дома блог страница 1058

Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст – Честит именден Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Кристијан…

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Кристијан…

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

Празникот „Крстовден“, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот.

Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското општество кое опстојува низ вековите благодарение на непобедливата сила на Крстот, празник чија благодатна утеха ги поткрепува сите христијани, кои и денес поднесуваат прогони и страданија.

Овој празник е директно поврзан со два историски настани. Првиот се случил во IV век и зборува за чудесното пронаоѓање на Чесниот Крст на Господ Исус Христос од страна на светата царица Елена, мајката на светиот и благоверен цар Константин Велики. Вториот настан, пак, зборува за победата на византискиот цар Ираклиј над персискиот цар Хозрој во VII век. Во таа прилика Крстот бил вратен во Цариград, зашто претходно тој бил земен како плен од Ерусалим, тогаш кога градот бил освоен од Персијците.

Царицата Елена при обиколката на светите места се интересирала и за крстот врз кој бил распнат Исус. По совет на патријархот Макариј биле прашани најстарите луѓе, но само еден по име Јуда, знаел дека крстот е во темелите на подоцна подигнатиот идолски храм на божицата Венера. При копањето нашле три крста, зашто на тоа место биле и крстовите од двајцата разбојници што биле распнати со Исус. Тогаш се појавил проблем зашто не можеле да дознаат кој од трите е Исусовиот крст. Пак, по совет на патријархот Макариј, со трите крстови допреле една болна жена и таа од допирот со едниот од нив оздравела. Во тоа време минувала и погребна поворка, а царицата Елена наредила врз мртовецот да ги ставаат крстовите еден по еден. И се случило чудо. Во допир со истиот оној крст од кој оздравела болната жена сега и мртовецот воскреснал. Тоа било знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос.

Веднаш после пронаоѓањето на Чесниот Крст многу цркви и манастири посакале да имаат делче од него, па така негови делови биле распространети ширум православниот свет. Во нашата земја и Бигорскиот и Раичкиот манастир чуваат честица од оваа најскапоцена христијанска светиња, пред која доаѓа да се поклони големо мноштво народ, просејќи благослов и поткрепа за своите семејства, ближни, како и за својата татковина.

Прилепската полиција поднесе кривична пријава за двајца млади битолчани, кои биле фатени во Прилеп со 73 пакувања трамадоли

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Р.(26) и Е.Р.(20), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни средства за лечење“.

На 03.07.2023, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди А6“, во кое биле пријавените, при биле пронајдени и одземени 73 пакувања од лекот трамадол – информираат од ОВР Прилеп.

(ВИДЕО) Гори депонијата кај Алинци, прилепчани одново загрижени – црни облаци од чад на небото

Поради засега непознати причини, попладнево избувна пожар на депонијата “Алинци” во близина на Прилеп. Црни облаци од чад предизвикаа загриженост кај граѓаните, кои и така се жалеа на непријатна миризба во градот во изминатите 2 месеци.

За среќа, како што информираат од ЈКП “Комуналец” Прилеп, пожарот се става под контрола со помош на вработените во претпријатието и екипа на Територијалната противпожарна единица.

-Ве информираме дека пожарот на депонијата во Алинци се става под контрола. Во моментов се делува со расположивата градежна механизација, цистерните од ,, Комуналец” и ТППЕ како и вработени од јавното претпријатие. Заради близината на фабриките ВИК и ГЕНТЕРМ истите самоиницијативно овозможија вода да се полни од нивните хидранти за што сме им благодарни. Вработените од јавното претпријатие со надчовечки напори успеваат да го локализираат огнот – стои во соопштението.

Вработени во општина Прилеп спречија катастрофа: Мерцедес се запали, а тие го изгаснаа пожарот пред да дојде пожарна (ВИДЕО/ФОТО)

Попладнево околу 14:30ч. возило марка “Мерцедес” се запали на паркингот пожади општинската зграда во Прилеп.

Вработените во општинската администрација веднаш пријавија во ТППЕ Прилеп, но двајца од нив веднаш реагираа и користејќи противпожарни апарати од општинската зграда, спречија ширење на пожарот и поголема катастрофа.

Во период од денот кога паркингот е преполн со возила, многу лесно можеше да дојде до ширење на пожарот на останатите возила и до поголеми несакани последици.

