дома блог страница 1029

Ќе победи ли конечно РК Прилеп? “Рецептот” на Велески не збувна на плус 6

Ракометарите на РК Прилеп го претрпеа и петтиот пораз сезонава, откако на гостувањето во Скопје кај Бутел загубија со 27:21 (13:12 на полувремето).

Иако прилепчани одиграа солидно прво полувреме и после неколку водства на Бутел со 3 гола разлика, стигнуваа до егал или гол разлика, а во вториот дел се играше гол за гол се до последните 15 минути, кога на теренот играше само еден тим – РК Бутел.

Домаќините направија серија од 8:1 и го срушија сонот за бодови на прилепчани од овој дуел. Со ова Кузманоски им се реваншираше на своите сограѓани за поразот во првото коло, кога во Прилеп резултатот беше 28:27.

За потсетување, во пресрет на натпреварот капитенот Велески за “24 ракомет”, истакна дека за бодови во Бутел треба да се одигра натпревар без грешки, но неговиот “рецепт” донесе -6 наместо +6 на крајниот резултат од семафорот.

Речиси стандардно во редовите на РК Прилеп најдобри поединци беа Владан Кастратович и Квастек Томислав со по 5 погодоци, а Рајатовски постигна 4.

Прилеп има само 7 бода на табелата и иако се’ уште е почеток на сезоната, веќе е на минус 5 од местата кои носат во плеј-оф разигрувањето.

Во наредното коло РК Прилеп го пречекува Пролет.

Полицијата изврши претрес кај прилепчанец и пронајде пиштол за сигнализација

Фото/илустрација

На 20.10.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и други простории во Прилеп и во с.Славеј, каде живее и ги користи Д.Т.(32).

При претресот биле пронајдени и одземени оружје за сигнализација марка „Екол“ модел „Фират Магнум“ кал.9мм.

По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Фудбалскиот свет се поздрави со уште еден великан: Збогум Сер Боби Чарлтон!

Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина на 86-годишна возраст, пренесуваат англиските медиуми.

Во соопштението на неговото семејство, кое го пренесе Манчестер Јунајтед, се наведува дека Чарлтон починал опкружен со своето семејство.

Чарлтон беше најдобар стрелец за Јунајтед (249 гола) и Англија (49) повеќе од 40 години, додека Вејн Руни не го престигна.

Тој одигра 758 натпревари за Јунајтед од 1956 до 1973 година. Со Јунајтед освои три титули во англиската лига и еден ФА Куп.

Бајден одлучен: “Америка нема да дозволи победа на терористи како Хамас, ниту на тирани како Путин”

Американскиот претседател и се обрати на нацијата и побара од Конгресот уште 100 милијарди долари помош за Израел и Украина.

Бајден со остар тон ги поврза настаните на Блискиот Исток со војната во Украина, која трае речиси 20 месеци.

– Пред нас е пресвртница во историјата. Ова е еден од оние моменти во кои одлуките што ги носиме денес ќе ги обликуваат следните децении – рече американскиот претседател на почетокот на својот говор.

– Како претседател, за мене нема поголем приоритет од безбедноста на Американците кои се држат како заложници. Хамас е извор на зло. Хаосот може да се прошири и на други делови од светот, особено на Блискиот Исток.

– Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа: сакаат целосно да ги уништат соседните демократии. Знам дека овие конфликти изгледаат далеку – и природно е да се прашувате зошто тоа им е важно на Американците. Да се ​​осигураме дека Израел и Украина ќе успеат е од клучно значење за американската национална безбедност. Ако не ги запреме апетитите на Путин за моќ и контрола во Украина, тој нема да се ограничи само на Украина. Ние сме посилни од кога било досега. Америка сè уште е светилник за светот. Сепак, не можеме да дозволиме ситната партиска политика да застане на патот на нашата одговорност како голем народ. Америка нема да дозволи да победат терористи како Хамас и тирани како Путин.

Лавров: “Многу луѓе во Европа се веќе уморни од Украина”

Европјаните се обидуваат да се убедат себеси дека Украина наводно ќе победи на бојното поле. Многу луѓе во Европа се уморни од Украина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Русија 24“.

