дома блог страница 107

Tрет ден Велигден: Според веpyвaњата ова е нajcpeќниот ден во годината

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.

Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Денешниот ден се смета за најсреќен – Зошто?

Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

Во Прилеп се знае, по Велигденските пости започнуваат семејните веселби и свечености – Само еден тим ги претвора вашите идеи во незаборавни спомени

По завршувањето на Велигденските пости, во Прилеп се знае, започнува период исполнет со радост, љубов и убави поводи – започнува сезоната на семејни веселби, свадби, крштевки, родендени и бројни семејни прослави кои создаваат спомени за цел живот. Секој сака овие драгоцени моменти да бидат организирани беспрекорно и да останат засекогаш запаметени, а за тоа да биде така на сцената стапува Party Hub Event, тим од Прилеп кој со својата професионалност, креативност и внимание на секој детаљ ја претвора секоја идеја во совршено реализиран настан.

Без разлика дали станува збор за интимна семејна прослава или раскошна свадбена веселба, тие нудат комплетно решение, почнувајќи од првичната замисла, па сè до последниот момент кога гостите ќе си заминат со насмевка и убави спомени.

Со опрема од највисок ранг и долгогодишно искуство, Party Hub Event создава амбиент кој ги исполнува сите очекувања. Професионалните шатори во различни димензии овозможуваат прилагодување на секој простор, додека елегантните маси, столови и коктел сетови придонесуваат за префинет изглед на настанот. Модерното озвучување и впечатливото осветлување создаваат посебна атмосфера и удобност без оглед на временските услови. Тимот се грижи за транспортот, монтажата и целокупната организација, оставајќи им на домаќините можност целосно да уживаат во моментите со своите најблиски.

Покрај семејните прослави, Party Hub Event успешно организира и корпоративни настани, промоции, концерти и фестивали. Со доаѓањето на летниот период, нивната експертиза и техничка подготвеност овозможуваат реализација на големи манифестации и јавни собири, обезбедувајќи сигурност, функционалност и впечатлив амбиент за секој тип на настан.

Довербата во нивната работа е потврдена преку бројни успешно реализирани проекти кои оставиле силен впечаток кај публиката и организаторите. Меѓу нив се издвојуваат: организацијата на градската слава „Св. Никола“ во Прилеп, учеството во Air Flow Festival и Street Food Festival Прилеп, како и ангажманот на European Youth Olympic Festival (EYOF) Skopje 2025.

Затоа, кога започнува сезоната на веселби, изборот е јасен. Доколку сакате организација без стрес и настан кој ќе се памети долго, Party Hub Event е вистинската адреса.

За навремена резервација, заинтересираните можат да се јават на телефонските броеви 078 242 241 и 072 277 521, како и да ги следат нивните профили на Фејсбук и Инстаграм, бидејќи секој убав настан започнува со добра организација.

Направете спомени што траат – со Party Hub Event!

Битола реди успеси на спортски план: Уште еден меѓународен натпревар на “Петар Милошевски”

Следуваат денови на женскиот фудбал и националната репрезентација. Пред нас е двомеч меѓу Македонија и Унгарија, а Битола и стадионот „Петар Милошевски“ пак ќе бидат дом на нашите најдобри фудбалерки. Како минатиот месец против Андора, така и сега против Унгарија, се очекува голема поддршка, позитивни вибрации и победа.

Првиот меч против Унгарија е на 14 април во 16:00 часот во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Влезот е слободен.

Реваншот е четири дена подоцна во Унгарија.

Емоции спакувани во ноти: „Сеќавања“ е новото музичко ремек-дело на Modus Band (ВИДЕО)

Modus Band ја претставија својата најнова песна и видео спот. Најновото музичко достигнување носи наслов „Сеќавања“, а станува знор за емотивна и жива композиција која раскажува приказна што сите сме ја доживеале. Со моќна мелодија и длабока порака, песната сигурно ќе ги освои слушателите и ќе стане неизоставен дел од програмата на радијата и телевизиите.

Музиката е дело на Modus Band, додека текстот го напиша фронтменот на групата, Гоце Бошкоски – Чоки, кој преку стиховите успева да ја долови силата на љубовта и спомените. За аранжманот се погрижија Modus Band и Славко Ристески, а посебен белег на композицијата ѝ дава маестралната изведба на кларинет од Мартин Андреески. Професионалниот звук е заокружен со микс и мастеринг од Prosound Production Studio.

Визуелната приказна е реализирана од General Film Studio, со видео продукција на Дарио Јанковиќ и режија на Ана Марија Јанковиќ. За комплетниот изглед се погрижија Ели Илиоска (шминка), моделот Yagmur Bas од MAX MODELS, како и бутикот LOOK Prilep.

„Сеќавања“ е песна што допира до срцето и потсетува на моменти кои никогаш не се забораваат – вистински музички хит кој долго ќе се слуша и памети.

Слушнете и уживајте во продолжение:

Со донација од општествено одговорни компании се разубавува центарот на Крушево (ФОТО)

Благодарение на донација од општествено одговорните компании “Секе” и “ЕКО-МАР ДОО Прилеп, се разубавува центарот на Крушево, онака како што треба да изгледа едно туристичко место, со убаво хортикултурно уредени тревници и цвеќе.

