дома блог страница 1041

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Ја натепал мајка си, па го запалил домот каде за малку ќе изгорел татко му

Триесет и осумгодишен струмичанец ја нападнал физички неговата 57-годишна мајка, па откако таа го напуштила домот, тој предизвикал пожар, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а неговиот татко бил пренесен во болницата во Струмица за укажување помош. В..М. бил задржан во полициска станица, по што на 09.10.2023 бил пренесен на лекување во медицинска установа во Негорци.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

До крајот на годината следуваат уште два споени викенди за сите

До крајот на годината остануваат уште три неработни дена, од кои едниот е токму денес, додека другиот е споен викенд кога ќе одмараме три дена и тоа на 23 октомври, а по него следува уште еден споен викенд, односно 8 декември (петок).

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Мицкоски од Прилеп: Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор – Честит 11 Октомври

Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, честитајќи го празникот 11 Октомври од Прилеп.

-Прилеп и Куманово ја започнаа таа битка што подоцна ја донесе слободата на Македонија. Честит 11 Октомври, додава Мицкоски.

Камена бина никогаш не зрачела со ваква убавина: Ученици од ООУ “Кочо Рацин” со најубава досега изведба на “Земјо моја” (ВИДЕО)

Со импровизиран напад на бугарскиот участак и со пригодна програма на камената бина, Прилеп вечерва одбележа 82 години од започнувањето на Народноослободителната борба или Денот на народното востание.

На камената бина на плоштадот “Александрија” свој настап имаше хорот при КУД “Пере Тошев”, a со рециталот насловен како “Октомври” се претставија шестоодделенци од ООУ “Кочо Рацин”.

Особено впечатлива беше музичко-сценската изведба на “Земјо моја” и “Заветна”, од страна на ученици од училиштето “Кочо Рацин”, заедно со пејачката Белинда Ристеска и Никола Илиески од октетот “Прилеп”.

Уживајте во продолжение:

Чашуле и Базерко за телефонската мрежа, Аспарух и Душко за полициската станица, а за затворот Мице Козар и Корубин – Што се случувало во Прилеп на 11-ти Октомври 1941година?!

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11-ти Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период, и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четиригодишната борба против фашистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град.

Во наредниот текст ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11-ти Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред. Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп. Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули.

Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс. Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Уепеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

Не само на турнирот Св. Никола, прилепчани отсега ќе гледаат мал фудбал преку цела година – се формираше футсал клубот ПОБЕДА!

После долго време во Прилеп ќе се игра футсал на професионално ниво. Вљубениците на малиот фудбал ќе имаат свој миленик кој ќе можат да го бодрат на трибините и да гледаат утакмици во футсал не само на турнирот “Св. Никола”, туку и преку цела година.

Неодамна се формираше КФМ Победа, а основач на клубот е еден од најистакнатите членови на навивачката група “Мајмуни”, Никола Трајкоски.

Веќе во недела новиот клуб ќе го има своето деби на терените. Закажан е натпревар со екипата на Јувентус Серава, кој ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, во недела (15.10), со почеток од 19:30ч.

Одлична можност за спортските вљубеници да ги наполнат трибините и да дадат поддршка на овој нов спортски проект, кој со сигурност ќе значи премногу за Прилеп.

Како дел од чествувањата на 11-ти Октомври, во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” откриен прекрасниот мурал “Слобода во нашите срца”

Како дел од чествувањата на државниот празник “Денот на народното востание-11-ти Октомври”, во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” беше откриен прекрасен мурал кој го носи името “Слобода во нашите срца”.

-Обединети под мотото ,,Слобода во нашите срца” вработените и учениците од СОУ ,,Ристе Ристески-Ричко”, Прилеп со низа активности го чествуваа празникот 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Чествувањето започна со приредба со родољубива тематика и откривање на мурал изработен од страна на професорот Методи Исков и група ученици од нашето училиште. Ученици од нашето училиште зедоа учество и во формирање на македонското знаме, настан организиран од сите средни и основни училишта од градот на непокорот Прилеп. 11 Октомври е симбол на македонската борба за слобода. На овој значаен ден Македонецот храбро, непоколебливо, бестрашно зачекорува кон слободата , но и кон самостојноста, самобитноста и државноста – информираат од училиштето.

Двјаца прилепчани на две различни локации, пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во изминатите 24 часа

Две пријави за каснувања од кучиња скитници во Прилеп во изминатите 24 часа:

-На 09.10.2023 во ОВР Прилеп, М.К.(31) од Прилеп пријавил дека на ул.„Славеј планина“ во Прилеп неговиот татко Г.К. бил каснат од куче скитник.

-На 09.10.2023 во ОВР Прилеп, И.Т.(45) од Прилеп пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

Нема крај на поскапувањата: Од петок повисоки цени на цигарите и на другите тутунски производи

Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.

Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.”

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите и истата гласи:

(1) Акцизата на пури од член 79 од овој закон изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

(2) Акцизата на цигарилоси од член 79 од овој закон изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Со овој предлог според увозниците и продавачите на мало, се дестимулира работењето, на цена на досега не направените промени за увоз на пури и се стимулира шверцот на физичките лица, кои не престано носат тутунски производи од други држави кои имаат далеку помали давачки од нашите.

Во разговор со дел од нив, ова претставува досега невидено оптоварување, и единствени се во изјавите дека со ова само дополнително ќе се стимулира црниот пазар, кој за жал не придонесува ништо добро за државата, која има обврска да ги штити увозниците од нелојалната конкуренција и шверц

Исто така, она што е важно да се потенцира е дека досега оваа власт, а и ниту една претходно, никогаш при носење на законите, не го слушнала гласот на увозниците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат и одлуките се носат зад затворени врати.

Производите на “Витаминка” изложени на најголемиот саем за храна и пијалоци во светот “Ануга” (ФОТО)

Со изложување на целосната слатка и солена програма, Витаминка и оваа година се претставува пред светската јавност на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга којшто се одржува во Келн, Германија. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да се запознаат и да ги пробаат производите на компанијата, посебно новитетите кои веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Ануга е центарот на сите значајни произведувачи на храна и пијалаци и новите трендови и иновации на производи се од особен интерес. И самото учеството заедно со други производители од светски ранг е потврда за успешноста на Витаминка надвор од македонските граници и говори дека сте реномирано и значајно име во индустријата со храна. Ова секако отвора нови можности за деловни соработки, за нови пазари и проширување на присуството на брендовите на Витаминка“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани. Оваа година изложуваат околу 7 800 изложувачи од 118 земји од целиот свет кои се инспирираат од најголемиот избор производи и бараат можност за својот производ.