Мицкоски: Загарантирано вработување на 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија

Загарантирано вработување на 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија, државата да обезбеди редовен работен однос, ова го изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање.

-Да ги повториме нашите ветувања за 0 персонален данок за млади луѓе до 29 години, да се потсетиме на оние домови за млади брачни парови, да зборуваме за квалитетно високо образование и најмалку еден универзитет во првите 500тини според Шангајската ранг листа.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора многу да работиме на семејството како вредност.

Затоа е многу важно младите луѓе да си ги задржиме дома и да ги охрабруваме младите луѓе да создаваат семејства. Како идна Влада се ќе направиме младите луѓе своите семејства да ги формираат тука во Македонија и тие семејства да бидат што е можно повеќедетни, појасни Мицкоски.

https://fb.watch/nR3Zy35pV1/?mibextid=2JQ9oc




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.