дома блог страница 1044

Ни Ескобар не го разубеди Мицкоски: Излез од целата ситуација се брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, додаваат од опозициската партија.

Легендите живеат вечно! Нешкоски беше таков! Отворен Осмиот по ред Меѓународен меморијален турнир во ракомет “Миле Нешкоски” (ВИДЕО)

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето посветено на Миле Нешкоски пред Универзалната сала во Прилеп, денеска беше отворен Меѓународниот ракометен меморијален турнир, кој го носи името на прилепската ракометна икона.

Турнирот оваа година за прв пат ќе трае 4 дена, од 25-28 август. Од домашните екипи на турнирот учество ќе земат: Мулти Есенс, Пролет, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга, а гости се РК Дубочица од Србија и финската екипа Кокс – екипа која е редовен учесник во еврокуповите во изминатите години.

Осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ беше отворено со дуел меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет, кој заврши со победа на Пролет од 22:12. Во моментов се игра натпреварот помеѓу РК Скопје и Дубочица, во 18:00ч. ќе се сретнат РК Прилеп и Струга, а во вечерниот термин со почеток од 20:00ч. играат Кокс и Мулти Есенс.

Натпреварите се играат во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, a влезот е бесплатен.

Болна работа! Во Киев уапсени жени кои играле на гробовите од војници

Полицијата во Киев приведе неколку лица поради играње на гробовите на војници, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Уапсените објавија видеа и фотографии на социјалните мрежи. Ним им се заканува затворска казна до пет години.

Киевската полиција објави слики од приведувањето на двете жени.

Полицијата ги учеше прилепчани да ги чуваат шумите и да не зборуваат на мобилен телефон додека возат

Вчера, во рамки на акциониот план за превентивни активности од страна на СВР Битола преку сите Одделенија за внатрешни работи беше спроведена превентивна активност под мотото „Шумите се наше најголемо богатство, да ги чуваме нашите шуми’’. Во непосредна комуникација со граѓаните на кои им беа поделени и печатени едукативни материјали им беше посочена потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд и за начините за превенција и заштита на шумите. Покрај ова, на граѓаните им беа дадени и совети за заштита од кражби.

Исто така, вчера во Крушево, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево, беше спроведена превентивна активност под мотото „Стави појас“. Полициски службеници преку непосредна комуникација со возачите им укажуваа за задолжителната обврска за носење сигурносни појаси при возење и за возачите, но и за сопатниците како исклучително важна нормативна и безбедносна мерка.

Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини во насока на запознавање и подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот.

Во Прилеп, истиот ден, беше реализирана превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот со акцент ставен на забраната за употреба на мобилен телефон при управување на возилата.

“Жена од Султана” на првa вечер “ПИВО ФЕСТ” во Прилеп

Пејачката Тијана Милентијевиќ позната како Тијана Ем или „Жена од султана“ е една од гостите од соседството, која на 1. септември ќе настапи на првата вечер од “Prilep Beer Weekend”.

Милентијевиќ со својот прв хит направи хаос на балканската музичка сцена, за кој наводно земала и до 10.000 евра бакшиш на настапи, пишуваа српските медиуми.

На фестивалската сцена во Прилеп, “жена од султана” ќе настапи во иста вечер со Тропико Бенд, Ламбе Алабакоски и Миле Кузмановски.

Ескобар денеска ќе се сретне со Ковачевски и Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на Македонија со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Се паркирал со такси, па слушнал истрели, а еден куршум завршил во возилото: Битолчанец едвај спасил жива глава

Денеска (24.08) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола поради сомнение за сторено кривични дело „предизвикување на општа опасност” по чл.288 од КЗ извршиле претрес, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Битола, во дом и други простории кај М.Н. од Битола, при што се пронајдени и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми.

Претходно, денеска (24.08.) околу 12.30 часот во СВР Битола Т.В. (50) од Битола, пријавил дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило “голф” со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото.

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираат од СВР Битола.

(Видео) Интервју на Трамп пред да се предаде во затвор: Одговори и на прашањето дали ќе има граѓанска вojна во Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше со Такер Карлсон, поранешен водител на Фокс њуз, во пресрет на неговото предавање на властите во затворот во округот Фултон во Џорџија. Во интервјуто зборуваше за можноста за политичко насилство во САД.

Угледната веб-страница „Хил“ објави дека Трамп, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), рекол дека страста и омразата во Америка достигнале невидени размери.

Трамп реши да ја прескокне дебатата на кандидатите за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, која штотуку ја организираше Fox News, а неговото интервју со Карлсон се емитуваше само неколку минути пред да започне дебатата.

– Никогаш не сум видел толкав дух и толку страст, а исто така никогаш не сум видел, во исто време, во истите луѓе, толкава омраза за она што и е направено на нашата земја – рече Трамп.

Кога Карлсон потоа го праша дали мисли дека САД се упатени кон „граѓанска војна“, Трамп се осврна на насилството што избувна на 6 јануари 2021 година на Капитол Хил кога неговите приврзаници маршираа кон зградата на Капитол за да извршат притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс.

– Има голема страст и голема љубов. Знаете, 6 јануари беше многу интересен ден бидејќи тие (медиумите) не известуваат соодветно за тоа. Верувам дека тоа беше најголемата маса луѓе на кои некогаш сум им се обратил – рече Трамп, додавајќи дека „многу мала група“ од нив го нападнала Конгресот.

(Видео) “Вагнер” со закана по смртта на Пригожин: “Oчекувајте, доаѓаме”

Русите тврдат дека рускиот шеф на платеничката група, Пригожин загинал синоќа во приватен авион во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.

Каналот на Телеграм „Греј зона“, кој е поврзан со платеничката војска на Пригожин, Вагнер, тврди дека авионот бил намерно соборен. Дека загинал беше објавено и на каналот на Телеграм поврзан со Вагнер.

„Но, и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, се додава мрежата што Пригожин обично ја користел за споделување видеа.

По неговата смрт, прашањето е што ќе прави сега Вагнер. На Телеграм каналите и социјалните мрежи е објавено видео во кое се најавува одмазда.

„Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте не“.

Но, аналитичар на Би-би-си накратко коментира дека без Пригожин, Вагнер во сегашната форма е завршен.

Таста го победи поранешниот европски шампион, сега на ред е РК Прилеп во прво коло

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, прилепчанецот Горан Кузмановски, во новата сезона во ракометната Супер лига ќе ја предводи екипата на РК Бутел.

Кузмановски одлично ги почна подготовките за ракометните предизвици во Супер лигата, а доказ за тоа е синоќешниот триумф над некогашниот европски првак Металопластика Шабац со 28-27, во второто коло од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, кој се одржува во Охрид.

Бутелчани триумфираа со 27:28 (10-12 на полувремето). Прв предизвик за прилепскиот стратег во Супер лигата ќе биде токму гостувањето во родниот Прилеп против истоимената домашна екипа. Натпреварот се игра на 09.09 (сабота), а претходно Бутел ќе ги тестира силите и на дуелот со словенечкиот Татран Прешов, исто така на турнирот во Охрид.