дома блог страница 1040

Сообраќајка во битолско: 42-годишник илетал од патот и завршил со тешки повреди

На 11.10.2023 во 06.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила-Будаково, кај с.Радобор, патничко моторно возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(42) од с.Будаково, општина Могила, излетало од патот.

Во несреќата, возачот И.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, а увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битолав – информираат од СВР Битола.

Светско, а наше: Редици чекаат во Јужна Кореја за автограм од нашиот Владимир Четкар (Видео)

Турнејата во Јужна Кореја на Владимир Четкар помина спектакуларно! Публиката во Сеул, Гангнгнеунг како и на 20 годишното јубилејно издание на најголемиот Корејски џез спектакл, Јарасум Џез Фестивалот го награди на Четкар со еуфорични овации!

Концертите на Владимир Четкар во Кореја каде тој ја делеше сцената со некој од најголемите светски џез имиња го привлече вниманието и на националните Корејски медиуми кои веќе го интервјуираа и ги издвоија неговите настапи како едни од најзначајните.

Концертите на Четкар во Јужна Кореја се самостојни и исклучиво со негова авторска музика а на оваа турнеја тој беше придружуван од македонските музичари Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Филип Димишковски, Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.

https://fb.watch/nDu8A787Pa/?mibextid=2JQ9oc

Заштитен манастирот Св. Јован Крстител во прилепско Небрегово – Пламените јазици опасно се заканувале да го проголтаат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.

Во Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот се уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.

Вториот активен пожар е во Општина Долнени, кај с.Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и 2 ПП возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на с.Небрегово, над манастирот. Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите за негова заштита од огнот.

Изгаснатите 32, од вкупно 34-те, пожари на отворено во државата биле во:

– Општина Сарај, с.Глумово (каде што горело стрниште и сува трева);
– Општина Карпош, крај ул. „Франце Прешерн“ (сува трева и дрва);
– Општина Студеничани, 2, кај с.Моране (сува трева и дрва) и кај с.Црвена Вода (мешана шума);
– Општина Чучер Сандево, покрај патут кон ц.Блаце (сува трева);
– Општина Прилеп: м.в.на месноста „Над Бараки Варош“ (сува трева);
– Општина Долнени, 2, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос (сува трева);
– Општина Гевгелија, с.Миравци (сува трева и прнар);
– Општина Валандово, 2, кај с.Марвинци (сува трева и прнар) и кај с.Пирава (сува трева, капини, дел од лозје и овоштарник);
– Општина Кичево, 3: кај с.Осломеј, с.Зајас и кај с.Мамудовци (стрништа);
– Општина Свети Николе, 2: кај с.Амзабегово (стрниште, сува трева и трње) и во близина на река Мавровица (сува трева, трње, овоштарник и чемпреси);
– Општина Штип, 3: кај с.Калапетровци, реон во првец кон с.Кошево (дабова шума и сува трева), кај с.Селце (нискостеблеста и деградирана шума) и на месноста „Мирјанина Црква“ (сува трева);
– Општина Карбинци, с.Крупиште (стрниште и сува трева);
– Општина Пехчево, кај месноста „Крива Круша“ покрај патот Пехчево-Делчево (сува трева);
– Општина Куманово, 2, реон кај месноста „Муслимански гробишта“ и кај бензинска пумпа „Лукоил“ (сува трева);
– Општина Липково, 2, кај с.Лојане (сува трева) и кај с.Слупчане (сува трева);
– Општина Старо Нагоричане, 2, кај с.Никуљане (стрниште, сува трева и драка) и кај с.Младо Нагоричане (сува трева и отпад од пченка);
– Општина Ранковце, во реон на с.Ветуница (нискостеблеста шума, грмушки и сува трева);
– Општина Тетово, во реон на населбата „Вон Вардарска“ (сува трева);
– Општина Брвеница, с.Радиовце (стрниште и сува трева);
– Општина Гостивар, с.Турчане (сува трева) и во
– Општина Врапчиште: с.Топлица (сува трева).

Вистинска драма на теренот во “Ричко” вечерва: Феноменалниот Ангелески правеше чуда на голот на РК Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп не успеаја да ја израдуваат домашната публика со 3 бода, во денешниот натпревар од шестото коло во Супер лигата.

Во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” гостуваше екипата на Голден Арт, а крајниот резултат на семафорот беше 28:28 (15:14 на полувремето).

