дома блог страница 1088

Милевски: “Против Италија мораме да функционираме како тим”

– Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во националниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, изјави Милевски.

Селекторот објави дека од првичниот список поради повреди отпаѓаат Марјан Радески, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми.

Милевски нагласи дека треба сите комплетно да ја согледаат реалната слика на македонскиот фудбал, додавајќи оти „црвено – жолтиот“ тим не е фудбалска велесила, а високиот пораз од Англија треба да послужи како отрезнување.

– Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од долу, да градиме тимски дух и тим, додаде Милевски.

Македонските фудбалери на 9 септември во Скопје ја пречекуваат Италија, а три денови подоцна гостуваат во Малта во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024.

(Видео) Лет од кошмарите: Никој не би сакал да лета во овој авион

Поради „силни турбуленции“ пред слетувањето во Атланта, 11 лица од летот на „Делта ерлајнс“ од Милано се пренесени во болница.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави за Си-Ен-Ен дека авионот слетал безбедно.

– Во авионот имало 151 патник и 14 членови на екипажот кога настанале турбуленциите – изјави портпаролот на „Делта ерлајнс“.

Исчезнат е прилепчанецот Иле Чавле – се упатил кон манастирот Трескавец и му се губи секоја трага

На социјалните мрежи се шири вест за исчезнат прилепчанец. Се работи за лицето Иле Чавле, кој последен пат бил виден пред да се упати кон манастирот Трескавец.

-ДРАГИ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМ ДЕКА МОЈОТ ЧИЧКО ИЛЕ ЧАВЛЕ Е ИЗЧЕЗНАТ. ЗАМИНАТ ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ САБАЈЛЕ НА МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ТРЕСКАВЕЦ ВО ВАРОШ И ПОВЕЌЕ НИШТО НЕ СЕ ЗНА ЗА НЕГО. АКО НЕКОЈ НЕШТО РАЗБЕРИ МОЖИ ДА СЕ ЈАВИ МОБ 070 82 84 86 И 077 647 606 077 647 607 – стои во објавата на социјалните мрежи која ја сподели Менде Чавле

Најава за втор дел од “ОГНЕНАТА ЗАБАВА” во прилепско (ВИДЕО)

Прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи.

Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово.

Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено.

Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица.

Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?

Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти.

Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!

Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.

Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија.

Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните.

Оставка веднаш!

26-годишно момче од Прилеп со автомобил удрил во 83-годишна сограѓанка

На 29.08.2023 во 12,00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Војводинска“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, удрило во Н.В.(83) од Прилеп.

По несреќата Н.В. била префрлена во Градската болница Прилеп каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

664 првачиња во Прилеп ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна

Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче.

Сите 664 првачиња од основните училишта од општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна.

-Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние, и локалната самоуправа и раководителите на образовните институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца – информираат од општина Прилеп.

18-годишно момче од Прилеп заврши со тешки повреди – Со мопед изгубил контрола и паднал на коловоз

На 28.08.2023 околу 20.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, М.С.(18) од Прилеп, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата, М.С. бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Прилепската полиција пронашла три 3 возила и 3 шпедитери натоварени со нелегално исечени дрва

Вчера (29.08.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани „Студенец” и „Дервен” пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Важно известување до граѓаните од општина Прилеп

Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп ги известува сите правни и физички лица кои имаат обврска за плаќање по основ на данок на имот и комунална такса одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски.

Исто така ги повикуваме сите граѓани кои што поседуваат имот, а немаат поднесено даночна пријава во одделениоето за администрирање на приход да го направат истото во најбрз можен рок.

Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица.

Локална самоуправа – Прилеп
Одделение за администрирање на приходи

(ВИДЕО) Претставување пред стотици навивачи и аплаузи за Несторовски во Асколи

По 4 години поминати на северот во Италија во Удине, Несторовски по трет пат ја промени средината на чизмата, откако вчера потпиша 2-годишен договор со второлигашот Асколи.

Иако за нашиот Иле беше заинтересирана и Сампдорија, каде тренер е Андреа Пирло, а се спомнуваа и неколку други клубови, тој се одлучи да продолжи во црно-белите бои, но овојпат на југот во Италија.

Несторовски имаше и одлична презентација пред голем број навивачи на клубот од Сериа Б, кој сезоната ја започна со два порази и нуту еден постигнат погодок. Навивачите на Асколи со право очекуваат популарниот “Нестор-гол” одново да се активира и да полне мрежи на стадионите ширум Италија.

„Многу сум среќен што го носам овој дрес и ви ветувам дека со гордост ќе ги бранам овие бои. Вечерва треба да им помогнеме на сите овие момчиња. Напред Пикио“, рече Несторовски пред навивачите.

Асколи е клуб кој досега 16 пати има играно во Сериа А и постои од 1898 година.