дома блог страница 1082

Ајде аирлија, дојде живот: Просечната плата во Македонија се искачила на 34.925 денари

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,6 проценти), Преработувачка индустрија (6,4 проценти) и Уметност, забава и рекреација (5,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март годинава изнесува 52 318 денари.

Прилепскиот Основен суд денеска доби нов Претседател

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 442 седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии.

Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово.

На денешната седница, исто така, беше донесена одлука за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ.

Усвоен беше и извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп и беше донесена одлука да се објави оглас за избор на претседатели на основните судови Крушево и Берово, за кој избор беше формирана и комисија.

Oд полноќ поскапуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари за литар.

За 0,551 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,433 денари.

Утре започнува 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”.

Оваа година организацијата бележи големи цифри на своите манифестации како и значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележи 55 години од основањето на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола а со церемонија на Свечено отворање ќе започнат 2-те најстари и најголеми светски детски манифестации.

Ќе се отвори светската детска ликовна изложба “Битола” која годинава ќе го има своето 41-во издание како и 42-рото издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”.

2О делегации со над 12О учесници веќе пристигаат во Битола. Од Кина – Индија – Романија – Полска – Словачка – Израел – Турција – Бугарија – Албанија – Србија – Босна и Херцеговина – Хрватска – Црна Гора – Северна Македонија …
Голем број дипломатско конзуларни претставници веќе го најавија своето присуство во името на своите земји. Еминентни професори од Португалија – Русија и Романија се составот на тричлената интернационална жири комисија која ќе доделува по 4 награди на денот и на крајот од манифестацијата ќе ги додели наградите за најдобро школо – најдобар ученик и 12 поединечни награди за креативен и уникатен уметнички пристап.

Учесниците имаат обемна програма. Оваа година за прв пат за време на колонијата [ 23 – 3О мај 2О23 година ] ќе се отворат 2 изложби на ликовни дела од “Малиот Битолски МонмартрЌ низ годините и тоа во Генералниот Конзулат на Грција во Битола и Генералниот Конзулат на Бугарија во Битола. Пет колониски дена ќе се слика староградска и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалната посета на Охрид и оваа година на 1ООО годишниот манастир Свети Јован Бигорски.

Колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој за 2О23 година пристигнаа околу 44.ООО детски ликовни дела од над 65О државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 4О.ООО млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Нова спортска радост за Прилеп: Државниот првак Матеј Чатлески се врати со сребро од силниот боксерски турнир во Приштина (Фото галерија)

На 20 и 21 мај во Приштина, Косово, се одржа 15-тиот Меѓународен боксерски турнир “Лах Нимани”.

Од Боксерскиот Клуб “АС” од Прилеп, боите на Македонија ги бранеше Матеј Чатлески, кој стигна до финалето на овој турнир.

-Во финалната борба Матеј загуби од искусниот Дејви Дони од Албанија. Борбата беше жестока и техничко тактички поткована од двете страни на боксерите. Се прикажа одлична борба со аплаузи од страна на публиката. На крајот Матеј Чатлески мораше да се задоволи со сребрениот медал – информираше тренерот на БК “АС”, Дарко Чатлески.

За многу години! Денеска е летен Св. Никола

За многу години: Денеска е летен Св. Никола

Православните верници денеска го празнуваат мал или летен Свети Никола, денот кога моштите на светецот беа пренесени од Ликија во Бари. Овој ден се слави како мала слава.

Свети Никола се празнува во зима на 19 декември во спомен на смртта на светителот, а во лето на 22 мај, кога моштите на светителот биле пренесени во тогашниот православен Бари во Италија во 1087 година.

Илинденците од Прилеп и викендов на пиедестал (ФОТО)

Велосипедистите од В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” и изминатиот викенд се искачија на пиедестал. На Државното ридско првенство 2023 – Прв до врв, илинденци ги забележаа следните резултати:

– Андреј Маџоски – 3-то место – јуниори;
– Константин Костоски – 3-то место – кадети;
– Ребека Јанкоска – 4-то место – жени;
– Никола Ристески – 4-то место – кадети; (за малку на пиедестал)
– Младен Петрески – 5-6то мест- кадети; (нема официјални резултати)

Денеска одлука за новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит. За еден денар поскапеа дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 остана непроменета. Цената на мазутот се намали за 0,273 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,882 (денари/килограм)

Климентовци тргнуваат по нов ОЛИМПИСКИ успех по англиски јазик: Тројца ученици од ова училиште се пласираа на квалификациите во Лидо ди Јесоло во Италија

Oсновното училиште “Климент Охридски” од Прилеп веќе традиционално почна да запишува успеси на Олимпијадата по англиски јазик Hippo.

Помеѓу 83.000 учесници од околу 60 држави, дури тројца ученици од ова училиште се пласираа на Европските квалификации во Лидо ди Јесоло, Италија.

Ланскиот светски првак Вања Ѓорѓиоски, повторно ќе ја претставува Македонија помеѓу најдобрите во Европа, во категоријата Hippo 2, а заедно со него ќе се натпреваруваат и Анастасија Јагуриноска, во категоријата Hippo 1, како и Никола Талевски во категоријата Little Hippo.

За пофалба секако се и нивните ментори, кои имаат најголем удел во успесите на учениците: Фросина Ацевска, Соња Ташкоска и Зорица Трајаноска.

Да им поскаме среќа на Олимпијадата во Италија и да се гордееме на успехот на овие наши талентирани деца.

Ракометните вљубеници во Прилеп ќе гледаат суперлигашки ракомет и идната сезона: Со реми на гости кај Куманово, РК Прилеп обезбеди опстанок

Ракометарите на Прилеп на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа одиграа нерешено 28:28 и со овој освоен бод успеаја да ја остварат главната цел, а тоа е учество во суперлигашкото друштво и следната сезона.

Иако во првиот дел прилепчани имаа предност со 4 и 5 гола разлика, Куманово успеа да се консолидира кон крајот на првиот дел и да намали на 13:16.

Во вториот дел гледавме еден поинаков домаќин. Кумановчани најпрво го израмнија резултатот на 16:16, а потоа дојдоа и до предност од 21:18.

Но, прилепчани не се откажуваа и одново дојдоа до предност од 25:26. Следуваше борба за секоја топка до крајот, а Шокоски во 58-та минута донесе нова предност за РК Прилеп од 28:29. Сепак, исклучувањето на Чантурија во последните секунди му овозможи на Куманово да дојде до бод.

Како и многупати досега, кај прилепчани најпрецизен беше Давор Шокоски, кој вечерва постигна седум погодоци, а го следеа Лео Дамчевски и Реваз Чантурија со по шест.

Честитки за ракометарите на Прилеп за обезбедениот опстанок!