дома блог страница 1023

Граѓаните се самоорганизираат: “СТОП ЗА ТРУЕЊЕТО” најавен голем протест во сабота во Прилеп

Веќе извесен период, прилепчани се жалат на социјалните мрежи, дека од непознат извор се шири непријатна миризба, која наликува на изгорена пластика, или друг вид на хемикалија.

Никој се уште точно не знае од каде доаѓа миризбата, ниту надлежните, ниту граѓаните, иако сите се сомневаат.

Откако вчера медиумите ја проширија веста, граѓаните почнаа да се самоорганизираат, па така за сабота 16.09.2023, од 11-12 часот, на ул. “Александар Македонски”, кај раскрсницата пред фабриката “Младост”, ќе се одржи протест.

На флаерите кои се појавија низ градот не стои името на организаторот на овој протест, а повикани се сите граѓани да се придружат.

Со симболично минирање на трасата, почнаа градежните работи за изградба на автопатот Прилеп-Битола

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод интензивирањето на градежните работи за изведба на автопатот Прилеп – Битола, при што се изврши минирање. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и оперативниот директор на „Бехтел“, Џош Бејкер.

„Со изведбата на овој патен правец ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови модерни автопатишта во нашата држава. Како што знае јавноста, а знаат и граѓаните, во полн ек се изведуваат градежните работи на патните правци Градско – Прилеп, каде што пред само неколку дена имавме можност да го видиме пробивањето и на вториот тунел на Фаришка Клисура. Исто така, се одвиваат работите и на патниот правец што води кон Фаришка Клисура, што значи дека со завршувањето на сите овие патни правци, ќе имаме комплетно автопатско решение од Коридорот 10, исклучување кон Прилеп, Битола и патот кон Меџитлија кон грчката граница“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на настанот додавајќи дека овие зафати на граѓаните од овој регион им биле ветувани со децении, но досега не биле реализирани.

„Ние докажавме дека она што го зборуваме и го правиме. Ние не сме Влада што прави стиропори, која прави жални врби во реката Вардар, туку сме Влада што инвестира во капитални проекти, кои ќе останат за генерации наши граѓани да може да имаат подобра патна инфраструктура.

Сите овие градежни работи претставуваат најголема инфраструктура и патна инвестиција во нашата држава. Се работи за инвестиција само на коридорот 8 и 10 д од 1,3 милијарда евра, меѓутоа и другите патни правци што ги поврзуваат. На пример, овој патен правец имаат исклучително висока вредност, може да зборуваме за капитални инвестиции од над 2 милијарди евра во модерна патна инфраструктура“, рече премиерот Ковачевски.

Притоа премиерот Ковачевски истакна дека во моментот во тек се саеми за работа на коридорите 8 и 10 д, а за кои најави дека ќе се организираат насекаде во државава.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на настанот, истакна дека градежните активности на терен добиваат своја динамика.

„Денеска, ова минирање подразбира дел од вкупниот процес за изградба на оваа патна врска меѓу Прилеп и Битола и сакам веднаш да потенцирам дека активностите се реализираат и побргу од очекувањето и планираната динамика.

Тоа е така затоа што имаме реномиран и искусен изведувач, затоа што сите институции што сме инволвирани во изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д покажуваме подготвеност да одговориме брзо и ефикасно на сите постапки и процедури за реализација на овој крупен проект. На граѓаните од Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Ресен им е потребен овој автопат.

Да го тргнеме настрана скептицизмот, на Пелагонискиот Регион му треба нов автопат, нови инвестиции, а изградбата на овој автопат е одговор на сите барања на граѓаните од овој регион“, потенцира министерот Бочварски.

На настанот се обрати и вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер.

