дома блог страница 1053

Утре на МОГИЛА во Прилеп, хуманитарен концерт за Трајче Илиовски, наш сограѓанин кој боледува од канцер!

Утре, во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп,со почеток од 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен концерт, поддржан од хуманитарното здружение “Дрим Тим од деца Прилеп” и јазичниот центар “Дрим Тим Макси”.

Овојпат, сме му потребни на нашиот татко, сопруг, пријател, колега, сограѓанин Трајче Илиовски од Прилеп, кој боледува од канцер.

Заедно, да се сплотиме во хуманост и да подадеме рака што живот ќе значи на човек. Нашите Алекса Петрески, Филип Николоски, Александар Темелков, Lock Down и The Dreamers ќе не’ почестат со нивните таленти, а на вас останува да донирате и да се забавувате.

Секоја купена влезница и секој купен пијалок на забавата е ваша донација и помош.

Влезниците по цена од 100 денари можете да ги набавите во City Garden (кај Дом на култура), сендвичара “Грижо” во Точила или да ги нарачате преку телефонскиот број 076614006 и ќе ви бидат доставени!

Апелација се правда: И казната од осум години за Ангелче е највисока досега

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива.

Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.

– Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.

Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.

– Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.

Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.

– Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

ЦУК: Пожарот кај Дебреште е локализиран, но се уште е активен

Регионалниот Центар за управување со кризи – Битола, известува дека противпожарните тимови, што се на терен од утрово, информирале дека не се забележува активност на пожарот што вчера избувна во село Дебреште и се прошири кон село Кошино.

– Конкретно, утрово, заради контрола и превентивно дејствување, биле испратени осум пожарникари со две противпожарни (ПП) возила и четири вработени во подружницата на ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, на местото на пожарот, се вели во соопштението од ЦУК.

-ТППЕ Прилеп од 15:45 часот на ден 14.08.2023 година интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино (ЕЛС Долнени) во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото. Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. Пожарот е се уште активен – стои во соопштението.

Голем пожар беснее кај долненско Дебреште, трите авиони на ДЗС спречија пожарот да го зафати селото Кошино (ВИДЕО)

„Во атарот на с. Дебреште, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума.“- информираат од ЦУК.

-За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат.-додаваат од таму.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за “Канал 5” информираше дека трите Ер трактори на ДЗС спречиле пожарот да го загрози селото Кошино. Според него пожарот е локализиран, а на истиот се уште интервенираат пожарникари од ТППЕ Прилеп.

Важно известување: Водата од овие чешми во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа и л.в.с. Беловодица – двор – водоводна мрежа не одговара за употреба

Вака изгледа двојазичноста: Министерството за здравство се обрати прво на албански, па на македонски јазик

Министерството за здравство на Република Македонија своите објави до јавноста почна да ги објавува прво на албански јазик, па потоа на македонски – пренесе Курир.

На официјалниот Фејсбук профил на министерството е објавено соопштение со наслов „MSH asnjë qindarkë nuk ka paguar për ambulantët“, а дури потоа истото е преведено на македонски јазик, па ставен е наслов „МЗ нема исплатено ни денар за амбулантите“.

Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити треба да знаат дека на македонската јавност прво треба да се обратат на македонски јазик.

Ваков обид за објавување прво на албански јазик имаше и од страна на Беким Сали, кој праксата ја прекина по острите реакции од страна на јавноста.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzdravstvomk%2Fposts%2Fpfbid02xChKojbA3kRVKY4Eef8aMb7HVMepELG52GAtqzz19Ax44tPn5mkwVUU7iqo6Ep4Bl&show_text=true&width=500

Уапсен 24-годишен битолчанец: Ограбил куќа, а потоа одзел и накит од малолетно девојче

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.

Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка. Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото.

Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот – информираат од СВР Битола.

Доброволно приватно здравствено осигурување – прв чекор до подобро здравје

Пакетот SN Eurohealth овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, и тоа специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки и други здравствени услуги.

Здравјето е најважно за секој човек без исклучок. Инвестирањето во него значи дека сте донеле правилна одлука, а со тоа сте го направиле и првиот вистински чекор за себеси. Затоа, изборот на соодветен пакет на здравствено осигурување е од клучно значење за секој да може да си обезбеди најдобра здравствена грижа, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола од каде го препорачуваат пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување чија редовна цена изнесува само 515 денари месечно.

Од компанијата потврдуваат дека расте интересот за приватното здравствено осигурување, бидејќи расте и свеста дека осигурувањето штити од големи финансиски издатоци во непредвидени и неповолни ситуации. Но, граѓание често прашуваат како да направат избор на најсоодветен пакет за приватно здравствено осигурување, односно како да ги изберат токму она што ним им треба.

Препораките се да се избере пакет кој овозможува користење на што е можно поголем опфат на здравствени услуги и тоа да го добијат по прифатлива цена. Токму таков е пакетот SN Eurohealth.

„Истиот овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови препишани на розов рецепт над 300 денари, дневна болница и дневна хирургија, дел од операции и дел од стоматолошки интервенции. Сето тоа се добива за само 515 денари месечно.“-појаснуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Додаваат дека исто така постои можност преку симболична доплата од 235 денари месечно да се обезбеди и дополнително покритие за трошоци кои произлегуваат од користење на здравствени услуги за малигни заболувања.

„Во споредба со останатите компании кои нудат приватно здравствено осигурување, “SN Eurohealth” e најконкурентен, не само од аспект на цената, туку и во поглед на опсегот на покритијата кои ги нуди. Со приватното здравствено осигурување се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје која многу значи за секого.“-велат од компанијата.

Сето ова е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи. Приватно здравствено осигурување овозможува побезгрижно лекување во приватни болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги. Со пакетот SN Eurohealth, достапен во СН Осигурителен брокер, се рефундираат дури до 70% од средствата за направените трошоци во било која приватна здравствена установа во Македонија.

Од СН Осигурителен Брокер додават и дека како компанија имаат транспарентен пристап кон своите клиенти, односно најдобрите понуди се избираат од сите понуди на сите осигурителни компании на пазарот во земјата. Од нив непристрасно на клиентот му се нудат оние кои што најмногу одговараат на неговите барања и потреби. Нашите осигуреници целата таа консултација ја добиваат професионално и бесплатно. Покрај тоа денеска може да се каже дека купувањето на полисата за осигурување никогаш не било полесно и таа никогаш не била подостапна до клиентите, велат од компанијата, појаснувајќи дека повеќе информации сите заинтересирани можат да добијат на бесплатниот телефонски број 15 770 и на веб страницата www.snbroker.mk, каде што можат подетално да се информираат за сите класи на осигурување кои ги нуди СН Осигурителен Брокер како што се осигурување на моторни возила, зелен картон, патничко осигурување, осигурување на имот, осигурување на лица, осигурување од одговорност…

Ново значително поскапување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по повисоки цени.

Цените на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел се зголемуваат за 1,50 денари за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.08.2023 година.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86,5 денари по литар, Еуросупер 98 ќе чини 88,5 денари по литар, додека Еуродизел ќе се продава за 81 денар.

УХМР со предупредување: Ни доаѓа невреме со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде локално нестабилно, проследено со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

Во следните денови, како што информира УХМР, времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.