Јавното комунално претпријатие „Долнени“ информира дека започнува со нова мерка за поефикасно одржување на хигиената и подобро управување со комуналниот отпад.
Согласно известувањето, контејнерите со специјална налепница ќе бидат наменети за домаќинствата кои редовно ги подмируваат сметките за комунални услуги.
Од ЈКП Долнени посочуваат дека оваа мерка е воведена по барање на редовните плаќачи, како и на вработените во претпријатието, со цел подобрување на условите за одржување на јавната чистота.
Контејнерите без налепница нема да бидат празнети сè додека не се регулираат заостанатите обврски.
Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните за разбирање и соработка, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредна средина.

























