дома блог страница 1022

13 ангелчиња во еден ден! 13 причини за среќа! Само во “Плодност” 13-ката е среќен број!

Само во “Плодност” 13-ка е среќен број! Среќната 13-ка денеска изгледа вака:

Објавен конкурс: Се бараат 150 војници, ова се условите

Министерството за одбрана (МО) денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите се следни, да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование, да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000 денари со дополнителни над 10.000 денари средства за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини односно по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected], до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Ново апсење во Прилеп: Кај двајца прилепчани пронајдена “бела прашкаста материја”

На 14.09.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.И.(36) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

(ВИДЕО) Во Прилеп денеска е БРАНКОВДЕН

Денес е еден од “најславните” датуми во историјата на Македонија, за жал граѓаните го паметат по најголемите лаги во историјата на независна Македонија.

Еве како тогашниот лидер на СДСМ, а подоцна и Претседател на државата, Бранко Црвенковски, со огромни ветувања ги убедуваше прилепчани и сите во државата дека од 15-ти септември нема да има ниту едно семејство без еден вработен.

Во позадина на сцената стои и поранешниот премиер на државата, Зоран Заев.

Собраните средства од хуманитарниот концерт во чест на Др. Лилјана Зероска, донирани во дневниот центар “Ѕуница”

Во организација на Др. Зероски и покровителство на “Лајонс клуб” од Прилеп и “Кафе Чоше”, на 31.08.2023г. во Прилеп се одржа крводарителска акција во спомен на Др. Лилјана Зероска, основач на трансфузиолошката служба во Прилеп.

Акцијата се одржа во соработка со Црвениот крст од градот под Марковите Кули, а свој придонес дадоја 30 крводарители, на кои потоа им беа врачени благодарници.

Во вечерните часови, се одржа и хуманитарен концерт кај Градскиот Саат, каде настапија младиот вокал Филип Николоски, младите таленти од музичкото училиште “Матрикс”, дуото Борче и Игор, како и Теди и Рубин и Ѓоко Ѓорчев.

Собраните средства од концертот сега пристигнаа до крајната дестинација, а тоа е центарот за деца со попреченост во “Ѕуница” во Прилеп.

Донацијата од 22.000 денари со сигурност ќе биде од помош на оваа институција, а организаторите на овој настан упатуваат благодарност до сите кои донираа и се надеваат дека истиот ќе премине во традиција под мотото: “Сите деца да бидат еднакви и среќни“.

Чудно! Арачиновец погоден од куршум на свадба

Жител на Арачиново синоќа завршил на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со прострелна рана, информираат од МВР.

Според информациите, полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во скопско.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пред 23 години во Македонија гостуваа Буфон, Турам, Канаваро, Аморосо, Ди Вајо, а играа против прилепска Победа

14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање.

Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија.

Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво Милошевиќ, Жуниор и Марко Ди Вајо.

Оваа ѕвездена екипа против себе го имаше тимот кој на Прилеп му го донесе првиот трофеј во натпреварувачката 2000/2001 година освојувајќи го Купот на Македонија.

Во редовите на црвено-белите тогаш беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Жилсон, Раде Каранфиловски, Панче Ристовски, Тони Наумоски, Николче Здравески, Дарко Диниќ, Сашко Крстев, Тони Мегленски, Горанчо Тодоровски и Влатко Стојчевски.

Натпреварот кој тогаш се одигра на Градски стадион во Скопје пред 9.500 публика, заврши со триумф на Италијанците од 0:2.

Стрелци на головите беа: Серџо Консисао во 23-та минута и Марко Ди Вајо во 74-та.

Од Парма минатата година потсетија на натпреварот со Победа преку објава на социјалните мрежи.

Прилеп: Го пушташ детето на училиште, не знаеш дали ќе се врати живо? МВР спие?

Денеска, околу пладне, стравична, невидено-опасна глетка во непосредна близина на едно СОУ во Прилеп. #Чопор од дури ДВАЕСЕТИНА насилници, нема да ги наречам ученици, оти според однесувањето – далеку се од ученици, КРВНИЧКИ нападнаа свој врсник на враќање од училиште – објави на својот ФБ профил, новинарката Каролина Дурло.

Фејсбук статусот на дописничката за “АЛФА ТВ” од Прилеп, го пренесуваме во целост во продолжение:

-Доколку, со викање и закани дека ќе бидат пријавени, не реагираа луѓе кои случајно се најдоа на местото и насилниците не се разбегаа, не сакам ни да претпоставам што се’ можеше да се случи, бидејќи ова не било првпат ученикот – жртва да биде напаѓан од насилната група. Случајот е пријавен и во училиштето, каде, како што дознавме, биле запознати, бидејќи и мајката на ученикот-жртва, претходно веќе реагирала, а информиран беше и полицискиот службеник кој патролира во близина на училиштето.

Ученикот-жртва, преплашен, рече дека не знае кои биле насилниците, но за да се заштити, со себе, во ранецот носел два кујнски ножа, кои му беа одземени од страна на полицискиот службеник. Од разговор со други ученици во училиштето дознавме дека ученикот-жртва било мирно и повлечено дете, а додека насилната група постојано провоцирала и други деца!

Што се случува со младиве генерации, кога ли ги испуштивме до толку за да бидат преполни со гнев и насилно однесување⁉ Ова е ужас, ова е хорор кој бара ИТНО ИНСТИТУЦИОНАЛНО ТРЕТИРАЊЕ, доколку не сакаме да фати уште подлабок корен кој може да резултира со фатални последици по животите на овие млади луѓе – пишува новинарката Дурло.

Јовчески прв дотрчал и му пружил помош на претепаниот редар – Прилеп е најнебезбеден град!

Maркукуле објави дека попладнево околу 13 часот, засега непознато лице, откако се паркирал со своето возило на паркингот позади општинската зграда во Прилеп, го претепал паркинг редарот, вработен во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Лицето чиј идентитен полицијата ќе треба да го утврди, најпрво со своето возило се паркирал, а откако од лицето задолжено за наплата му било побарано уредно да плати, го нападнал со боксови и клоци, по што со своето возило побегнал во непознат правец.

Според нашите сознанија, на паркинг редарот му се дијагностицирани сршеници во пределот на градниот кош и фрактура на главата.

Очевидци на целиот настан информираат дека прв го дотрчал да му помогне на повредениот бил градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Првиот човек на општината, во целата ситуација постапил воден од лекарскиот инстинкт, па откако забележал дека лицето беспомошно лежи на земја, веднаш се обидел да му пружи прва помош и да спречи човекот да го голтне јазикот.

Веднаш потоа пристигнало возило на брзата помош, а полицијата извршила увид и разговарала со очевидци.

Граѓаните се самоорганизираат: “СТОП ЗА ТРУЕЊЕТО” најавен голем протест во сабота во Прилеп

Веќе извесен период, прилепчани се жалат на социјалните мрежи, дека од непознат извор се шири непријатна миризба, која наликува на изгорена пластика, или друг вид на хемикалија.

Никој се уште точно не знае од каде доаѓа миризбата, ниту надлежните, ниту граѓаните, иако сите се сомневаат.

Откако вчера медиумите ја проширија веста, граѓаните почнаа да се самоорганизираат, па така за сабота 16.09.2023, од 11-12 часот, на ул. “Александар Македонски”, кај раскрсницата пред фабриката “Младост”, ќе се одржи протест.

На флаерите кои се појавија низ градот не стои името на организаторот на овој протест, а повикани се сите граѓани да се придружат.