дома блог страница 1087

Еве кога ќе се одржи “Пиво Фест” 2023

На денешната седница на Совет на која советниците одлучуваа по 20-тина точки, голема дискусија се одвиваше за тоа дали оваа година ќе се одржи фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”.

Советниците од опозицијата бараа парите предвидени од буџетот на општината за фестивалот (1 милион денари), да се прераспределат за спорт и рекреација, но по пауза на говорницта се појави градоначалникот на општина Прилеп, кој информираше дека фестивалот не се откажува, туку се одложува за крајот на август.

Според Јовчески, 20-то јубилејно издание ќе се одржи од 31.08 до 03.09, што значи дека јавноста наскоро ќе дознае повеќе детали.

(Видео) 11-годишно момче улови риба трипати потешка од него

Јаким Азопади кој има само 11 години сподели импресивен улов од водите кај Кејп Отвеј во Австралија. Риболовците ги ги фрлиле јадиците околу 8:30 часот и рибата веднаш почнала да гризе. По само пет минути Метју, таткото на Јаким, ја фатил туната со која неуспешно се борел околу 30 минути.

– По 40 минути повторно ги фрливме мамците и рибата повторно почна да гризе. Овој пат јадицата ја држеше младиот Јаким и се што можам да кажам е „каква машина“ – напиша Пирота на социјалните мрежи.

(Видео) Се појави Миле Талески,ама не за внукот милионер од Ахмети

За да не потсети дека постои, пратеникот Миле Талески од време на време се појавува во јавност со по некоја прес-конференција. И тоа е добро, овој пат ја најави изградбата на  водоводот во манастирскиот комплекс Трескавец, но Талески повторно избегна да го сподели своето мислење за Дрин Ахмети.

Граѓаните ќе почекаат наредна прилика да го слушнат мислењето на пратеникот од редовите на СДСМ. Со повеќе храброст и желба за борба против криминалот, без разлика дали таму се вмешани и лица од власта. Законите важат еднакво за сите, нели?

Во неколку дена нов асфалтен слој на пет улици во Прилеп (ФОТО)

Од општина Прилеп информираат дека денеска нов асфалтен слој добиле улиците “Ладо Лапецот” и „Круме Волнароски“, со вкупна површина од 3.500м2.

Во изминатите денови нов асфалтен слој се “посла” и на улиците ,,Митко Цветаноски” и ,,Кирил и Методиј”, со површина над 2000м2, како и улица ,,Пиринска” со должина од 1100 метри.

Црногорец во боите на РК Прилеп во наредните две години

Црногорскиот среден бек, Драган Јелушиќ е новото засилување на Р.К Прилеп во наредните 2 години.

23 годишниот Јелушиќ е поранешен јуниорски репрезентативец на Црна Гора и еден од најдобрите стрелци во црногорското првенство.

Во Прилеп ни доаѓа од МРК Искра, Бугојно, Босна и Херцеговина, каде изминатата сезона во склоп на овој клуб постигна 65 гола – стои во соопштението од Ракометниот клуб Прилеп.

Преубавата Марјана во Прилеп ги додели клучевите за првиот HYNDAI Tucson од Државна лотарија (ВИДЕО)

Инстант лозот 7 х 7, започна да реди среќни приказни од градот под Маркови Кули.

Три исти симболи од автомобил HYNDAI Tucson, во среќното место „Сити Тобако“, изгребала 20-годишната Јована Стојаноска, на која ги предадовме клучевите од првиот од 14-те атрактивни автомобили.

Тимот на Државна лотарија се сретна со добитничката пред продажното место „Сити тобако“ од каде што е купен добитниот лоз, а Јована, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.

Имено, Јована и нејзиниот брат купиле два инстант лоза 7х7, од кои едниот криел добивка од 500 денари. Наместо добивката, решиле средствата да ги заменат со нови инстант лоза 7х7. И не згрешиле. Последниот лоз криел 3 симболи на Hyundai Tucson.

Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Јована, возбудена, веднаш се јавила кај нејзините родители за да ја сподели радоста.

Инаку, семејство Стојаноски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата.

Пред да ги врачиме клучевите на Јована во Прилеп пред продажното место „Сити тобако“, тимот на Државна лотарија и семејство Стојаноски се сретнаа во автосалонот на HYNDAI во Скопје каде што се комплетираше потребната документација.

Да потсетиме: инстант лозот 7 х 7 стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија, како одговор на барањата на играчите. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 милиони денари, вклучувајќи 14 премии од кои 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50 000 денари.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за среќа плус и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот 7 х 7, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

Најголемиот германски производител на оружје отвора фабрика во Украина

Германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ ќе отвори фабрика за оклопни возила во Украина во следните 12 недели.

Најголемиот германски производител на оружје исто така ќе ги обучува Украинците за одржување тенкови и други оклопни возила произведени во фабриката. Фабриката наводно ќе се наоѓа на западот на Украина.

Компанијата се надева дека фирмата во Украина ќе произведува околу 400 тенка годишно. Покрај тоа, таму се планира да се произведуваат и поправаат и оклопни транспортери „Фукс“.

Во мај државниот украински одбранбен концерн „Укроборонпром“ потпиша договор за стратешко партнерство со Рајнметал, кој предвидуваше создавање заедничко вложување. Според договорот, „Укроборонпром“ и „Рајнметал“ ќе почнат соработка со техничко одржување и поправка на оклопни возила испратени во Украина.

„Рајнметал“ има намера да потпише договори за создавање уште две заеднички вложувања за производство на муниција и противвоздушна одбрана.

Утре е Петровден, а другиден Павловден – празници за кои се поврзани голем број народни верувања

Во среда на 12 јули е Петровден, а во четврток на 13 јули е Павловден, со кој се поврзани многу обичаи.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва. Според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел, а некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна. Следниот ден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

Во Лазарополе и Галичник, Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во двете села на тој ден имало по 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Светиот апостол Петар е роден на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим кога владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле.

По Петровден доаѓа Павловден, ден на апостолот Павле кој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли, но поради многуте заслуги Светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Но еднаш кога патувал за Дамаск за да се бори против христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ – одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Таму ќе ти кажам што да правиш!“ Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на христијанството станал негов најголем афирматор.

Преданието за Петар и Павле вели:

-Петре и Павле биле браќа – побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј жоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. –Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт.

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност на најновата анкета од американскиот институт ИРИ

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори престојната недела.

Имено, анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак само 11 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека би гласале за СДСМ.

Само за споредба речиси на секоја анкета ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ, а тоа го покажува и стравот на владејчаката партија која бега од изборно соочува со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

Имено пред само недела ипол и Мицкоски во свое гостување во емисија на нацинална телевизија изјави дека единствена опција за која што ВМРО-ДПМНЕ би разговарала во иднина се одржување на предвремени парламентарни избори.

Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија „Канал 5“ и додаде:
Нашата позиција е јасна, ние играме со отворен гард. Двете опции што ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој монент, но се уште не слушнав од Ковачевски која опција ја прифаќа, првата или втората. Од денеска има само една опција на маса – предвремени парламентарни избори.

Пожар во подрумот на кумановскиот суд – таму се чувала архивата

Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата.

На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

– Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.