дома блог страница 1080

Уште еден ден до најголемата детска забава досега во Прилеп: Побрзајте и за само 100ден. пружете им на вашите најмали забава за паметење!

Од 8. до 10. септември во Прилеп, во организација на фудбалската школа “Евро Гол”, ќе се одржи турнирот “Евро Гол – Македонија Куп”, кој на едно место ќе собере екипи од целата држава. На турнирот ќе настапат млади фудбалски екипи од цела Македонија од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016год – дечки кои ќе ги покажат своите фудбалски вештини, ќе се забавуваат и ќе се дружат.

Покрај спортскиот карактер, турнирот ќе има и свој забавен дел, а гости ќе бидат другарчињата од “СТАРО МAАЛО”, или суперпопуларните деца од “Дајте музика”, кои на Могилата на непобедените ќе ги испејат своите најголеми хитови.

Концертот е закажан на Денот на независноста – 8. Септември со почеток од 20:00ч, а картите за овој музички настан се по цена од само 100денари.

Дел од средствата собрани од овој концерт ќе бидат наменети за хуманитарни цели, па затоа мајки и татковци, баби и дедовци…. донесете ги вашите најмали и пружете им незаборавна забава која ќе ја паметат. Дојдете забавувајте се, бидете хумани и поддржете го овој спортски настан, кој секако придонесува за здрав и правилен развој на младите генерации.

Картите се веќе во продажба и истите можат да се набават во “Голд Кафе” во населбата “Точила” и од штандот кој е поставен на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”. Штандчето се наоѓа пред “City Tobaco”, а тука карти ќе можат да се купуваат до утре (08.09.) до 18ч. Цената на картите на влез ќе изнесува 150 денари.

ПОБРЗАЈТЕ!

Пример за општествена одговорност: “Витаминка” донираше 10 нови компјутери во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” (Фото)

СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп во текот на неговата долгогодишна работа остварува соработка со голем број компании. Особено значајна е соработката со компанијата АД Vitaminka која, како општествено одговорна компанија, секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата од училиштето – информираат од Средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп.

Од училиштето се заблагодарија за најновата донација од “Витаминка”, која важи за пример за општествено одговорна компанија.

-Меѓусебната соработка вклучува професионална обука на наши ученици кои се дел од дуалното образование и потготовка за нивна интеграција на пазарот на трудот. Со тоа наидуваме на позитивна атмосфера во однос на вработување на дел од учениците како и континуирани донации на компјутери и техничко-технолошки помагала за потребите на нашето стручно училиште. Денес сме сведоци на нова донација од АД Витаминка на 10 нови компјутери за потребите на учениците – велат од училиштето.

“Македонци ќе ве убиеме”, “Илирида”, “УЧК”, “Oва е Косово”…. одвратни пораки утрово осамнаа на мостот “Око” (Фото галерија)

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј.

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.

МВР вчера утврди дека 21-годишниот кој го вееше знамето на така наречена „Голема Албанија“, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти е германски државјанин. Полицијата еден месец работеше на утврдување на идентитетот на вејачот.

Штипјани синоќа испратија порака: “MAKEДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ” (Фото галерија)

Синоќа од Штип започна македонскиот проект “Македонијо во срце те носиме”. Се работи за музички проект на повеќемина естрадни уметници за возобновување на 12 македонски патриотски песни, а штипјани во огромен број присуствуваа на концертот на градскиот плоштад “Слобода”.

Присутните уживаа во маестрални интерпретации на познатите пејачи, кои на овие стари македонски песни им дадоја нов мелос и модерен аранжман.

Фатени двајца дрвокрадци кај тунелот кај Битола

На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола.

Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница.

