дома блог страница 108

Илјадници прилепчани ги исполнија црковните храмови за да ја слушнат радосната вест за Христовото вocкpeceние

Прилепчани верни на традицијата синоќа ги преполнија дворовите на црковните храмови во градот

Илјадници граѓани синоќа во кругот на црковните храмови ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение.

Храмот Св. Петка беше претесен за да ги собере сите верници, кои по олабавувањето на пандемиските мерки оваа година дојдоја во многу поголем број.

Ништо поразлично не беше ниту во останатите црковни храмови Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј и Св. Преображение.

За многу години! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Несреќа на Маркови Кули – Паднал од висока карпа и со тешки повреди завршил во болница (ФОТО)

На 10.04.2026 во 18:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на непристапен терен на место викано „Маркови Кули“ во Прилеп, Л.Л. (39) од Република Србија паднал од карпа при спортски активности.

Веднаш на лице место пристигнала екипа на брзата помош, при што повредениот српски државјанин бил пренесен во прилепската болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Мицкоски: Очекувам намалување на цените на горивото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот во Влада.

-Чувствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста како Влада дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите се разбира се вклучени и пресметките се со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Исогласно тие пресметки коишто ги направивме во текот на вчерашниот ден одкако берзите затворија, и одкако ги изанализиравме движењата на нафтата и нафтениете деривати на берзите во изминатата недела, направивме калкулација и прасметка и врз основа на истата очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која што ќе имаме намалување на цените на дизел горивото, односно на бензините и тоа: Евросуперот 95 и Евроспуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари, изјави премиерот Мицкоски.

„Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски.

Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот.

Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со политики за ублажување на ценовните шокови, при што најави и понатамошни анализи и можни мерки во периодот што следи.

Да ја зачуваме убавината и автентичноста на нашите црковни храмови! Вечерва не оставајте свеќи покрај ѕидовите, затоа што неповратно се уништуваат

Во пресрет на вечерашната богослужба кога ќе биде возгласено Христово воскресение, се замолуваат сите оние верници кои ќе ги посетат црковните храмови во Прилеп да внимаваат со свеќите, да не дозволуваат непотребно капење на восок по калдрмата и плочките во дворовите и да не оставаат запалени свеќи до оградните ѕидови од ѕидовите од храмовите, затоа што неповратно се уништува и со ништо не може да се отстрани восокот и саѓите од каменот и плочките.

Да се грижиме и да ја зачуваме убавината на храмовите за следните генерации.

Среќни велигденски празници!

ВЕЛИЧЕНСТВЕНА ГЛЕТКА: Православните христијани во Албанија традиционално масовно го одбележаа Велики Петок (ВИДЕО)

Православните христијани во Корча, Албанија, масовно го прославуваат Велики Петок, а така беше и оваа година.

Попладнето на Велики петок, градот Корча беше исполнет со свечена и духовна атмосфера, бидејќи бројни православни верници, но и посетители од различни градови од земјата и странство се собраа да учествуваат на традиционалната церемонија на полагање под епитафот, еден од најважните обреди на Страсната недела.

На централниот плоштад, пред величествената катедрала на Воскресението Христово, беа обединети епитафите на шесте градски цркви. Овој момент создаде ретка глетка и посебно чувство на единство, бидејќи стотици луѓе се собраа да ја следат поворката со почит и посветеност. Во атмосфера на свеченост, придружена со меланхоличните звуци на црковните песни и заедничките молитви, церемонијата длабоко го одразуваше одбележувањето на Христовото страдање и жртва.

Поворката на епитафот, која го претставува симболичниот гроб на Христос, тргна од катедралата и продолжи по главните булевари во градот, застанувајќи на неколку симболични точки за да се моли.

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота е Денот меѓу cмpтта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник.

Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.

Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.

Николоски: Имаме 4 понуди за набавката на нови 150 автобуси за Скопје и општините, првите би пристигнале во септември

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, согласно закон мораме да почекаме дали нешто ќе стигне по пошта и веднаш по завршување на Велигденските празници ќе влеземе во евалуација. Согласно закон она што можам да го кажам до овој момент, е дека имаме 4 понуди, рече Николоски.

