дома блог страница 1028

Оригинално и емотивно видео со сите заеднички моменти: Прилепски рапер направи прекрасна песна посветена на неговата ќеркичка (ВИДЕО)

Прилепскиот рапер Борче „Бро“ Блажески, кој кај прилепчани е познат по настапите во клубовите во минатото, а кај балканската јавност стана познат по учеството на реалното шоу “Парови”, направи оригинална песна посветена на третиот роденден од неговата слатка ќеркичка.

Борче важеше за најоригиналниот учесник во “Парови”, а со неговата позитивна енергија жареше и палеше на екраните.

Во продолжение слушнете ја песната “Тато те чува”:

(Фото галерија) Битола подготвена за ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за македонскиот, битолскиот клуб РК Еурофарм Пелистер:

„Завршуваат подготовките во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на новата Лига на шампионите. Со интензивна работа од страна на Општина Битола и во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми и активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од клубот, ги исполнивме потребните, високи европски стандарди. Со дуелот меѓу македонскиот првак, нашиот РК Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, во среда спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за Лигата на шампионите. Нека ни е среќно и успешно битолчани! За нови големи достигнувања во ракометот!“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Две млади момчиња од Прилеп среде бел ден фатени со дрога на клучката од патот за Витолиште

На 09.09.2023 во 11.00 часот на клучка од магистрален пат Прилеп – Битола со регионален пат за с.Витолиште од полициски службеници од Полициска станица Старавина при Регионален центар за гранични работи Југ се лишени од слобода Д.М.(21) и Н.Т.(21), двајцата од Прилеп.

При преглед на возилото „фиат комби“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Познатиот новинар од Прилеп го врати премиерот Таче во реалноста: Ова е жалната вистина со која граѓаните секојдневно се соочуваат

Фејсбук статус на новинарот од “ТВ 24”, Сунаи Сабриоски:

“Реков денес ќе одморам, нема да гледам вести, најмалку да го чујам името Таче, и ко шо е ред во слободен ден одам на пазарчето позади ТЦ Бисер пошо таму има уште луѓе останато со кои може муабет да се направи.

По пат, излегува жена во години од аптека, притрчува накај мене за да ми каже дека ми ја почитува работата. Во тој муабет на жената почнува да и течат солзи а јас почнувам да се губам бидејќи не знам како да реагирам. И велам ајде смирено а таа ми возвраќа, како бе синко смирено пензијата ми е 12.000 денари види го ќесево до апчиња тежи над 5.000 денари, а да не ти кажувам како преживувам.

Продолжувам понатаму, ме пресретнува возрасен маж, ми вели, ти не беше новинарот, му велам уште сум. Почнува да се нервира и ми вели, ја гледаш она малечката онде во паркот. Е таа бе шефе не е должна да го трпи ова лудило. Почна на школо а ја немам пари тетратки да и купам. Дај кажи им на тие алчните во влада нека остават барем трошки за нас.

По пат влегувам во маркет да купам цигари, внатре гледам мајка и расплачено синче се убедуваат дека смоки не се јадат и дека лижалчето не е убаво. Малиов запнал лижалче сака, и викам на госпоѓата, оставете го мал е ако не е проблем ни богат ни сиромав ќе ми дозволите да ги купам. Госпоѓата ми вели, никако, сопругот ми е во Хрватска не можам да си дозволувам многу, денеска ако му купиш ти утре тој пак ќе побара.

Влегувам во пазар, го слушам муабетот, дошол новинарот , почнува неврзан муабет. Стигнувам до тезгата на чичко Николе почнуваме да се расприкажуваме. Ми ги полни ќесите и му велам чичко Николе немам кеш во мене,ме прекинува и ми вели никаков проблем, кога ќе имаш тогаш.
Секој на своја страна. Јас да ја видам “мајка” од пекарата кај Бисер.

Одам накај автобуска постројка, ми се проближува возрасен маж, ме препознава, и почнува да го фаќа нервоза па ми вели, добро бе Сунаи па биваше толку да не прават малоумни, толку глупи и неписмени, па што сакаат уште ако не кожава да ја одрам и да им ја дадам. Велеа правда ќе има, живот подобар, ете го преколнувам денот кога ги гласав. Ме вработија по партиска линија, прифатив бидејќи немав како да го прехранам семејството. Во прва прилика кога им покажав заби, кога одбив да им потпишам еден документ, ме фрлија ко да сум ѓубре за во контејнер.

Влегувам во автобус, ми се приближува жена во години и ми вели. Ааа одличен си, те следам. Следи неврзан муабет и ми вели, пензијата ми ја скинаа аир да не видат, со таа пензија го школувавме внукот за на факултет, ене го син ми нервен слом ќе доживее не знајме од кај да најдиме пари за да го школуваме. Син ми е со два факултети ама нема партиска книшка, те премолувам ко мој син кажи таму на вестите нека слушнат тие во Влада.

Доаѓам дома не знам дали да ѕвонам кај психолог или да се однесувам ко ништо да не било. Гледам што сум купил: 3 домати, 10тина благи пиперки, две лути пиперки, 4 парчина кромид, 2 парчина прас, 1 парче лук, 1 гранче магдонос, 5 компири, 1 леб, шише вода и сето тоа 780 денари. Лудило!

Не можам ни да помислам како им е на семејства со деца, па кај се памперси, па млеко, па ова е тој живот!
Муабетот ми е, дај некој нека го седне премиерот и неговите први придружници и нека им каже дека доста си го дерат до гола кожа сопствениот напатен народ.