Лицета биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прилепскиот основен суд се засили со три нови судии

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 453-та итна седница одржана на ден 06.09.2023 година одлучи за следното:

Донесе Одлуки за времено упатување на судии за вршење на судиската функција во друг суд сметано од 06.09.2023 година за период од една (1) година од денот на упатување и тоа:

Во Основен суд Берово – судија Билјана Иванова од Основен суд Струмица;

Во Основен суд Делчево – судија Костадин Ѓорѓиев од Основен суд Струмица;

Во Основен суд Кичево – судиите Ахмед Идризи од Основен кривичен суд Скопје и Андреа Апостолска Малиновска од Основен граѓански суд Скопје;
Во Основен суд Куманово – судија Маја Каталиниќ од Основен граѓански суд Скопје;

Во Основен суд Прилеп – судиите Кирил Георгиев од Основен кривичен суд Скопје, Фросина Стојаноска од Основен кривичен суд Скопје и Иван Колевски од Основен суд Битола;

Во Основен суд Струга – судиите Пајтим Машкули од Основен граѓански суд Скопје и Јордан Јованов од Основен граѓански суд Скопје.

Џудистите од “Сеишин” имаа успешен викенд: Медал со репрезентацијата во Косово и три медали од Србија пристигнаа во Прилеп (ФОТО)

Викендов членовите на ЏК Сеишин-Прилеп се бореа на 2 фронта!

Кристина Мантароска како дел од репрезентативниот тим во сениорска конкуренција, во Пеќ, Косово, го освои третото место и се здоби со бронзен балкански медал.

Втората екипа настапи на силниот Меѓународен турнир “Алексинац Опен – 2023” во Алексинац, Србија, каде учество зедоа 350 натпреварувачи од 54 клубови, од 6 држави.

Освоени се 3 медали и тоа:

1. Теа Настоска 1-во Место
2. Тамара Илиоска 3-то место
3. Немања Џагадуроски 3-то место

Останатите членови на прилепскиот клуб (Теона Настоска, Елеонора Илиоска, Теодора Илиоска и Благојче Мантароска) прикажаа одлични борби, но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Со ова ЏК Сеишин-Прилеп и официјално ја започна втората полусезона натпревари!

Во Небрегово промовиран зборникот „Зборот на Конески“

Културно-едукативниот центар „Небрегово“ во Спомен-домот на великанот Блаже Конески во Небрегово го промовираше вториот поетски зборник „Зборот на Конески“. Во Зборникот на 300 страници се објавени 160 поетски творби на ученици, студенти и професори од речиси сите градови од земјава.

На 20 учесници им беа поделени награди, една посебна за ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое со 54 ученици учествуваше најмасовно, а беше доделена и специјална награда за Роберт Алаѓозоски, национален координатор за култура.

На манифестацијата прв пат учествуваа претставници од Културниот центар „Блаже Конески“ од Панчево, Република Србија.

– Великанот Конески колку повеќе се оддалечи, физички, со своето заминување, толку повеќе ни се приближува со неговиот дух и со неговото епохално дело. Оваа година се навршуваат 30 години од неговата смрт, но Блаже Конески е бессмртен, а неговата слава е бесконечна, рече професорот Атанас Конески, секретар на Културниот и едукативен центар „Небрегово“, организатор на манифестацијата.

Првиот поетски зборник, промовиран лани беше насловен „Поетски пораки за Конески“ и заедно со вториот, денешниот, „Зборот на Конески“ се објавени творби на 335 автори.

(ВИДЕО) Слатки како мед! После 10-годишна борба со неплодност, добија близначиња во “Плодност”, а тие по доаѓање на свет веднаш се прегрнаа

–После 10 години неплодност и обиди за забременување на други места, денес го имаме плодот на посветеноста и заложбата на тимот на Болница Плодност – напишаа на ФБ од болницата во Битола и објавија видео на кое се гледаат две преслатки бебенца кои веднаш по доаѓањето на свет се прегрнале.

-За вакви моменти, вреди секој чекор, вложен во нашите пациенти – велат од “Плодност”.

“Комуналец” се пофали: Ги обновивме езерцата во “Димо Наредникот” (ФОТО)

ЈКП Комуналец Прилеп информира дека ги обновиле езерцата во населбата “Димо Наредникот”, а работниците работеле и на поставување ивичници по патеките со парапет. Претходно од јавното претпријатие ги обновија и езерцата во паркот на Могилата на непобедените, како и езерцето во паркот во населбата “Точила”. За жал во “Точила” кратко траеше радоста, па езерцето за кратко време повторно беше оштетено.