Во време кога домот сè повеќе станува израз на личен стил, постојат млади креатори кои не следат трендови, туку ги создаваат. Денеска ви откриваме нешто уникатно, нешто што не излегува од фабричка лента, туку од раце, исполнето со идеја и чувство за естетика. Станува збор за млад човек од Прилеп, кој одлучил да не избере полесен пат, туку пат на создавање нешто што трае. Мартин Николоски од Прилеп е 28-годишен занаетчија, а ние слободно би рекле и “уметник”, кој стои зад брендот Royal Design, бренд на маестрално изработени мијалници и елементи за бањи.
Идејата се раѓа од едноставна, но силна желба, да се понуди нешто што на нашиот пазар недостасува, а тоа е производ кој не е само функционален, туку и визуелно впечатлив.
„Сакав да направам нешто поразлично, нешто што ќе биде и практично и модерно, но и ќе носи свој карактер,“ вели Мартин, кој секој проект го започнува од разговор со клиентот, од идеја која понатаму се претвора во конкретен облик, боја и димензија.
Секој мијалник се изработува по мерка, прилагоден на просторот и желбите, со процес кој трае од една до две недели, во зависност од сложеноста.
Она што го издвојува Royal Design од класичните, масовно произведени решенија е токму тоа чувство дека секое парче е единствено. Тука нема готови шаблони кои се повторуваат, туку индивидуален пристап кон секој дом. Се користат плочки и професионални материјали, но вистинската вредност не е само во изработката, туку во идејата зад секој производ, да биде дел од просторот што ќе се забележи, ќе се памети и ќе остави впечаток.
Денес, бањата сè повеќе станува простор со карактер, продолжение на стилот на живеење, а муштериите најчесто бараат комбинација од минимализам, природни тонови и чист дизајн, но со можност да се додаде нешто свое и уникатно. Токму таму Мартин ја наоѓа својата приказна, во деталите што го прават просторот различен.
За Мартин, најголемата награда не е само готовиот производ, туку моментот кога клиентот ќе препознае дека токму тоа го замислувал, а понекогаш и повеќе од тоа.
„Најголем комплимент ми е кога ќе ми кажат дека добиле токму тоа што го замислувале,“ вели тој.
Royal Design на крај не е само бренд. Тоа е идеја дека и од Прилеп може да се создава нешто современо, естетски силно и трајно, нешто што не е масовно производство, туку лична приказна вградена во секој дом.
Проверете ги сите уникатни изработки и следете го Royal Design на: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ



