За волја на вистината возило на Територијалната противпожарна единица пристигна веднаш, а пожарникарите дополнително интервенираа на опожареното возило.

Пензионерите мизеруваат, а еве колку се зема плата во второстепена комисија во управна постапка

На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле вчера ексклузивно објави кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Денеска дознаваме дека платата на член на второстепената комисија изнесува 112.000 денари месечно, додека платата на претседателот на комисијата, после покачувањето на платите на функционерите изнесува 122.000 денари. Дополнително, на секој член на комисијата му следува и службен телефон, како и наплата на патни трошоци, доколку живее надвор од Скопје.

Меѓу пријавените е и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески, како и првата братучетка на актуелниот министер, Даниела Бочварска. Пријавен е и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

Жално, но вистинито, ова се огромни суми кои како надомест на плата ги добиваат дел од државните функционери, додека пензионерите молат за достојни месечни примања во 21 век.

Пожарите во прилепско-битолскиот регион уништиле 1000 прагови на пругата: Возови ќе нема, не се знае до кога!

Сообраќајот на пругата Скопје – Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

-Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.

Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци.

-За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.

Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“.

Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки.

Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки.

Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите.

-Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа.

Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

Утре се празнува Крстовден: Еве што треба, а што не треба да правите на овој ден

Во среда, на 27ми септември, се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст).

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Тропар- Спаси ги, Господи, луѓето Твои, и благослови го наследството Твое, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со Крстот Твој заштити го Твоето жителство.

Кондак- Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот народ набожен, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, непобедливата победа.

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба.

Лидерството на капитенот Велески пресудно за нов убедлив триумф на РК Прилеп

Eкипата на РК Прилеп стигна до втората првенствена победа во ракометната Супер лига, откако викендов на домашен терен победи против Вардар Неготино. Крајниот резултат на семафорот беше 30:22, но тоа сепак не го отсликува сето она што се случуваше на теренот.

Иако прилепчани го имаа приматот на фаворити и публиката очекуваше и уште повисок триумф на овој натпревар, гостите од Неготино го држеа резултатот во егал последните десетина минути, кога на теренот играше и поентираше само домашниот тим.

По нерешените 14:14 на полувремето, прилепчани стигнаа до 2 гола разлика од 20:18, но Вардар повторно израмни, а во последните 15 минути гостите воопшто не можеа да го најдат патот до голот на прилепчани, па со серија од 10:2, домаќините стигнаа до нови 3 бода.

Најпрецизен во домашниот состав беше Шабановиќ Денис, кој натпреварот го заврши со 7 погодоци, а го следеше Пеце Рајатовски со 6 постигнати гола. Капитенот Филип Велески натпреварот го заврши со 2 погодоци.

Кај гостите Адамовиќ Лазар постигна половина од головите, односно натпреварот го заврши со 11 погодоци.

Во наредното коло, на 30.09, прилепчани го дочекуваат поголемиот Вардар – двократниот европски шампион ќе гостува во школската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Еве што е пронајдено за време на претресот во манастирот во Бањско

Рашко-призренската епархија денеска објави ново соопштение во кое се наведува дека српскиот владика Теодосиј го посетил Бањскиот манастир каде игуменот Данило го информирал за вчерашните и денешните случувања во манастирот и околината.

„Во текот на денот ЕУЛЕКС и косовската полиција дојдоа во манастирот да истражат. Во манастирските конаци и црквата, кои се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите на манастирот и кои беа заклучени за време на сите настани. ЕУЛЕКС и полицијата не пронајдоа ништо што може да ги компромитира манастирот и монасите“, се вели во соопштението, во кое потоа се додава:

„Но, на две места во манастирскиот двор пронајдено е огнено оружје, панцири и делови од опрема, кои вооружените лица ги фрлиле при повлекување од манастирот. Исто така, во манастирот не наишле на никакви траги од крв, а во текот на целото време на инцидентот немаше жртви внатре во ѕидовите на манастирот. Форензичарите земаа отпечатоци од прсти и ги интервјуираа приврзаниците, кои потоа во придружба на полицијата и ЕУЛЕКС отпатуваа до нивните домови преку преминот Јариње“.

Игуменот Данило, при претресот на манастирот, на ЕУЛЕКС и на полицијата им ги покажал сите простории на конакот, од каде можело да се види дека монасите и верниците на никаков начин не учествувале во трагичните настани. Во манастирот полека се нормализира монашкиот живот.