Ова е прво реми за двете екипи во досегашната сезона, а досега и едните и другите забележаа по две победи и 3 порази.

Натпреварот вечерва во “Ричко” беше тврд во текот на сите 60 минути. Екипата предводена од Боби Мојсов воопшто не дојде до поголемо водство од 1 гол разлика, но покажа карактер кога во средината на првиот дел прилепчани губеа со 4 разлика. Во вториот дел прпилепчани во два-три наврати водеја со 2 разлика, но откако Голден Арт стигна до 19:19, домашната екипа речиси постојано бркаше егал. Во финишот, двете екипи промашија зицери за победа, па така ремито можеби е најреален исход од неизвесниот дуел.

Најдобар во домашниот состав речиси по обичај беше Кастратович Владан, кој денеска постигна 8 гола. Го следеја Денис Шабановиќ со 5, Томислав Квастек и Никола Цветаноски со по 4 погодоци. Одличен на голот беше и Иван Ангелески, кој може да се каже дека беше клучен што Прилеп не загуби денеска и со своите одбрани ги анулираше падовите во играта на својот тим.

Кај Голден Арт Тоше Ончев стигна до 8 погодоци.

Во наредното коло, кое се игра веќе во сабота, прилепчани гостуваат кај шампионот Еурофарм Пелистер.

Два физички напади во еден ден во прилепската населба “Подкули” – Во едниот случај 85-годишник бил тепан со тврди предмети од неколку лица

На 10.10.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Прилеп, Б.В.(85) од Прилеп пријавил дека околу 16.00 часот во место викано „Подкули“, прилепско, бил физички нападнат од три лица, кои употребиле и тврди предмети.

Речиси во исто време, во 23.50 часот во Полициската станица Прилеп, Д.В.(59) од Прилеп пријавил дека околу 13.00 часот истата населба, бил физички нападнат од С.Н.

Од ОВР Прилеп велат дека работат на расчистување на двата случаи.

(МЕГА ГАЛЕРИЈА) Во центарот на Прилеп се одржа вистински адреналински спектакл

Kaко дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври, традиционално во Прилеп и оваа година се одржа популарното Tunning Car Show.

Ова беше 15-то јубилејно издание на оваа адреналинска изложба на автомобили, која како и секогаш предизвика огромно внимание кај прилепчани и посетителите во Прилеп денеска.

Огромен број автомобили, меѓу кои најразлични луксузни лимузини, олдтајмери, џипови…. беа изложени во централното градско подрачје и ги пленеја погледите на илјадниците граѓани кои денеска го искористија убавото време за да ја посетат оваа возбудлива изложба.

Ако пропуштивте, уживајте во фотографиите во продолжение:

Одлична можност: Се продава разработен бизнис (Фото)

Поради пензионирање се продава салон за завеси ДООЕЛ Декор од Прилеп – со локација наспроти паркингот од Домот за Култура Марко Цепенков.

Салонот за завеси “ДЕКОР” кој успешно функционира цели 23 години, се продава поради пензионирање на сопствениците .
Фирмата е без никакви долгови.

Новите сопственици добиваат фирма која и во моментов беспрекорно функционира, целокупна залиха на репроматеријалите, листа на добавувачите и се што е неопходно за понатамошно  успешно функционирање.

Повеќе информации на: 075 208 848

Бумбароски: Власта создаде хаос во образованието, следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на целосната концепција на образованието

На денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“ во општина Кичево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ свое обраќање имаше членот на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Бумбароски кој истакна дека владата на СДСМ и ДУИ создаде хаос во образованието а фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието и посочи дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на целосната концепција на образованието и ќе се избори да си остане предметот историја како засебен предмет.

„Образованието е еден процес кој што почнува од мали нозе и траеа цел живот. Образованието е една од клучните науки. Ако можеме да кажеме дека нешто успешно оваа влада на ДУИ и СДСМ направија е тоа дека успешно го уништија образованието. Ова морам да го констатирам владата на ДУИ и СДСМ во секоја сфера од образованието успеа да уништи се што е здраво и функционира. Јас како наставник по одделенска настава можам да кажам дека од 1 одделение до 9-то одделени нема одделение каде што нема нанесено штета. Учебници нема, еве и оваа година се уште нема учебници а оние кои што стигнаа се полни со грешки“, нагласи Бумбароски.

Бумбароски посочи дека фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието.

