналната вредност на корпоративната обврзница е 10.000 денари по лот во вкупен номинален износ од 80 милиони денари. Еден лот е една обврзница. Продажбата се вршеше по пат на јавна понуда преку Македонска берза АД Скопје.

Заклучно со 26 февруари 2022 година, од понудените 8.000 корпоративни обврзници продадени се вкупно 7.583 хартии од вредност за износ од 75.830.000,00 денари. Тоа значи дека обврзницата е успешна, односно реализацијата е 94,7875 %.
На седница одржана на 27.05.2022 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација. Тоа значи дека имателите на обврзници, доколку имаат потреба од ликвидни средства, можат да ги продаваат обврзниците на секундарниот пазар.

Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период. Каматата се пресметува и се исплаќа во денари.

Дел од средствата кои СН Осигурителен Брокер ги обезбеди од издавањето корпоративна обврзница ги вложи во купување, модернизација и опремување на СН Мото центарот во Скопје, како и во информациски и комуникациски технологии, како што е предвидено во бизнис патоказот за периодот 2021 − 2025 година.

Со засилувањето на операциите во Скопје до денес речиси 80% од бизнис планот се веќе реализирани. Во тој конктекст, непосредно пред почетокот на 2023 година беше промовирана современа станица за технички преглед СН Мото центарот – најновата инвестиција на СН Брокер во Скопје, тешка 2,4 милиони евра.

Се работи за мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни во Момин Поток-Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метрикорисна површина и со најсовремена опрема и стручни кадри.

Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, цемт, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно и пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер достапни се сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување. Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Инаку, СН Осигурителен Брокер АД Битола континуирано остварува позитивни резултати од деловното работење. 2022 година друштвото ја заврши со 60.497.915 денари добивка и со растечки број од над 80.000 осигуреници.

Во СПОРТ ЛАЈФ стартува „До 50 шанси за 100.000 денари“

Започна акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“ на Sport Life, која ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од 27.02. до 26.03. 2023 година.

Во секоја поединечна етапа, од понеделник од 9 часот до недела до 23 часот, играчот кој има погодено најголем број натпревари од вкупниот број  типувани на тикетот, без разлика дали тикетот е добитен или промашен, е добитник на главната премија од 100.000 денари.

Второрангираниот ќе освои месечно обложување со вредносни ваучери од 200 денари на дневна основа, а месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари дневно, следуваат за треторангираниот играч. Секоја неделна етапа, нови добитници.

Играчите на Sport Life ги очекуваат возбудливи денови и можности да наредат и до 50 натпревари за типување на еден тикет за да освојат 100.000 денари. Минимална уплата на тикет е 20 денари, а при уплатата потребно е да ја приложат клуб картичката на Спорт Лајф.

Сите информации за акцијата и тековната ранг- листа на натпреварувачи се наоѓаат на вебсајтот на Спорт Лајф.

Oдлична можност за вработување во реномирана фирма: Се бараат работници од Прилеп

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Скопско со нова одлична акција за чисто Охридско Езеро

„Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа – НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година. Платформата е создадена со една единствена цел – преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.

„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините кои следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.

Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебарца, како и волонтерите.

„Полека но сигурно идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина,“ изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. Повеќе информации за платформата и планираните акции може да најдете на skopsko.mk.

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

-Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.

Кај него леб оделе да купат од сите страни на Прилеп, а погледнете ја само големината на векната во споредба со денеска (ФОТО)

Фурнаџијата Љубен Јошески, еден од најпознатите мајстори на својот занает што Прилеп го памети фотографиран во неговата фурна во далечната 1978 година.

-Кај Љубе одеа од едниот крај на градот на другиот. Од Тризла и касарни до Марино маало зад Гоце Делчев во кујчата кај шо му беше фурната. Да не зборуваме за оние кои имаа нивје во Сарика (сите купуваа леб од кај Љубе) – пишуваат прилепчани под фотографијата објавена на “Прилеп стари фотографии”

Фотографијата е испратена од Биле Јошеска

За Тримирот како обичај во Прилеп кој го практикуваат жените: Еве каде се греши и како со овој обичај се нapyшyва Великиот пocт

Во Прилеп преживеал обичај кој носи име – Тримир, и го „прославуваат“ жените. Овој адет се пренесува со генерации. Имено, домаќинка на Тримирот е мајката на „младата невеста“ и таа кани гостинки на прослава.

На „прославата“ се доаѓа со дар, односно некаков посен специјалитет, овошје или боза. На трпезата има зелници, гравче … Атмосферата е весела, распеана. Толку знам!

Во минатото било правило домаќинката да држи Тримир до денот кога доаѓале гостинките. Но што, во суштина, е Тримир-от?

Во вистинската смисла и суштина на зборот, тримирот е тридневно воздржување од храна и вода и претставува особен подвиг, се разбира пропратен со молитва, во светата Четириестница. На третиот ден „тримирџиите“ се причестуваат со телото и крвта Христови и се напиваат света вода.

Но, прославувањето за кое споменав, воопшто не соодветствува со вистинскиот Тримир. Денешните домаќинки, воопшто не постат, а уште помалку се причестуваат. Некои можеби и постат, но само заради адет.

Оние кои постат во вистинската смисла на зборот, ја познаваат суштината на постот и не организираат прослави зашто прославата не соодветствува со овие денови на пост и молитва.

Исто така, на трпезата се принесува храна подготвена со масло, а овие денови постот е „на вода“. Затоа, овој обичај, нема допирна точка со името кое го носи и со постот. Впрочем, овој обичај го нарушува Великиот пост.

Kpивична за жител од Албанија кој извршил paзбojништво во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.К.(57) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 21.01.2023 на ул.„Илинденска“ во Битола, пријавениот во куќа сопственост на К.С.(66) од Битола со употреба на физичка сила од неа одзел пари и мобилен телефон.

(Видео) Преживеал 31 ден во амазонската џунгла: Јадел инсекти и растенија додека се криел од јагуари

Џонатан Акоста од Боливија, беше пронајден откако талкаше по џунглата на Амазон 31 ден. Тој се изгубил кога се разделил од своите четворица пријатели додека биле на лов во северна Боливија.

Акоста вели дека пиел дождовница собрана во неговите чевли и јадел црви и инсекти додека се криел од јагуари.

„Неверојатно е, не можам да верувам дека луѓето ме бараа толку долго. Јадев црви, јадев инсекти, нема да верувате што морав да направам за да преживеам сето ова време. Благодарен сум на Бог затоа што ми даде нов живот“, низ солзи рекол Акоста, додавајќи дека јадел и диво овошје слично на папаја, локално познато како гаргати.