„Тие се убедуваат себеси дека Украина ќе победи на бојното поле и затоа мора да направат се за да се случи тоа. Ајде, ве молам. Ги знаеме нашите цели, знаеме дека се бориме за праведна кауза“, нагласи тој.

„Мислам дека многумина во Европа се уморни од Украина. По инерција, со самохипноза, тие сè уште се обидуваат да ја одржат оваа ситуација на површина“, рече Лавров.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не започнала никакви борбени операции, туку се обидува да ги прекине.

Победа конечно освои бод на гости

Во рамките на деветтото коло од Втората фудбалска лига, екипата на Победа попладнево гостуваше кај Кожув во Гевгелија, и успеа да го запише првиот бод на гости сезонава.

И покрај мноштвото шанси на двете страни, мрежите на двајцата голмани мируваа, па натпреварот заврши со непопуларни 0:0.

Победа е на деветтата позиција на табелата со освоени 12 бода. На врвот се Беса со 22, Детонит и Охрид со по 19 и Пелистер со 18 освоени бода.

Во наредното коло црвено-белите од Прилеп го пречекуваат Караорман.

Битолчанец ја натепал поранешната сопруга

На 20.10.2023 во 23:50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.М.(39) од Битола, поради тоа што околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 41-годишна поранешна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Прилепчанец паднал од електричен тротинет и со тешки повреди завршил во болница

На 20.10.2023 во 10.00 часот било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“во Прилеп, С.М.(50) од Прилеп кој управувал електричен тротинет паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Соседите ни станаа европски – Косоварите од 1-ви јануари без визи ќе патуваат во ЕУ

Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово.

– Визната либерализација за имателите на косовски пасоши ќе стапи на сила од 1 јануари 2024 година. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат како туристи во ЕУ без визи 90 дена во период од 180 дена, се наведува во одговорот за приштинскиот медиум.

Од таму, исто така, најавија дека персоналот на ЕУ во Косово учествува во информативни активности како дел од кампањата за визна либерализација.

– Ова е важен историски момент во односите меѓу ЕУ и Косово и важен чекор на патот на Косово кон ЕУ. ЕУ во Косово ја започна кампањата „Истражи ја Европа“ за да ги објасни придобивките од визната либерализација, но и одговорностите и ограничувањата. Персоналот на ЕУ во Косово, исто така, учествува во информативни активности во неколку градови низ Косово, како дел од владината кампања за визна либерализација, изјави за Калѕо портпаролката на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Јоана Лахана.

Прашањето за визите за Косово беше дел од дискусијата оваа недела поради изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот во Тирана.

Врз основа на преводот на изјавата на Макрон за време на неговата средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, медиумите во Косово објавија информација дека Франција ја суспендирала визната либерализација за косовските граѓани. Подоцна беше објавено дека преводот не бил соодветен и дека изјавата на Макрон била во смисла дека Приштина треба да ги одржи ветувањата во однос на договорите со Србија, како што Франција го одржала своето ветување за либерализацијата.

Прилеп загуби голем човек – бизнисмен, хуманист… Почивај во мир!

На 43-годишна возраст, како последица на повреди здобиени во сообраќајна несреќа во населбата Варош, вчера попладне животот го загуби сопственикот на “Авто Контрол”, Љупчо Перканоски.

Перканоски беше сопруг и татко на две деца, голем човек, хуманист и почитуван млад бизнисмен, не само во Прилеп, туку и во целата држава.

Со неговата упорност и трудољубивост, Перканоски успеа неговата автомеханичарска работилница да ја претвори во еден од најуспешните бизниси во Прилеп, но и во една од најдобрите македонски компании во оваа област

Заедно со неговаата сопруга Даниела, плодовите од својот успех несебично ги споделуваа со заедницата и направија од “Авто Контрол” една од најголемите општествено одговорни компании.

Донираа во образование, култура, медиуми, луѓе на кои им беше потребна помош.

Неговото прерано заминување го потресе целиот град и предизвика тага и негодување. Погребот ќе се одржи денеска на новите градски гробишта во Прилеп, во 15:30ч.