дома блог страница 1086

Уапсени две лица во Битола: Пронајдена дрога, оружје, муниција…

На 11.07.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола.

Имено, при претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол. Малку подоцна, приведена е и Ј.Б.(34), бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот.

Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е Петровден – Честит именден Петар, Петре, Петра, Петранка…

Денеска е Петровден

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна.

A вие се жалите кога за невестинска фризура ќе ви земат 3.000 денари

Колку наплаќа еден фризер во Лос Анџелес

100 долари за патот да дојде до кај вас дома за 50 минути оддалеченост, плус по 350 долари за секој час работа, или за фризура за која е потребно 2 ипол до 3 часа работа, вкупно 1.150 долари.

Епа на здравје стрижење!

Важно известување од АМСМ до возачите: Од денеска, па се до 22 јули, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај преку ден

Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај, извести АМСМ.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10:00 – 16:00 часот.

Полицијата и инспекторите влегоа во отпади во Битола: Утврдени неправилности и пронајдени 9 кубици дрва (ФОТО)

На 11.07.2023 во рамки на „Безбедно лето 2023“, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола, како и во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат во Битола беше спроведена акциска контрола во субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.

При контролата во два објекти – отпади на ул.„Караорман“ беа констатирани неправилности. Исто така, при контролата на истата локација беа пронајдени и одземени околу 9м3 нелегално исечена дрвна маса. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Среќен крај! Пронајдено девојчето од прилепско кое беше пријавено за исчезнато

Пронајдено е петнаесетгодишно девојче од долненско Пешталево за кое доцна синоќа беше објавено дека е исчезнато. Од МВР потврдуваат дека девојчето е со своите родители.

Цела работа започна синоќа кога роднините на девојчето на социјалните мрежи почнаа да пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.

„Нема ни траг ни глас од неа, од вчера вечерта околу 19 часот полициска екипа е во потрага по Ана Марија Ѓореска последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз. Не е видена со што возило е тргната и каде доколку некој ја препознае и види ве молиме известете не. Девојчето е од село Пешталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, во последно време е многу затворена“, стоeше во објавата.

Историјата се повторува: По 20 години уште еден Николоски ќе застане на голот на Победа

По преземањето на кормилото од страна на тренерот Филип Мирчески, Победа започна да го гради тимот за наредната сезона во Втора лига.

Прво засилување е 20-годишниот голман Иван Николоски, инаку син на поранешниот репрезентативец Јане Николоски, кој ги бранеше боите на клубот од 1990 до 1993година, а беше и тренер на клубот во сезоната 2018/2019.

Иван доаѓа од екипата на Беласица каде се задржа само една полусезона. Тој е дете на Победа, а откако ги помина младинските категории на клубот, настапуваше уште и за младинските екипи на Брегалница и Работнички, а потоа и за Дрита, Влазрими, Воска и Силекс.

Покрај Николоски, Победа го досега го ангажираше и напаѓачот Беким Алимоски, кој доаѓа од третолигашот Питу Гули.

Освојува и шармира со својот глас: Бранко Смоквоски е единствениот прилепчанец финалист на талент шоуто “Пат до ѕвездите” (ВИДЕО)

За тие што не знаат „Пат до ѕвездите” е најновото македонско талент шоу во продукција на „Арт студио“, кое се емитува на „Balkan Music Tv” и телевизија „Алфа”.

Целта е секако да се откријат нови домашни музички таленти кои јавноста ќе има можност да ги препознае токму преку ова талент шоу, а со тоа и да им го „отвори” патот до ѕвездите.

Во недела ќе се одржи финалето, а таму е и нашиот талентиран прилепчанец, Бранко Смоквоски, кој и тоа како покажа со какви вокални способности располага.

Бранко е 25-годишно момче, кој со музика се занимава уште од најрана возраст – од второ одделение. Има завршено нижо музичко училиште во Прилеп и средно музичко образование во Државното музичко училиште “Илија Николовски-Луј” во Скопје. Своите вокални способности целосно ги усовршил на Музичката академија при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а досега има освојувано голем број први и втори награди, како на државни, така и на меѓународни натпревари.

Со неговите настапи на талент шоуто “пат до ѕвездите” буквално го воодушевуваше жирито, а во полуфиналната вечер освои најмногу бодови, како од жири комисијата, така и од онлајн гласањето. Бранко досега настапи со две џез нумери, како и две песни од македонскиот поп-рок репертоар.