„Регионалното поврзување и добрата инфраструктура се исклучително важни. Тие се една од нашите цели и знам дека се цел и на Владата на Северна Македонија. Во овој конкретен дел поврзувањето на градовите Битола и Прилеп со модерен и безбеден автопат е исклучително важно. Подобрувањето на патната инфраструктура во Северна Македонија е исто така клучно за економскиот развој. Модерната патна мрежа не само што ќе ја подобри поврзаноста, не само што ќе овозможи движење на луѓето и економијата, туку и ќе привлече инвестиции во Северна Македонија. Овие регионални интеграциски напори ќе ги зајакнат релациите меѓу соседите. Успешната имплементација на овие проекти носи бенефити не само за Северна Македонија туку и ќе се креираат работни места“, истакна вршителот на должност амбасадор на САД во Република Македонија, Ерик Мејер, изразувајќи благодарност на Владата и на „Бехтел и Енка“ за посветеноста во реализацијата на проектот.

„Сите заедно со денешното минирање и почетокот на изградбата на пристапните патишта сме дел од испишувањето нова историја во патната инфраструктура. На сите траси непречено се одвиваат и геомеханичките испитувања, а до проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа – Струга – Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а се очекуваат и елаборатите и за Прилеп – Битола“, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на денешниот настан.

Плаќај народе! Од полноќ ново значително поскапување на горивата

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ не се менуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС и тие и понатаму остануваат 90,5 денари за литар, односно 47,304 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,795 отсто, кај дизелот за 4,08, кај екстра лесното масло за 3,408 и кај мазутот за околу 0,562 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,475 отсто.

Среде бел ден го претепал редарот на паркингот позади општина, бидејќи му побарал да плати

Maркукуле дознава дека попладнево околу 13 часот, засега непознато лице, откако се паркирал со своето возило на паркингот позади општинската зграда во Прилеп, го претепал паркинг редарот, вработен во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Лицето чиј идентитен полицијата ќе треба да го утврди, најпрво со своето возило се паркирал, а откако од лицето задолжено за наплата му било побарано уредно да плати, го нападнал со боксови и клоци, по што со своето возило побегнал во непознат правец.

Вработениот во ЈП за ПУП од ударите се здобил со повреди по лицето и телото, при што со возило на брзата помош бил однесен за укажување лекарска помош во прилепската болница.

Полицијата извршила увид на лице место и разговарале со очевидци.

17-годишник од Битола со мопед удрил во 62-годишен сограѓанин

На 13.09.2023 во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Што гепек ќе беше? Во автомобилот му пронашле 387 штеки со цигари (ФОТО)

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Битола е патриотски град! Тоа што синоќа се случуваше пред Офицерски не може да се опише, мора да се доживее (Фото галерија)

Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.

Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.

Во еден ден 101 казнет возач на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (13.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 101 возачи, меѓу кои 69 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 7 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

(ВИДЕО) Не можеше да ги задржи солзите! Илјадници го пречекаа Ноле во Белград, а тој не можеше да престане да плаче

Србија изминатиот викенд по којзнае кој пат му покажа на светот дека е спортска веле сила. Во еден ден играа финале на Светско првенство во кошарка, осминафинале во одбојка, а Новак Ѓоковиќ играше финале на УС Опен.

Кошаркарската репрезентација иако без Никола Јокиќ, стигна до финалето на мундо баскетот, каде загуби од Германија, иако малку недостигаше да стигнат до шампионскиот пехар.

Одбојкарите се пласираа во четвртфинале на Европското првенство, а Ноле стигна до 24 рекордна Гренд Слем титула. Плус фудбалерите триумфираа на гостувањето во Литванија… и сето тоа во еден ден.

Следуваше громогласен дочек во Белград, каде освен кошаркарите, илјадниците присутни го поздравија и најдобриот тенисер на сите времиња, човекот кој не запира и е желен за уште, дури и на 37 годишна возраст.

Ноле едноставно не можеше да ги задржи солзите кога ги слушна громогласните овации од преполниот плоштад:

(Фото галерија) Блеска од убавина – Завршен фрескоживописот на манастирот од Тоше во Крушево, а еве кога е осветувањето

Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – стои во соопштението од Митрополијата крушевска и демирхисарска.