Градоначалникот на општината, Нико Чонески, упати благодарност за донацијата до компанииите, а нивниот потег нека биде поттик за сите општествено одговорни бизниси да помогнат Крушево да блеска на секој чекор.

Инстаграм воведува големa променa: Една опција предизвикува хаос кај корисниците

По долго чекање и бројни барања од корисниците, Инстаграм конечно воведе опција што ви овозможува да ги уредувате коментарите што веќе се објавени.

Иако на прв поглед може да изгледа како мала работа, оваа иновација го менува начинот на комуникација на една од најпопуларните социјални мрежи.

Порано, секоја грешка во коментарот, без разлика дали станува збор за печатна грешка или лошо формулирана реченица, можеше да се исправи само со бришење и препишување, што честопати го нарушуваше текот на разговорот и предизвикуваше конфузија.

Сега корисниците можат да ги корегираат своите коментари без да ги отстранат, што ги прави дискусиите појасни и поприродни.

Сепак, оваа опција не е неограничена, промените се дозволени само во првите 15 минути по објавувањето.

Во овој краток период, можно е да се промени содржината на коментарот неколку пати, без разлика дали станува збор за корекција на грешки или целосно преформулирање на пораката. Исто така, секоја промена ќе биде означена со ознаката „изменето“, така што е јасно дека коментарот последователно е променет.

Важно е да се напомене дека може да се промени само текстот, додека дополнителните елементи како што се сликите остануваат непроменети. Исто така, нема опција за гледање на историјата на промените, па затоа другите корисници не можат да знаат што точно е променето, туку само дека се случила промена.

Оваа функција постепено се воведува низ целиот свет и се очекува наскоро да стане достапна за сите. На некој начин, Инстаграм ја следи практиката на другите платформи каде што уредувањето на објавената содржина е веќе вообичаена.

Мислењата за оваа иновација се поделени. Некои веруваат дека таа ќе придонесе за подобра комуникација и ќе ги намали недоразбирањата, додека други предупредуваат дека може да се злоупотреби. На пример, некој може да промени коментар откако ќе добие реакции, со што ќе се промени значењето на целата дискусија.

Дополнителен проблем може да се појави кога корисниците ќе видат дека коментарот е променет, но не знаат што точно е променето, што може да предизвика сомнеж и недоверба. Исто така, постои страв дека луѓето ќе обрнат помалку внимание на пишувањето коментари, потпирајќи се на можноста за подоцнежни корекции.

Сепак, ограничувањето од 15 минути беше воведено за да се спречи поголема злоупотреба, идејата е да се исправат грешките, а не да се промени значењето на пораките потоа. На овој начин, Инстаграм се обидува да најде рамнотежа помеѓу флексибилноста за корисниците и зачувувањето на сигурна комуникација.

BLISS, ZOO, театарот, киното, спортот, концертите… и се’ што нема Прилеп станува подостапно за прилепчани со новиот воз

Убава вест пристигнува од Македонски железници, од каде Маркукуле дознава дека од 1. мај ќе ја вратат старата навика на жителите од Пелагонискиот регион да патуваат со воз.

Според информациите четири пати во денот ќе се патува со воз од Прилеп до Битола, а цената на повратна карта ќе биде само 150 денари.

Првиот воз ќе тргнува во 6:30часот од Прилеп, а во Битола ќе се пристигнува за 40 минути. Целта на оваа новина е да се олесни поврзувањето помеѓу двата пелагониски центри во периодот додека се гради новиот автопат, а стариот пат е оптеретен како со патнички, така и со товарен сообраќај.

Нафтата повторно скокна над 100 долари за барел по американската блокада на Иран

Цената на нафтата на светските берзи забележа драматичен раст во раното тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија воведување на целосна блокада на иранските пристаништа.

Вредноста на американската сурова нафта порасна за осум отсто, достигнувајќи 104,24 долари за барел. Истовремено, нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и се тргува по цена од 102,29 долари.

Овој нов ценовен шок доаѓа во период на висока нестабилност предизвикана од конфликтот. Потсетуваме, цената на „брент“ нафтата пред почетокот на конфликтот во февруари изнесуваше 70 долари, но во текот на војната варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари за барел.

Блокада на клучната Ормуска Теснина

Ситуацијата се дополнително усложнува бидејќи Иран фактички ја контролира Ормуската Теснина, која е најважниот воден пат за глобалниот транспорт на нафта.

Од Централната воена команда на САД соопштија дека блокадата на иранските пристаништа е апсолутна и се однесува на сите пловила.

„Блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив“, соопштија од Централната воена команда на САД.

Втор ден Велигден: Тајната на осмиот ден, идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник.

Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Илјадници прилепчани ги исполнија црковните храмови за да ја слушнат радосната вест за Христовото вocкpeceние

Прилепчани верни на традицијата синоќа ги преполнија дворовите на црковните храмови во градот

Илјадници граѓани синоќа во кругот на црковните храмови ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение.

Храмот Св. Петка беше претесен за да ги собере сите верници, кои по олабавувањето на пандемиските мерки оваа година дојдоја во многу поголем број.

Ништо поразлично не беше ниту во останатите црковни храмови Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј и Св. Преображение.

За многу години! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!