Уживајте во неговите настапи во продолжение:

Финалето ќе се емитува во живо на “Алфа Телевизија”, во недела со почеток од 20часот. Да го поддржиме нашиот сограѓанин и да му посакаме ништо помалку од победа!

Ристески со лекција за Арсовска

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ која е во рамките акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ зборуваше за градот Скопје и градоначалничката Арсовска каде јасно потенцираше дека недопусливо е ова што му се случува на градот поради неспособноста на градоначалничката Арсовска.

-Никако не е допусливо за еден градоначалник посебно градоначалник на главниот град на Република Македонија, градот Скопје да му се случува она што се случува деновови со расфрленото ѓубре. Она што го гледавме овие неколку дена по медиумите со расфрлано ѓубре околу контејнери, тоа не смее да си го дозволи ни еден менаџер, не само со град Скопје туку и со ниедна општина во Република Македонија бидејќи секогаш треба да биде приоритет граѓаните, подобрувањето на условите за живот треба да се приоритет на секој граѓанин, а не усложување на ситуациите и загрозување како што беше случајот на здравјето на граѓаните посебно во овие летни горештини кога температурите се над 30 степени. Расфрлањето на ѓубрето околу контејнери насекаде по јавните површини без да има инцијатива од страна на комуналното претпријатие и градот да биде собрано истото и да биде депонирано таму каде што му е местотото, а тоа е депонијата Дрисла, е недопусливо пред се поради не само создавање на комуналниот отпад и комунален неред и сликата на градот пред се поради појава на заразни болести и не дај боже појава на епидемија. Тогаш тука се поставува прашањето кој би ја презел одговорноста за сето тоа ако не градоначалникот на градот под чија надлежност се јавните претпријатија Комунална хигиена и секако јавното претпријатие Дрисла, рече Ристески.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека градоначалничката Арсовска своето неработење го прикрива со тоа што таа се испокара со сите и тоа нејзино однесување е недопусливо за функцијата која таа ја извршува.

-Комуналната хигиена треба да биде приоритет, но гледаме дека дека секогаш кога се создаваат проблем во град Скопје некако навикнавме во овој период, навикнавме на секоја недела или месец да имаме по некој невиден циркус кој се случува во градот и секогаш вината со прст се покажува на други луѓе. Јас не знам да градоначалничката госпоѓа Аровска да се нема испокарано со некој до сега.Арсовска се искара со советниците, се скара со политичките партии, се скара со медиумите, со директорите на јавни претпријатија и секогаш својата неспобност за раководење, менаџирање ја префрла на други лица. Таа многу често користи несоодветен вокабулар што не би одговарало на една личноста која е 3 или 4 по ред функција во државата, тоа е градоначалник на Град Скопје и според мене тоа е недопусливо, кажа тој.

Ристески во врска со неработењето на Арсовска ја спомена и последната анкета на ИРИ која јасно покажува дека скопјани се незадоволни од нејзиното работење и според него тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник кој го реализира својот прв мандат.

-Сето ова се одразува на скопјани, не се задоволни од ова две годишно управување со градот Скопје и тоа го покажуваат и последните анкети на ИРИ. Знаеме дека првите две години секој градоналник се труди со ентузијазам, со знаење, со добар тим, со програмата која ја ветил што повеќе да реализира проекти со цел да остави нормално добар впечаток кај граѓаните и нормално тоа што ветил да реализра. Овдека освен вакви прес конференции, напади немаме ништо конретно видено во овие две години и тоа граѓаните го препознаваат и затоа е и таква анектата каде граѓаните преку 50 проценти се незадоволни од нејзиното работење, а еден мал процент некаде под 20 проценти се делумно задоволни од нејзиното работење. Тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник кој го реализира својот прв мандат во првите две години да има поразителни бројки, да е некој фер и коректен спрема граѓаните би се погледнал во огледало и би рекол јас ќе си дадам функцијата и ќе го отташам на некој способен да го води градот, кажа тој.

Исчезнато е 15-годишно девојче од прилепско – Секоја помош е добредојдена!

На социјалните мрежи вечерва се појави информација за исчезнато девојче од село Пешталево, општина Долнени.

Како што стои во повикот за помош, се работи за 15-годишната Ана Марија Ѓореска која се води за исчезната од вчера околу 19ч. кога последен пат била видена кај автобуска постојка во село Ропотово.

Полицијата е веќе запознаена со случајот и е во потрага по девојчето. Апелот на социјалните мрежи е споделен од Светлана Јованоска, која пишува дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.

Објавата можете да ја погледнете ТУКА