дома блог страница 1027

(ФОТО) Разбиена криминална група во Битола: Уапсени 11 лица, пронајдена дрога, оружје, голема сума на пари

На 24.10.2023 во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

При тоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31)сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Параглајдерист од Полска удрил во карпа кај Трескавец – Итно пренесен во “Систина”

На 23.10.2023 во 19:05 часот во ПС Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот Трескавец, при удар во карпа се повредил параглајдеристот Р.Г.Т. (44) од Полска, на кого од лекар од Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата “Систина” – Скопје за понатамошно лекување – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

НОВИ ЦЕНИ: Од полноќ поскапуваат горивата!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 84,00 денари.

Најновиот македонски филм “Лена и Владимир” во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 25 октомври 2023 / среда/ од 19.30 часот во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан најновиот македонски филм „Лена и Владимир“. Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од киното ви вторник и среда, од 10 до 13 часот, и два часа пред почетокот на проекцијата.

Податоци за филмот:
Режија: Игор Алексов
улоги: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски
времетраење: 95′
земја: МАКЕДОНИЈА, Србија
жанр: Трилер, драма

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Конфекција има потреба од шивачки со работно искуство – пријавете се!

Поради зголемување на производните капацитети и обем на работа конфекција”MB” има потреба од:

– шивачки СО РАБОТНО ИСКУСТВО на права машина и оверлак и

-2 работници во производство

Пријавете се и ве очекуваме во колегијална и пријателска работна атмосфера. Повеќе информации нa телефонскиот број: 075 208 848

Го попрскал домот со бензин и се заканувал дека ќе ги запали неговата мајка, сопруга и децата

Вчера попладне во 14.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 40-годишниот А.Р. од Велес, извести МВР.

– Тој на 21.10.2023 околу 10.30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска се празнува Светиот Апостол Филип – Честит именден на сите славеници

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври. Денеска се празнува Свети апостол Филип.

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците.

Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн.

Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Важно соопштение од прилепските црковни храмови за престојниот празник Петковден

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на преподобната Петка (ПЕТКОВДЕН), во храмот св . Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и св. Петка во нас. Точила лебчиња ќе се креваат преку цел ден во четвртокот (26.10.2022) од 7:00 – 18.00., И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во петокот по завршувањето на Божествената Литургија.
Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Петка како закрилничка на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош.

Битолчанец со пушка му ја истепал живината и кучето на соседот

Денеска (23.10.2023) во 01.45 часот од полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола бил лишен од слобода А.Л.(69) од Битола, поради тоа што на 22.10.2023 околу 22.20 часот со огнено оружје усмртил куче и живина, сопственост на неговиот сосед.

Кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 29 ловечки патрони калибар 12 мм.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Брука! Возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат само ЕДНАШ дневно

Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, што значи дека патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола.

Железници на Република Македонија – Транспорт АД Скопје на нивната официјална страна без да наведат подетални информации соопштуваат дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.