Дај нека престане премиерот озвучен со камери, со однапред сценарио, да се шета по маркети. Ете нека земе еден ден нека се прошета без неговата екипа и нека му стане денот горчлив ко на мене и на многу луѓе, па нека ги слушне маките на граѓаните, на луѓето! Нека престане да се однесува ко најголем шалабајзер па да ја замајува јавноста.

Очигледно народот отрпна, нема верба во ништо па ни во сопствениот живот. Дај нека престанат да гасат нечии животи. Очигледно и народот потона во длабока апатија, а како и не би кога криминалот и корупцијата ни цути од ден во ден се повеќе.

Колку и да се трути човек да остане нормален тешко тоа, станува, мачно, гадно, темно, загушливо!
Изгледа уште долго ќе бидеме во шок и неверување”.

ВИДЕО: Неверојатна снимка од Мароко, новороденче извлечено од под урнатините

Бројот на жртвите од земјотресот во Мароко се зголемува од час во час, а спасувачите се тркаат со времето за да спасат што повеќе животи.

На социјалните мрежи се појави видео од неверојатното спасување на новороденче од урнатините на зграда. Бебето за чудо е извлечено живо и здраво.

Мицкоски: Новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изнесе пред лицето на правдата сите инволвирани во случајот Онкологија

„Споменавте за случајот во Онкологија, за овој грозоморен мафијашки настан кој ја тресе македонската јавност изминатите денови и изминатиот период, гледате како луѓе блиски до владејачките партии се здружиле и на маката на луѓето профитираат, нешто што е за целосна осуда“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Кавадарци.

Мицкоски истакна дека она што повеќе од се загрижува, е тоа што органите на прогонот покрај тоа што на дневна основа се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, овој случај како целосно да го ставаат под тепих, го игнорираат, го забораваат и до овој момент можеби повеќе од 10 дена, две недели нема ниту пак било каква информација за луѓето кои се вмешани во тоа дело.

„Јавноста ги знае, не може да ме убеди ниту мене, ниту било кој дека тие кој ја водат истрагата не ги знаат имињата на луѓето кои се највиновни за тоа што се случувало на Онкологија во изминатиот период“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изведе пред лицето на правдата лицата кои го ставаат случајот под тепих и тие кои се најодговорни за тоа што се случувало.

„За неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и дека тие што ова го ставаат под тепих и тие кои се дел од ова грозоморно мафијашко здружување ќе бидат изведени пред лицето на правдата во најбрз рок и јас лично ќе побарам највисоки казни и за овие кои се обидуваат под тепих да го стават случајот но и за тие што се најодговорни што ова се случувало“, посочи Мицкоски.

Достоинствено испратена во пензија главната сестра во прилепската болница (ФОТО)

Преку јавна објава на социјалните мрежи, со полни маси и фотографии, прилепската болница “Борка Талески” од Прилеп, објави дека во заслужена пензија заминува главната сестра Роза Рулеска Пиличева.

-Достоинствено, како што и впрочем доликува на Установа со вакво реноме, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, ја испрати во пензија својата главна сестра Роза Рулеска Пиличева. Со прекрасни зборови за нејзиното работење во болницата како главна сестра ,до присутните се обрати директорката на оваа институција Кети Смилеска. На овој емотивен момент со честитки и убави желби присуствуваа сите главни сестри на болнички одделенија, началници на одделенија, шефови на служби, останат здравствен и помошен персонал, претставници од Центар за јавно здравје, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Фонд за здравство, Приватно здравство, Здружение на Змстас за нас, стручни наставници од средно медицинско училиште, Комисија за превенција и спречување на заразни болести, ДНД Комерц претставништво Скопје, и др – напишаа од болницата на Фејсбук.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02de1Sxs3ddxVNzNWYJ4W385xq7iqHx5CsDyEMhUptyMhL5szhasMj5ineLN4BgG3wl&id=100057659229422&sfnsn=mo&mibextid=RUbZ1f

Имобиле преку видео се пожали од теренот на арената “Тодор Проески”: “Да се игра на ваков стадион може да биде опасно”

Македонија вечерва игра против Италија, а теренот на Арената „Тодор Проески“ и за овој натпревар е во ужасна состојба.

Италијанците се пожалија и на социјалните мрежи покажаа на каков терен ќе играат вечерва. Во видеото кое го објави напаѓачот на италијанската репрезентација, Чиро Имобиле, тој вели:

“Да се игра на ваков стадион може да биде опасно. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар на овој терен, но се чини дека ќе биде уште потешко”.

За да преживее едно четиричлено семејство во август му биле потребни 49.345 денари

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари.

-Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто, оценува Сојузот.

Искусниот гладијатор Велески бара поддршка од публиката

Aмбициозниот тим на РК Прилеп, новата сезона во ракометната Супер лига ќе ја започе утре со дуел против РК Бутел. Натпреварот против екипата од Скопје прилепчани го играат со почеток од 19ч, а локацијата одново е спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Прилепчани сезоната ја почнуваат со нов спонзор и со повеќе засилувања, а тука се и неколкумината искусни играчи, кои останаа да ги бранат клубските бои предводени од капитенот Филип Велески.

Во изјава за “24Ракомет”, Велески ги сподели размислувањата за новата сезона:

Тој вели дека очекува со поддршка од публиката сезоната да ја започнат со победа. Исто така капитенот ја потенцира одличната атмосфера која владее во тимот, а за новајлиите вели дека одлично се вклопиле во новата средина. Велески истакна дека тимот е комплетен, а желбата за докажување која владее во таборот на прилепчани и добрата одбрана, ќе бидат клучни за прв триумф.