Според предвидените услови во тендерската постапка, доколку се избере најповолна понуда, првите 30 нови автобуси треба да пристигнат во септември. Тендерот предвидува набавка на вкупно 150 електрични автобуси, од кои 100 за главниот град, а останатите за општините.

Одлична вест за прилепчани и битолчани – четири пати во денот воз на релација Прилеп-Битола, еве од кога

Убава вест пристигнува од Македонски железници, од каде Маркукуле дознава дека од 1. мај ќе ја вратат старата навика на жителите од Пелагонискиот регион да патуваат со воз.

Според информациите четири пати во денот ќе се патува со воз од Прилеп до Битола, а цената на повратна карта ќе биде само 150 денари.

Првиот воз ќе тргнува во 6:30часот од Прилеп, а во Битола ќе се пристигнува за 40 минути. Целта на оваа новина е да се олесни поврзувањето помеѓу двата пелагониски центри во периодот додека се гради новиот автопат, а стариот пат е оптеретен како со патнички, така и со товарен сообраќај.

Вашата фирма има потреба од самолепливи или термални етикети по најповолна цена? Само кликнете на линкот и ги имате

Во современиот деловен свет, квалитетната и визуелно привлечна етикета игра клучна улога во препознатливоста на секој производ. Токму затоа, компанијата LabelPro се позиционира како доверлив партнер во областа на печатењето на етикети во ролна, нудејќи врвни решенија прилагодени на потребите на различни индустрии.

LabelPro е специјализирана печатница која изработува висококвалитетни етикети за широк спектар на дејности, меѓу кои:

  • Прехранбена индустрија
  • Козметика
  • Хемиска индустрија
  • Фармација
  • Винарија и пијалоци
  • Логистика и малопродажба

Широка палета на производи

Компанијата нуди изработка на:

  • Самолепливи етикети во ролна изработени од различни материјали како PP, PE и хартија
  • Мат и сјајна завршница, со можност за дополнителни заштитни ефекти
  • Етикети отпорни на влага и надворешни услови, идеални за производи што се складираат или користат во специфични средини

Покрај тоа, LabelPro произведува и термални етикети во ролна, и тоа:

  • Директ термал
  • Термо трансфер

Овие етикети се достапни во сите димензии, со можност за целосно прилагодување според потребите на клиентот, вклучувајќи ја ширината на ролната, дијаметарот, јадрото и начинот на навивање.

Современа технологија и врвен квалитет

Работејќи со современа опрема и напредни производствени процеси, LabelPro обезбедува:

  • Висока прецизност при печатењето
  • Конзистентен и врвен квалитет
  • Брза и навремена испорака
  • Флексибилност за производство на мали и големи серии

Партнерство засновано на доверба

Без разлика дали станува збор за нов производ или за унапредување на постоечко пакување, тимот на LabelPro нуди професионална поддршка и решенија кои придонесуваат за подобра презентација и препознатливост на брендот.

Компанијата ги охрабрува сите заинтересирани клиенти да испратат димензии, количини и технички спецификации, по што ќе добијат најповолна понуда во најкраток можен рок.

За понуда, кликнете на линкот во продолжение: https://labelpro.mk/

Николоски: За 40 % е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 % Министерството за транспорт има реализација на капиталните инвестиции

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40% на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70%, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна во гостувањето во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во однос на активноста, изградбата на вакви проекти не е прашање на визуелизација, туку е прашање на факти и бројки. Споредбено, декември 2024 година биле завршени работи во вредност од 10,7 милиони евра, декември 2025 година, работи во вредност од 19,1 милион евра, скоро 9 милиони евра повеќе. Понатаму, јануари 2025 година 9,7 милиони евра, јануари 2026 година 12,2 милиони евра, февруари 2025 година 8,5 милиони евра, февруари 2026 година 13 милиони евра, што е сериозен скок. Тоа го покажува и Заводот за статистика, третиот квартал лани градежништвото имаше раст од 21%, а четвртиот квартал имаше 16,7%, потенцира Николоски и додаде:

-Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт, на што сум особено горд е преку 70%. Се надевам дека со ребалансот ќе имаме и дополнителни средства, затоа што овие средства до ребаланс ние ќе ги потрошиме, што е добро за државата, затоа што нашите средства се најискористени во смисла на раст, потенцираше заменик претседателот на Владата.