„Фамозната концепција на Мила Царовска веќе го достигнува врвот на своето уништување во образованието. Спојување на предмети, бришење на историјата и се она што нанесува штета е посебно во делот на споените предмети. Предметот историја и општество има три модели тие три модели се оценуваат посебно и ги предаваат тројца различни наставници. Еден од наставниците кој што го предава моделот граѓанско образование со учениците ќе биде само 10 часа. Тој за 10 часа нема да успее ниту да ги запознае учениците а на крај на учебната година тој заедно со останатите двајца става завршна оцена“, истакна Бумбароски.

Бумбароски рече дека можеби целта на властите е создавање на хаос во образованието.

„Можеби тоа и е целта создавање на хаос каде што секој ќе тргне од себе и од својата умешност како да се справи со ситуацијата. Верувам дека е така затоа што ние како наставници добиваме насоки а имаме закони по кој што функционираме и законите се косат со тие насоки. Ние сме ставени во недоумица, и тешко се менаџира сето ова бидејќи доаѓаат различни насоки. Ние не знаеме каде да се обратиме доколку нешто не ни е јасно“, посочи Бумбароски.

Бумбароски посочи и дека наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи целосна ревизија на концепција на образованието и ќе се избори предметот историја да остане како засебен предмет.

„Коренот на спојувањето на предметите историја и географија е прашањето на историјата како предмет. Она што наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи е ревизија на целосната концепција и да си остане предметот историја засебен предмет. Ќе се избориме историјата да биде засебен предмет. Бидејќи во сите земји во светот така се изучува“, кажа тој.

Прилеп под опсада: Стравувајќи од народот, власта и нареди на полицијата да врши строга контрола (Видео)

Со значително зголемено присуство на полицијата и со исклучително строги безбедносни мерки, но и невообичаено силни легитимирања и ограничувања дури и за новинарите, тричлената владина делегација, предводена од вице-премиерот Фатмир Битиќи, денеска во Прилеп, за Денот на народното востание, празнично дистанцирана од народот. Групи од граѓани, па дури и потомци на загинати борци, беа спречени да оддадат почит на хероите, иако регуларно и навремено биле најавени – објави “АЛФА ТВ”

„Цел автобус носам, 50 души, не мораше сите 50 души, ама 4-5 души можеше да не уфрлат во делегацијата и ние да положиме цвеќе. А не овие стари луѓе што се сите над 85 години да чекаат цел саат и пол. На што личи ова? А ние сме дошле од Скопје. Синоќа во 21.30 ч. ми се јавија и ми викаат – не може, од Внатрешни наредиле да не може со делегацијата, туку да чекаме долу“, – револтирано кажа Павлина Ристевска, претседателка на ОО на СБМ, о. Кисела Вода.

Според информациите до кои дојде Алфа од свои извори, ваквите строги безбедносни мерки, а на кои од МВР интрнзивно работеле цела претходна недела, најверојатно биле резултат на стравот од рекциите на граѓаните заради актуелните политичко-економски состојби во земјава, а какви што имаше и во претходниве неколку години.

Каролина Дурло

“Ќе се пензионирам на 100 години, а можеби ни тогаш”: 80-годишна Македонка 50 години работи на железничка станица во Австралија (ФОТО)

Родена во селото Вапила во близина на Охрид, Весела Грујоска мигрирала со нејзиното семејство во Австралија во 1970година и веќе 50 години работи како чистачка во Централната железничка станица во Сиднеј и речиси никогаш не зела боледување.

Денеска, на 80-годишна возраст, Весела е се уште на своето работно место и не размислува за пензија. Тајната зад нејзината ментална и физичка подготвеност е нејзиното животно мото, кое и’ помага да изршува работа за која треба многу енергија.

“Работата ве одржува здрави и млади. Да не се прави ништо би било катастрофа”, вели Весела за sbs.com.au

На прашањето од луѓето кога планира да се пензионира, Весела вели:

“Ќе се пензионирам, можеби, кога ќе наполнам 100 години, но можеби нема ни тогаш”

Станицата каде работи, неодамна организирала и специјален ручек во чест на Грујоска, а во нејзина чест, едно од возилата за влечење багаж го добило името по нејзиниот прекар “Веса”.

По нејзиното пристигнување во Австралија, Грујоска работела во фабрика за неделна плата од 29 долари, а во 1973 година се вработила во железничката станица “Рокдејл”.

И по 50 години таа е уште тука. Насмеана, позитивна и посветена секој работен ден.