дома блог страница 1042

ДРОН ВИДЕО: После 6 години, 1200 ученици од Прилеп повторно го формираа македонското знаме по повод 11-ти Октомври

1200 ученици од прилепските основни училишта денеска по повод Денот на народното востание – 11-ти Октомври, го формираа знамето на Република Македонија.

Една прекрасна традиција која оваа година се возобновува после 6 години. Во продолжение погледнете го дрон видеото од овој величенствен настан:

СН Групацијата чекори напред – на голем корпоративен настан во Охрид потврдени извонредните резултати од деловното работење

Вработените во СН Групацијата викендов се собраа во Охрид на голем корпоративен настан кој вклучи конференција и тимбилдинг активности.
На конференцијата беше соопштено дека непосредно пред одржувањето на тимбилдингот, СН Осигурителен Брокер се закити со уште едно престижно признание како Бизнис лидер во Македонија за 2022 година.

Ова признание е доказ за посветеностa да испорачаме исклучителни услуги и решенија за нашите клиенти, беше речено на конференцијата. Но, ова признание, и уште голем број други кои сме ги добиле низ сите изминати години, се показател како се работи во СН Групацијата – во СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство, предводено од уште поголемата визија на основачите – Претседателот на Одборот на директори Христо Кондовски и Првиот Главен извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски.

На конференцијата во Охрид, пред вработените во сите компании кои се дел од СН Групацијата, Претседателот на Одборот на директори Кондовски ги изложи извонредните резултати од работењето на групацијата и ја сподели визијата каде чекори СН Групацијата понатаму. Таа визија ги вклучува колективните напори на сите 252 вработени во групацијата преку низ целата држава раширена мрежа која секој ден поставува нови стандарди во работењето, на задоволство и на вработените и на клиентите.

Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси ги презентираше идните чекори кои уште повеќе треба да го зајакнат тимот на СН Групацијата.
Нашата успешна приказна е плод на нашата тимска работа, на односите кои се стремиме се повеќе да ги зајакнеме и да градиме уште поголеми успеси. Затоа што тимот што е сплотен и обединет е поефективен, попродуктивен и поуспешен!

Токму како круна на таа успешност потврдена со извонредните резултати во деловното работење, тимот на СН Груцијата викендов уживаше во дводневно дружење во преубавиот Охрид полнејќи се со нова енергија за нови успеси.

СВР Битола со апел: Престанете со палење на стрништата, за кратко време поднесовме 8 кривични пријави за намерно предизвикување пожар

СВР Битола со апел да не се палат стрништа, до овој момент поднесени се 8 кривични пријави за намерно предизвикување пожар

Во последните месеци на подрачјето на СВР Битола настанаа неколку пожари на отворен простор како последица од намерно запалени стрништа.
СВР Битола апелира до граѓаните на подрачјето на СВР Битола
– да не се пали оган на отворен простор;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се пали отпад и друг запалив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓаните да го пријават во надлежните институции. Потсетуваме и дека непочитувањето на законите ќе биде санкционирано и соодветно ќе бидат казнети сите кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Полициските службеници од криминалистичката полиција во Битола до Основното јавно обвинителство Битола имаат поднесено пет кривични пријави за “предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од Кривичен законик, за палење стрништа и тоа против Б.Н.(61) од с.Кукуречани, битолско, Н.М.(75)од с.Кажани, битолско ,В.В.(54) од с.Лопатица, битолско Д.С.(62) од с.Лознани,битолско и против Х.П.(58) од с.Трново, битолско.
ОВР Крушево има поднесено две кривични пријави против П.З.(70) од с.Свето Митрани, крушевско и Е.Б.(45) од с.Борино,крушевско, а ОВР Прилеп има поднесено кривична пријава против В.Д.(58) од Прилеп – информираат од СВР Битола.

ВИСТИНСКА УБАВИНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Ученици го формираа државното знаме! (ФОТО)

Денот на народното востание – 11-ти Октомври, во Прилеп се одбележува со низа настани и свечености, а како дел од програмата, денеска голем број ученици од прилепските основни училишта го формираа државното знаме на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Eдна прекрасна традиција која после неколку години одново се возобновува.

Нека е честит Денот на народното востание, денот кога започнала Народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор!

Максо се срами што зема 160.000 денари плата, а народот гладува – Тоа е дело на СДСМ

Пред преполна сала во хотелот “Холидеј ИН”, синоќа беше промовиран новиот политички субјект “ЗНАМ – за наша Македонија”, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Димитриевски, повикувајќи се во говорот на сојуз со народот, рече дека Македонија не треба да биде приватна држава во сопственост на поединци. Како и сите досегашни основачи на нови партии и актуелни и бивши лидери на политички субјекти, и тој кажа дека ќе се залага за департизација на судството, на полицијата, обвинителството и на сите институции.

-Ќе мораме да ја направиме Македонија самоодржлива држава, не може да доаѓаат од надвор да ни ги земаат ресурсите, а ние да бидеме кираџии – рече Димитриевски – истакна Димитриевски.

Тој се осврна и на новата ситуација со платите на функционерите, па порача:

-Веднаш по освојување на власта ќе предложиме ново законско решение со коешто ќе се реевидираат и проверат сите плати. Затоа што не може вашиот градоначалник како мене да зема 160 000 денари плата а вие во општината да земате по 20 000 денари плата.

Велески презема се во свои раце: Голден Арт мора да паднe во Прилеп

По несреќниот пораз викендов на гостувањето кај Мулти Есенс во Скопје (31:30), ракометарите на РК Прилеп се подготвуваат за нов натпревар пред домашната публика.

Утре (среда), со почеток од 18:30ч, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, гостува екипата на Голден Арт, кои исто како прилепчани имаат скор од 2 победи и 3 порази во досегашниот тек од ракометната Супер лига.

Капитенот Велески и дружината мораат да покажат дека во Прилеп се неприкосновени и да запишат нова победа.

Секако, поддршката од публиката не смее да изостане! Затоа утре сите во сала!

Maкедонија застана на страната на Израел: Македонската влада синоќа обоена со боите на израелското знаме

Владата на Република Македонија синоќа беше обоена во боите на израелското знаме, како знак на поддршка за Израел, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковсчевски.

– Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме.

60-годишна кавадарчанка фатена на дело како краде во фирма

На 09.10.2023 во 18.50 часот во атар на с.Возарци, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ј.Т.(60) од Кавадарци. На место викано „Шамаците“ во атар на с.Возарци, таа била затекната при извршување кражба на имот на правно лице од Кавадарци.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ј.Т. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Прекрасна глетка: И оваа година манастирот во прилепско Бонче беше преполн со верници за празникот Св. Јован Богослов (Фото)

За празникот Св. Јован Богослов во прилепско традиционално највесело е во истоимениот манастир во село Бонче.

Така беше и оваа година кога за време на двата празнични дена манастирот го посетија стотици верници.

Весело беше и на заслогот и денеска на самиот празник. Се пееше убава македонска песна, се виеше македонско оро, а присутните ги забавуваа “Оркестар Маестрал” од Битола.

Нека е за многу години и напомош!

На 70 години ќе одговара: Жител на крушевско село приведен поради предизвикување на пожар

Денеска (09.10.2023) полициски службеници од СВР Битола- ОВР Крушево го приведоа П.З.(70) од с.Светомитрани, крушевско, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, односно намерно предизвикување на пожар во с.Светомитрани.

Имено, тој бил затекнат во моментот додека пали сува трева во атар на селото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.