НАЈНОВА ВЕСТ! Еве кој е нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Во тек е седница на Извшниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде покрај за новите министерски имиња во Владата, се одлучува и за пополнување на испразнетите места за претседатели на општински комитети во неколку градови.

Маркукуле дознава дека нов претседател на владеачката партија на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп е Христијан Тунески, актуелен советник во Советот на општина Прилеп и се’ уште актуелен претседател на УМС во Прилеп.

Тунески ќе го земе местото прв човек на партијата од Дејан Проданоски, кој оваа партиска функција ја извршуваше пред да стане градоначалник на општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.