дома блог страница 1081

Посета на заменик амбасадорот на Австралија за Србија, Црна Гора и Македонија и почесниот конзул на Австралија на Центарот за иновации и развој ИНОС

Центарот за иновации и развој Инос од Прилеп на 22 Мај 2023 година имаше чест да ги пречека заменик-амбасадорот Фил Андерсон од Австралиската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски. Нивната посета беше во рамките на проектот “Pelagonija Rural Woman Training” што го реализираше ИНОС со поддршка на Австралиската амбасада.

За време на средбата беа презентирани резултатите и препораките од проектот фокусиран на зајакнување на руралните жени и поттикнување на социо-економскиот развој во Пелагонија.

Заменик-амбасадорот Андерсон и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски покажаа голем интерес и благодарност за достигнувањата во рамките на проектот, препознавајќи го позитивното влијание што органзиацијата го направи во заедницата. Исто така, средбата беше одлична можност да се разговара за идните иницијативи и стратегии за понатамошно унапредување на развојот на регионот.

За време на средбата присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески. Присуството на градоначалникот Јовчески овозможи директно да бидат презентирани препораките и наодите од проект, нагласувајќи ја важноста од нивно интегрирање во развојот на идните политики и стратегии за регионот. Исто така се разговараше и за можноста за збратимување на град Прилеп со некои австралиски градови.

Дополнително, две и жени и членки на организацијата Feel Krusevo кои учествуваа на обуките ги споделија своите инспиративни искуства. Нивните приказни послужија како доказ за важноста на зајакнувањето на жените од руралните области.

Од Ценатрот за иновации и развој ИНОС упатуваат срдечна благодарност до Австралиската амбасада за нивната континуирана поддршка и доверба во организацијата, верувајќи дека заедно и посветено може да се поттикант позитивни промени и да се создаде посветла иднина за жителите на Пелагонија.

Јанчев: Кавадарци по 30 години ја доби улицата Лазо Асијата, целосна инвестиција на општината, досега 80% ветени капитални проекти се остварени или отпочнати со работа

Една од поклучните инвестиции за 2023 година, токму е оваа улица Лазо Асијата. Како улица е позната на ова месно население затоа што повеќе од 30 години чекаа и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција затоа што поголем дел од жителите немаа сопствени прилази, односно немаа ни асфалт ни улица за пристапување со сопствените домови, истакна денешна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Посочи дека со пробивањето на оваа улица која е комплетна инвестиција на општина Кавадарци од 25 милиони денари ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, но и за дооформување на урбанистичкиот план, Лазо Асијата со повеќе од 70 парцели за домување за да може градот на оваа источна страна да го шириме и алтернатива за кружно движење.

-Морам да потенцирам дека се пристапи кон комплетно пробивање, потоа се изгради атмосферска канализација, канализациона и водоводна мрежа со соодветни приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформија тротоари и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја, како што доликува на домаќинска општина, градење по сите теркови за оваа инвестиција да биде подолговечна.

Морам да кажам дека предизборните ветувања кои ги имавме во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека голем дел од капиталните инвестиции, некаде околу 80% се остварени или отпочнати со работа.

Се што е отпочнато и остварено, буџетски и систематски ни е решено во делот на финансиската конструкција. Така да со домаќинско работење, со пристапно работење кон граѓаните, секоја општина, а особено општина водена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник како што доликува на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористување на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните.

Сме работеле така, така и ќе продолжиме, и можам да кажам со среќа нека де оваа улица Лазо Асијата за користење на нашите граѓани, нагласи Јанчев.

(Видео) Сите 8 навивачи на Манчестер Сити ја прославија титулата на клубот

Целосна фудбалска доминација – Манчестер Сити е едноставно неприкосновен оваа година. Граѓаните се на добар пат да ја освојат тројната круна и со тоа да ја зокружат најуспешната сезона во историјата на клубот.

Уште еднаш се докажа, парите може да купат среќа – овој пат тоа ќе биде за сите 8 навивачи на Сити. Манчестер нема да види спектакуларна прослава како во Неапол оваа година. Можеби кога градот повторно ќе биде обоен во црвено работите ќе се променат:

Утре цел Прилеп на ТОЧАК! Секој е добредојден!

Традиционално утре 24 мај, на големиот празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на велосипедите, заштитата на животната средина и здравиот начин на живот.

И годинава ќе се вози до с. Мало Коњари меѓутоа не до аеродромот туку до Основното Училиште “Страшо Пинџур“.

За најмладиот и најстариот учесник се предвидени пригодни награди, а ќе има освежување за СИТЕ учесници.

БУКВАЛНО СИТЕ љубители на велосипедизмот и спортот СЕ добредојдени!

Турата започнува во 12 часот од пред “Реклами”.

СВР Битола ги “подбра” брзите возачи: Дури 103 казнети во текот на вчерашниот ден

Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

40 дена по Велигден ни доаѓа еден од најголемите празници во годината: Ова се народните верувања поврзани со празникот

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо.

И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.

Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

Џафери ја предводи државно-црковната делегација во Рим во чест на Светите Кирил и Методиј

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 25-ти овој месец ќе ја предводи државно – црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил, во Светата столица во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

Џафери денеска ќе има средба со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, а во попладневните часови ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

Според агендата, утре државно – црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

Eрдоган пред сигурна победа во вториот круг: Третопласираниот Синан Оган му даде поддршка

Синан Оган, кој заврши на третото место во првиот круг од претседателски избори во Турција, ќе го поддржи актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг што ќе се одржи на 28 мај.

Оган го поддржа Ердоган на прес-конференција во главниот град Анкара и рече дека неговата кампања ги направи националистите „клучни играчи“ во турската политика.

-Веруваме дека нашата одлука ќе биде вистинската одлука за нашата земја и нација, рече Оган, наведувајќи го парламентарното мнозинство на Ердоган како причина за неговата одлука.

-Важно е новоизбраниот претседател да биде под исто раководство како и парламентот. Од друга страна, сојузот на Киличдароглу не можеше да покаже доволен успех против Народниот сојуз кој е на власт 20 години и не можеше да воспостави перспектива што може да не убеди за иднината, рече Оган.

Полицијата фати битолчанка како нуди сексуални услуги на Градското шеталиште

Битолската полиција во неделата околу 21:30 часот ја затекнала Е.А.(34) од Битола како нуди сексуални услуги на Градското шеталиште, во период кога имало голем број шетачи.

Откако полицијата го констатирала тоа, го документирала случајот и против неа поднесла соодветен поднесок.

Иџе е машина и не запира: Прво место на трката во Брага, Португалија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе триумфираше беше најбрз во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.

Тој со својот Hyundai i30 TCR постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.

Инаку ова е втора година по ред како Иџе со победа се враќа од Брага, а ридско-планинските трки му се омилена категорија.