дома блог страница 1043

Утре го славиме најголемиот празник посветен на мајката Божја – Сите настани поврзани со Успението на Пресвета Богородица

Денеска православните Христијани го празнуваат големиот празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица.Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.

За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива.

Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла.

Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.

За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваат поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски.

На верниците, особено на жените им се препорачува на тој ден да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски.

Исто така, овој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Цела прилепска младина денеска беше на едно место! Возбудливи баскет натпревари и одлично дружење

По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3” повторно се одржува во Прилеп.

Денеска и утре на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” се одржува 13-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено над 20 екипи од Прилеп.

Она што можеше да се забележи на првиот ден од турнирот беше присуство на голем број млади луѓе, кои на едно место се забавуваа и уживаа во одлични баскет натпревари.

Еден одличен турнир кој заслужува во иднина поголема поддршка и афирмација низ целата држава!

Друго е со капитенот на терен: Прилеп го згази Скопје

РК Прилеп ја забележа и втората победа на Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешкоски”, чие осмо издание започна вчера во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Oткако вчера на првиот ден од турнирот прилепчани триумфираа на РК Струга со 29:24, денеска уште поубедливо со 26:20 го совладаа РК Скопје.

Голем удел во победата на прилепчани имаше капитенот Филип Велески, кој покажа што значи довербата да си лидер во тимот и одигра феноменален натпревар.

Прилепчани турнирот го продолжуваат утре со дуел против гостите од Србија, РК Дубочица, натпревар кој се игра од 19:00ч.

Во останатите натпревари денеска, Дубочица забележа убедлива победа над Струга со 35:21 и заедно со РК Прилеп веќе имаат две од две победи. Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс ремизираа 34:34, а во моментов се игра натпреварот помеѓу гостите од Финска, Кокс и Тинекс Пролет.

Објавена целата програма за 12. издание на PRILEP JAZZ WEEKEND: Ќе трае цели 5 дена!

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од 28 август до 02 септември, во Прилеп ќе се одржи дванаесеттото издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Сега објавена е и целосната програма за фестивалот, која стартува со настап на врвниот мајстор Џенгис Ибрахим, кој на инструментот канон ќе изведе своја музика на локалитетот Врбјанска Чука кај прилепското село Славеј.

На 29. август во кафулето “Калинка” настапуваат “Next To Silence”, a програмата продолужува на 31. август со повеќе музички настапи на летната сцена во домот на културата “Марко Цепенков”.

21 век, а ние се’ уште имаме гладни луѓе: Мајка и син од Прилеп живеат со 10.000ден. пензија, за храна се снаоѓаат и од контејнери, а лекови пијат кога ќе имаат (ВИДЕО)

Потекнуваат од угледна и влијателна градска фамилија. Од некогаш добро ситуирано и почитувано четиричлено семејство, денес преполовени и оставени на работ од егзистенцијата, го „туркаат“ болното секојдневие во малиот стан кој одамна „плаче“ за генералка. 38-годишниот Доминико Сугарески и неговата тешко болна 71-годишна мајка живеат само од нејзината бедна пензија од 10.000 денари која не им стасува ниту само за лековите, а кои мораат редовно да ги земаат и двајцата. Затоа, наместо од продавница, Доминико вели дека се’ почесто храна почнал да „купува“ од контејнерите, а лековите да ги пијаат само кога ги имаат – oбави “АЛФА ТВ”.

„Во тешка ситуација сме. Јас сум без работа, мајка ми зема пензија. Дали за лекарства тие 10.000, дали сметки, дали за јадење. И за јадење дури не остануваат. Одам по контејнери да збирам леб и од човек на човек по 100 денари-200 да ми дадат да купам леб или било што. Овде се пишував (самопослуга), сега не ме пишуваат и сме во тешка ситуација“ – вели Доминико Сугарески.

Крајно понижена и силно засрамена од ситуацијата во која ги фрлила судбината, но и бескрајно тажна што никој не сака да им помогне, мајката на Доминико не сакаше да биде снимена. „Ме познаваше цел град, вредно и чесно го потрошив и мојот живот, и работниот век, а видете сега каде стигнавме. Со никого никогаш не сум се скарала, ниту со роднините, ниту со пријателите. Баш напротив, секаде каде што можев, помагав. А сега нема кој да му помогне на моето дете, иако има кој. И што е уште пострашно, ми го разбркуваат и го навредуваат“, со солзи во очите ни рече оваа скршена мајка која освен со сиромаштијата и тешката подвижност, се бори и со десетина сериозни болести.

Доминико има средно образование и по струка е графичар. Вели, низ годините работел во некои заштитни претпријатија и не се плаши од работа. Ама, сега заради обврските околу мајка му, неговото присуство дома е нужно потребно, па и ако би нашол некоја работа, вели, мора да биде со скратено работно време.

„Сакам, ама не можам нејзе да ја оставам. Нема човек кој, мора да има околу нејзе човек, оти и се снеарнува, до колзет“, – објаснува Сугарески.

Во домот на овие тажни и болни луѓе одмна не замирисало на зготвена храна. Најчесто јадат леб и маргарин. Фрижидерот им е празен, иако, заради многуте лекови што ги пијаат и двајцата, лекарите им препорачале поздраво и редовно да се хранат. „Побарав помош и од мои блиски роднини, а за кои знам дека имаат и можат да ни помогнат. Било со некава работа за мене, било со храна. Ама, не наидов на разбирање. Ме избркаа како куче“, – разочарано ни кажа Доминико.

Сега, овие луѓе се надеваат на помошта од хуманите луѓе. Велат најпотребни им се пари за лекарствата и сметките, и храна. А во меѓувреме Доминико поднел документи и до Центарот за социјални работи за добивање парична помош за нега на мајка му. „Ако ни ги доделат тие средства, мислам дека колку-толку, ќе ни олесни“, – полн со надеж ни рече на замнување Доминико Сугарески.

KAРОЛИНА ДУРЛО ЗА “АЛФА ТВ”

Битола VS Прилеп во една фотографија

Во текот на изминатата вечер (25/26.08.2023) на подрачјето на Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 11 возачи. За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

За време на контролата бил санкциониран возач со 1,76 промили алкохол.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од СВР Битола.

За потсетување, минатиот викенд во Прилеп беше фатен возач кој на дрегер дувнал неверојатни 4,55 промили алкохол.

Голем број прилепчани синоќа го гледаа фимот “Трето полувреме” на првото АВТОКИНО (ФОТО)

За прв пат досега прилепчани уживаа во еден несекојдневен настан – Автокино под отворено небо.

Во дворот на ООУ “Гоце Делчев” голем број прилепчани од своите автомобили го проследија филмот “Трето полувреме” и поминаа една одлична дружба.

Настанот беше во организација на Општина Прилеп, TOROS film studio и Tuning CAR SHOW Prilep, а покрај проекцијата на овој македонски филм, присутните ја проследија презентацијата од Tuning CAR Show, за нивната програма околу јубилејната 15-та изложба на автомобили, што ќе се случи на 11-ти Октомври.

Мојсов со тактичка мамка за убедлива победа, капитенот на клупа: Денеска нови возбудливи ракометни дуели во Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп со висока победа од 29:24 против Струга, го стартуваа Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешкоски”.

Одличната игра и висока предност од 17:10 после првото полувреме, беше клучна за првата победа на осмиот по ред меморијален турнир за прилепчани.

Тренерот на Прилеп, Божидар Мојсов, го остави на клупа капитенот Велески, со што дополнително ги изненади стружани. Атмосферата во “Ристе Ристески-Ричко” беше врвна, а за организацијата само пофални зборови.

Програмата на вториот ден од турнирот продолжува денеска со дуелите помеѓу: Еурфарм Пелистер 2 и Мулти Есенс од 13:00ч., од 15ч се среќаваат Струга и гостите од Србија, Дубочица, а во вечерните термини Прилеп се среќава со РК Скопје од 17ч, додека гостите од Финска, Кокс, играат со Пролет од 19ч.

Резултати од првиот ден на турнирот: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 12:22, Скопје – Дубочица 24-36, Кокс – Мулти Есенс 26-29.

Синдромот на самоуништување изгледа вака! Синоќа голем пожар помеѓу прилепските села: Боротино, Кадино, Веселчани и Загорани (ФОТО)

Силен пожар синоќа избувна помеѓу прилепските села: Боротино, Кадино село, Веселчани и Загорани, при што горела сува трева и стрништа, но пожарот предизвикал паника помеѓу месното население.

На лица место интервенирале пожарникари од ТППЕ Прилеп, како и жители од селата.

Според информациите од терен, пожарникарите успеале да го стават под контрола огнот и за среќа немале потреба од дополнително засилување.

Прашањето е до кога непотребно ќе предизвикуваме како “луѓе” вакви опасности преку палење на сувите стрништа? До кога ваквите сторители ќе се изложуваат и себе и другите во опасност?

Кога ќе надвладее разумот?!

Македонија има шампион во борби со голи раце – Гого после победата гордо го извика името на нашата држава!

Македонецот Гого Славевски стана светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце, откако синоќа го совлада Џејк Лидзи во Мајак.

Славевски е скопјанец од Ѓорче Петров кој веќе десетина години се пробива во САД и конечно успеа да се искачи на врвот во оваа боречка категорија. Нашиот Гого сега има 6 победи во исто толку борби.

По победата тој гордо на цел глас го извика името на нашата држава Македонија.

„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победник на синоќешната пресметка на Флорида.